Најпрво, Среќна Нова Година на сите!
Гледам дека се расправа за тоа што всушност значи средна класа па еве подетално што јас подразбирам под средна класа, во случај на помлад пар со две деца што е некој репер за пресметиките за средна класа.
Стан/куќа минимум 20м2 по особа (3 спални, кујна, трпезарија, дневена и бања) загреани 24/7 на најмалку 20 степени во зимскиот период со ОК покуќнина (Икеа и слични). 20м2 го зборуваат за некој законски минимум по особа во Германија. Така на пример за нашите кои сакаат да повлечат си ја фамилијата, ова во стартот е најголемиот трошок, бидеќи мора да изнајмат поголеми станови. Не можело 4 лица да бидат пријавени во стан од 40м2.
Возило не постаро од 10 години од средна класа на градски возила или компакти. Значи Поло, Голф и слични, никако BMW.
Облека до средна класа. Ова е најтешкиот дел за дефинирање. Во просек ова би било Zara, Mango, Uniqlo, Calvin Klein, Ted Baker до можеби Hugo Boss на распродажба, outlet и сл. Иначе не се бунете, цените по кои ги продаваат овие брендови во МК дури и на распродажба немаат врска со реалноста.
Храна е исто така тешка за дефинирање, посебно што скоро сите јадат исто, но еве да земеме некоја средна цена во Kaufland.
Одмор, вообичаените пакети овде се 7, 10 или14 дена, all-inclusive, најчесто во хотели помеѓу 3-5 ѕвезди и на локации од Турција, Египет, Шпанија, Канарски Острови, Доменикана и сл. Мислам дека на зимовање одат само мал број на луѓе и може да се смета за луксуз.
Нормално, сите останати тековни трошоци подмирени, сметки, осигурурување, дизел и сл.
Иначе за тоа дека првата генерација тешко поминува, не мора да значи. Познавам луѓе кои во 10 години, отвориле фирми и ги решиле сите егзистенцијални проблеми, и кои живеат не само живот на средна класа туку и многу подобар, но ова се мал број на луѓе можеби до 5%. А има и шваби кои едноставно не сакаат да работат за минимална плата или малку повисока, туку многу подобро им е да бидат на социјална помош и воопшто да не се замараат.