Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    758
Се ми е ова јасно, но сепак треба да се има малку во лејката пред да се нафати на таков потег, околу Куба и Кастро доволно знам и потполно ми е јасно пред револуцијата што било и како било, но политиката на Кастро ја врати земјата во среден век, дали била добра или лоша тоа може да дискутираме, дали имал добра намера и тоа може да дискутираме, но резултатот е катастрофален по Куба и Кубанците кога на 100км се курчиш на светска сила... све у свему лоша математика е на крајот на денот.
Релативни се работите друже. Ајде спореди ја Куба со државите од регионот, и кажи ми дека им е полошо?
Најпосле, замисли ја ситуацијата пред револуцијата. Корлеоне и другите мафијаши биле газди на државата, правеле што сакаат, проституција цветала, криминал, убиства. Како да не се обидат да направат нешто од себе?

Најпосле, запамти дека САД направила непријатели од Куба а не обратно.
 
И Украинците ја имаа истата приказна. Да не дозволиме руските мафијаши да ни ги контролираат стратешките ресурси. Па сега се во безумна паника.
 
И Украинците ја имаа истата приказна. Да не дозволиме руските мафијаши да ни ги контролираат стратешките ресурси.
Се смени нешто?

Па сега се во безумна паника.
Очигледно не... Истите олигарси се на власт во Украина и сега, само сега работат за САД наместо за Русија.

Куба е приказна за успех, споредено со Украина.
Eден документарец отварач за очи (нема врска со политика), на делот со Куба мислам не општо за америчкиот здравствен систем (што е тема на документарецот). Авторот после опишување на проблемите со здравството во САД оди во Куба и прави споредба со нивниот систем за здравство.
Автоматски споено мислење:

Доволно е само да се договорат за гасоводите и ќе прекине све.
Нема да се договорат ништо. Целта на Америте е наштетување на Русија по секоја цена, а тоа инволвира откачување на ЕУ како клиент на енергија од Русија, што економски е самоубиство за ЕУ ама ете гледаме дека логиката не е одлучувачкот фактор (гледаш што се случува со цената на струјата, гасот, горивата, во цела Европа).
 
Последно уредено:
Релативни се работите друже. Ајде спореди ја Куба со државите од регионот, и кажи ми дека им е полошо?
Најпосле, замисли ја ситуацијата пред револуцијата. Корлеоне и другите мафијаши биле газди на државата, правеле што сакаат, проституција цветала, криминал, убиства. Како да не се обидат да направат нешто од себе?

Најпосле, запамти дека САД направила непријатели од Куба а не обратно.
Бахами, Барбадос, Белизе, Кајмански острови...да не ја споменувам Канада тоа е друга прича, едноставно со една од најдобрата географска местоположба и да прчат курац само од туризмот, истите тераат комунистичка политика каде што прилично добро живее само владеачката елита, а останатите со рестрикции на струја у 21 век и превозни средства од 50-ти години од минаатиот век.
 
И на крај пак посреќно живат од повеќето луѓе на планетава... Ајде другар, погледај независни документарци за Куба и потоа да зборуваме.
 
И на крај пак посреќно живат од повеќето луѓе на планетава... Ајде другар, погледај независни документарци за Куба и потоа да зборуваме.
Среќа е релативна ствар, не се мери со материјално богатство, некој е среќен и со точак, некој со не знам какво бмв, рецимо у Северна Кореа исто така се среќни, знаат дека го победиле Бразил и дека се најдобра држава и општество на планетава... среќа зависи од повеќе околности.
 
Во право си за ова, некому е доволно само шајкача да стави на глава за среќа.
 
И на крај пак посреќно живат од повеќето луѓе на планетава... Ајде другар, погледај независни документарци за Куба и потоа да зборуваме.

Што не одиш да живееш во Куба тогаш ? Многу лесно од страна вака кажувате дека живееле посреќно од повеќето други луѓе на планетава, иако можеби под други ги ставате оние од Сирија, Сомалија, Ирак и слични вукојебини да во споредба со нив подобро живеат.
 
Среќа е релативна ствар, не се мери со материјално богатство, некој е среќен и со точак, некој со не знам какво бмв, рецимо у Северна Кореа исто така се среќни, знаат дека го победиле Бразил и дека се најдобра држава и општество на планетава... среќа зависи од повеќе околности.
Реално, спореди го животот на обичниот човек во Куба со животот на луѓето во споредлива величина или поголеми држави од средна и јужна Америка (посебно таму каде САД ги влечат конците). Ма спореди го со животот на Украинците, дури и пред државниот удар во 2014.

По сеедно кои метрики гледано, Кубанците не живеат лошо. Основни животни трошкови мали, имаат дружење, седење по кафеа, добро здравство, нема криминал ни блиску колку во „развиените“ држави... Па што ако возат стари Бјуици? :)

Што не одиш да живееш во Куба тогаш ? Многу лесно од страна вака кажувате дека живееле посреќно од повеќето други луѓе на планетава, иако можеби под други ги ставате оние од Сирија, Сомалија, Ирак и слични вукојебини да во споредба со нив подобро живеат.
Спомнуваш баш држави кои САД ги направија вукојебини. Интересно што пробаа и со Куба, ама не успејаа... Инаку ти што не одиш во САД да живееш, вака по твојата сопствена „логика“?
 
Спомнуваш баш држави кои САД ги направија вукојебини. Интересно што пробаа и со Куба, ама не успејаа... Инаку ти што не одиш во САД да живееш, вака по твојата сопствена „логика“?

Штетната Американска (воена) политика јас не ја оправдувам, ама смешно ми е кога се величи Куба демек добро здравство бесплатно се супер за живот е. Ако навистина беше така верувам многу луѓе ќе одеа таму, ќе се женеа за Кубанки и ќе останеа да живеат благосостојба а не да „робуваат“ во капиталистички држави.

Јас не одам оти сметам дека дури и тука подобро се живее од Куба, само туристички може таму..
 
Како што рече @pixa некои работи се релативни.
Но некои не се. Некои работи можат да се споредат во однос на факти, статистики. Како на пример животни трошкови според локалниот стандард, како на пример статистики за ментални болести и самоубиства, бездомништво, должина на животен век... Сите овие може да се земат и како метрика за среќа/несреќа, и според сите такви статистики во Куба подобро се живее отколку во САД, Украина (за која дискутираме и помалку одиме во офтопик), па извесно и од овде кај нас.

Нормално општо зборувам, не знам ти лично како живееш. Искрено ни јас не можам да се пожалам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom