- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 4.114
- Поени од реакции
- 6.606
- Возраст
- 46
Бивањето посебни е полово неутрално.
Неможноста за дистинкција е полово неутрална.
Неуспесите на љубовен план се полово неутрални.
Успесите на љубовен план се полово неутрални.
Сè е тоа составен дел од животот.
А Ничеовото одмаралиште за војникот...хм, можеби и го мисинтерпретирав значењето на тоа што беше кажано. На крајот од денот, во целиот тој хаос од преживување или трагањето за што поголемо себереализирање, имањето 'место' за мир и спокој на душата е она нешто по кое би копнеело секое живо суштество.
Не е место за мир и спокој, едноставна е симболиката за "одморот" или "пристаништето", тоа е телесното задоволство кое војникот, (или морнарот) го бара после битката или авантурата, едноставно проститутка која ќе рашири нозе за секс платен од страна на војникот (или морнарот). Во минатото војските биле пратени во чекор од армија проститутки, некои војски се задоволувале со масовно силување а сонот на секој морнар било сигурно стигнување до пристаниште и до најблискиот бордел.