Најубавите стихови во Библијата

  • Креатор на темата Креатор на темата spiros
  • Време на започнување Време на започнување
„По нивните плодови ќе ги познаете. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка?“
- Матеј, еден од побитните христијански апостоли
 
1 Во почеток беше Словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог. 2 Тоа беше во почетокот во Бога. 3 Сè стана преку Него, и ништо, што стана, не стана без Него. 4 Во Него беше живот и животот им беше светлина на луѓето. 5 И светлината свети во темнина, и темнината не ја опфати.
 
Дојдете кај мене сите уморни и обременети, и јас ќе ве одморам. Земете го јаремот мој на себе, учете се од мене, зашто јас сум кроток и понизен по срце, и ќе најдете одмор на душите свои. Зашто јаремот мој е сладок, а бремето мое e лесно.

Матеј 11: 28-30
 
Последно уредено:
Трета книга Ездра 1

27. Вие како да не Ме оставивте Мене, туку се оставивте себеси»», вели Господ.
 
„Стани, Господи, за да не се засили човекот; народите нека примаат суд пред Тебе.
Заплаши ги, Господи, за да разберат незнабошците дека се само луѓе.“
- Псалм 9:19-20
 
Откровение 2

2. ги знам делата твои, трудот твој и трпението твое, и дека не можеш да ги трпиш лошите; знам дека си ги испитал оние што себеси се наречуваат апостоли, а не се, и дека си нашол оти се лажци;
3. дека си претрпел и дека имаш трпение, дека си се трудел за името Мое и дека не си се уморил.
4. Но сум против тебе, зашто ја остави својата прва љубов.
 
„По нивните плодови ќе ги познаете. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка?“
- Матеј, еден од побитните христијански апостоли

167c3bc57c632bd458e87e76df488f53.gif
 
(Кол 2.8) - Браќа, пазете некој да не ве заведе со филозофија и со празна измама според човечкото предание, според стихиите на светот, а не по Христа.
 
Духот е тој што оживува,телото ништо не помага. Зборовите што ви ги кажав се дух и живот. (Јов. 6.63)
 
Матеј 6:
5. ,,А кога се молите, не постапувајте како лицемерите, кои сакаат да бидат забележани од другите кога се молат по синагогите и по плоштадите. Ве уверувам дека друга награда за нив ќе нема!
6. А ти, кога ќе се молиш, влези во својата соба, затвори ја вратата и помоли Му се на твојот невидлив небесен Татко, Кој го гледа тоа што е тајно и ќе те награди јавно.
7. Кога се молите, не редете празни зборови, како што тоа го прават оние што не Го познаваат Бога, мислејќи дека ќе бидат услишани поради својата речовитост.
 
Книга Мудрост Соломонова

13. Бог не ја создал смртта и не ѝ се радува на пропаста на живите;
 
Прва книга Мојсеева

19. И си рекоа помеѓу себе: „Ене оној што сонува, иде.
20. Ајде сега да го убиеме и да го фрлиме во некоја од овие јами, па ќе речеме – лута ѕверка го изеде. Тогаш ќе видиме што ќе стане од неговите соништа.”
 
„Блажен е човекот, кој се здобил со мудрост, и човек, што спечалил разум;
подобро е да ја добиеме неа, отколку ризници со сребро и злато;
таа е поскапа и од скапоцени камења; ни едно зло не може да ѝ се спротивстави; таа им е добро позната на сите, што се приближуваат кон неа, ништо, па и сè што ти е мило, не може да се спореди со неа. “
- Соломонови Изреки, хебрејски мудрости
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom