Колку примања се потребни во Македонија за да една фамилија има пристоен живот

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.623
Поени од реакции
26.136
Види сфати ме како сакаш.
Бев студент во Скопје во најлошиот финансиски момент за моите родители. Живеев Скопје со 1000 денари месечно, во Охрид се враќав и пречекував празен фрижидер. Од мои 15 години работев преку лето. Ако некој во дискусијава знае што значи да се нема, верувај дека тоа сум јас.

Еве да пробам пак да објаснам од каде е приходот на рестораните во Шведска. Прво, има голем број ресторани кои работат само за ручек, од 11-2. Има голема култура на одење на ручек во ваквите ресторани. Менито е ограничено и е од прилика 100 круни. 100 круни за шведски стандард ти се исто како 100 денари во Мк, значи ова не го ни рачунам како одење во ресторан.
Второ,мали ресторанчиња кои опслужуваат воглавном преку достава или со мал капацитет за седење, еве тука трошокот и нека е 200 круни, мада најчесто е и помалце. И ова се користи многу.Јадењето во овие два типа локали не се ни рачуна како одење во ресторан, исто како шо во МК и јадењето од пекара не се рачуна како јадење надвор.
Трето се рестораните, тука зборувам за баш ресторан, да седнеш со келнер, со винска карта,за викенди со резервација итн. Еквивалент на одење во кафана во МК. Ова кошта 1000 круни за двајца, од прилика. Со по една чаша вино. Во просечен ресторан. Не викам дека не се оди во вакви места, но дека се оди еднаш неделно, мало морген.

Ете ваљда сеа ќе ти излезе математикта со рестораните.
ОК бе Емке, претпоставувам дека повеќето луѓево не мислат во ексклузивни ресторани да одат, туку по кафанчиња, баш како што ги збориш. Уште ли мислиш дека многу бараат :)
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205

Хе хе, македонец идење во Фонтана на чорба исто не го есапи за излагање во ресторан!
Етно село, Пуже, Македонска куќа, Фенери може да се брои.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.623
Поени од реакции
26.136
Хе хе, македонец идење во Фонтана на чорба исто не го есапи за излагање во ресторан!
Етно село, Пуже, Македонска куќа, Фенери може да се брои.
Јас само шумски фенери го есапам, другите ми се сендвичари :)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.696
Поени од реакции
35.087
2500 evra mesecno tuka?
Ne svalerka, uste edna zena ke zemam. So se dete komplet :D
Автоматски споено мислење:

Luksuzen model :свиркам:
За во Ротино, и одмор до Претор, ќе можеш да ги прехраниш и пола Баир :D
П.С колата ти ја дадов како пример за да не те сети жената, и така не разбираат ништо од механика :D ќе менуваш потисна плоча секој втор месец :D
Автоматски споено мислење:

Секој според капацитетите за заработка

е арно, сега види број на туристи и од кај идат, и колку пари оставаат во тие локали

За моја жал, ич не мизерувам.
Има и за кафани, барови, стриптиз барови, одмори по хотели едно 5 пати годишно, инвестиции во иднината, 3 пензиски фонда, черити донации...
Оти жал? Па ти се пожали две страни поназад како и во Англија не може да се приушти таков живот, а сега викаш дека и 5 одмори годишно, и инвестициски фондови, па дури и за сиротиње :O

Смени улога, не сме ти роднините да бараме да не земеш таму, рандом ликови за лаф муабет ;)
Автоматски споено мислење:

Види сфати ме како сакаш.
Бев студент во Скопје во најлошиот финансиски момент за моите родители. Живеев Скопје со 1000 денари месечно, во Охрид се враќав и пречекував празен фрижидер. Од мои 15 години работев преку лето. Ако некој во дискусијава знае што значи да се нема, верувај дека тоа сум јас.

Еве да пробам пак да објаснам од каде е приходот на рестораните во Шведска. Прво, има голем број ресторани кои работат само за ручек, од 11-2. Има голема култура на одење на ручек во ваквите ресторани. Менито е ограничено и е од прилика 100 круни. 100 круни за шведски стандард ти се исто како 100 денари во Мк, значи ова не го ни рачунам како одење во ресторан.
Второ,мали ресторанчиња кои опслужуваат воглавном преку достава или со мал капацитет за седење, еве тука трошокот и нека е 200 круни, мада најчесто е и помалце. И ова се користи многу.Јадењето во овие два типа локали не се ни рачуна како одење во ресторан, исто како шо во МК и јадењето од пекара не се рачуна како јадење надвор.
Трето се рестораните, тука зборувам за баш ресторан, да седнеш со келнер, со винска карта,за викенди со резервација итн. Еквивалент на одење во кафана во МК. Ова кошта 1000 круни за двајца, од прилика. Со по една чаша вино. Во просечен ресторан. Не викам дека не се оди во вакви места, но дека се оди еднаш неделно, мало морген.

Ете ваљда сеа ќе ти излезе математикта со рестораните.
Се закачивте за џабе, тоа е ставено како виш лист што треба за да се каже дека си реална средна класа, и ако ги примети цените е за просечен оброк, а не за луксуз. 4ца со 50 евра во мкд ќе јадат нормален ручек, некоја плескавица или некое ребро, по една-две пијачки, рандом благо, голема салата. Бифтеците ни е жал да ги трошиме тука, сакаме да останат повеќе за Англија и Скандинавија :)

Инаку и таму има такви што може да си приуштат ресторани, и секаде, ама како што пишав претходно, ретко кое прво колено миграција ќе проживее богато. Имам многу роднини низ Европските земји, дел од нив се мигрирани како бегалци и спиеле по клупите додека да се најдат, ниту еден од нив не живее wow, ама затоа на нивните деца речиси и да не им остана локација што не им е посетена.
 
Последно уредено:
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Офтоп, дури и не знам дали е 100% точно, ама во Јапонија во ресторан немало ценовник!
Ако не ти е фул картичката проаѓај не влегувај!
Ние тука за 50 до 100 евра цех научен труд напишавме.
 
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.092
Поени од реакции
2.146
Еден прост пример.
Другар и јас заедно работевме овде пред неколку години, тој замина Белгија да работи на црно, калфа нешто, молерај такви работи.

Во десет години и куќа направи овде, огромна, и зеде стан таму, основа семејство, и пие и пуши човекот а и пола Европа ја прошета.

Јас во истите години успеав да купам кола на старо и да средам дневна, кујна и купатило одвај, на кредит.

Дојде пред две лета на одмор, не се видовме, пошо работев по минимум 12 саати, исто како него во Европа.

Таа е разликата, и се нервирам кога ќе речат дека македонецот не работи, туку сњ коцкал и дремел по кафани, а знаеме кој се тие кои одат секој ден по кафани.
Нормалниот рмба за минималец кој не покрива основни трошоци.

И дипломата не е никаков гарант за висока плата, имам другари со економски, правен, туристички, осигурување, царина факултетски дипломи кои работат во фабрики.

И не се затрчувајте да ме цитирате дека погрешиле факултет.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.636
Поени од реакции
8.527

Мора да признаеш дека има и овде некои што боље живеат и од другар ти у Белгија....поентата што ми е, секоја ситуација за некого е благослов а за некого казна. Пример ќе земам 2001, беше војна а знам неколку што на овој или оној начин, морално инфериорен нели, заработиле пари додека други гинеа за Македонија.
Клучен момент во приказнава е склоност кон таа морална супериорност, и ако постои што е тоа, и како кој ја разбира, како и колку е апсолутна категорија.
Ти на пример си жртва на тие учења од дома на таа морална супериорност, она што е најчудно е што ни ти ни татко ти и мајка ти, како и цело општество(градинки, школи и т.н) што те учеле на тоа не сте сега морално супериорни. Обично човек почиња да го разбира ова после 35 год. од животот.
 
Секоја дискусијата е позитивна, убаво е кога се разменуваат мислења.

Но, јас не зборував за искучок, зборував за мнозинството кај нив, интересно е што нивното нормално е нашето ненормално и обратно.
Ако таму од 10 луѓе со нормално работење, образование 8 можат да си приуштат нормални услови за живот, кај нас е 2 од 10.

Цела поента ми беше дека луѓето не се криви како што некој сака да ги претстави, крив е системот кој попушта од сите страни.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.601
Поени од реакции
62.702
Наједноставно гледање на нештата е што ретко кој што отишол да работи надвор, се враќа тука кај нас, дека нели, исто било и исти пари останувале. Секој со својата среќа, ама дека е исто, не е, 100%. Почни прво од финансиски причини, па социјални итн.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.636
Поени од реакции
8.527
Секоја дискусијата е позитивна, убаво е кога се разменуваат мислења.

Но, јас не зборував за искучок, зборував за мнозинството кај нив, интересно е што нивното нормално е нашето ненормално и обратно.
Ако таму од 10 луѓе со нормално работење, образование 8 можат да си приуштат нормални услови за живот, кај нас е 2 од 10.

Цела поента ми беше дека луѓето не се криви како што некој сака да ги претстави, крив е системот кој попушта од сите страни.
Системот е зло, не се крсти у него. Тоа што си се родил тука си има свои добри и лоши страни, лоша страна е што 8 од 10 со образование немаат нормален живот, затоа има други позитивни страни. У глобала не би можел да споредуваш ама тоа не те амнестира за твојата агонија. Уствари твојата агонија е твој производ секогаш, од која страна и да гледаш.
Improvise, adapt, overcome....а од друга страна никад не е добро даа бидеш нормален :D
 
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.092
Поени од реакции
2.146
Системот е зло, не се крсти у него. Тоа што си се родил тука си има свои добри и лоши страни, лоша страна е што 8 од 10 со образование немаат нормален живот, затоа има други позитивни страни. У глобала не би можел да споредуваш ама тоа не те амнестира за твојата агонија. Уствари твојата агонија е твој производ секогаш, од која страна и да гледаш.
Improvise, adapt, overcome....а од друга страна никад не е добро даа бидеш нормален :D
Во ред е тоа разбирам.
Ама ќе се избориш за тебе, еве и за твоите, ама како ќе уживаш ако фамилијата, пријателите ти патат, мораш со некого да ја поделиш среќата и животот, што живот е тоа ако имаш а другите околу тебе немаат.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.636
Поени од реакции
8.527
Во ред е тоа разбирам.
Ама ќе се избориш за тебе, еве и за твоите, ама како ќе уживаш ако фамилијата, пријателите ти патат, мораш со некого да ја поделиш среќата и животот, што живот е тоа ако имаш а другите околу тебе немаат.
Не можеш да уживаш никако од таа гледна точка...ако си германец да речеме како ќе уживаш ако ти, пријателите и твојата фамилија имате а деца у Африка умираат за леб. Како ќе уживаш кога на сметка на твоето уживање други патат, како ќе уживаш кога дедо ти убивал евреи како муви?
Како ќе уживаш ти како германец кога тајни служби на твојата држава делат униформи, оружје и логистика на терористи у Македонија на пример?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.623
Поени од реакции
26.136
Не можеш да уживаш никако од таа гледна точка...ако си германец да речеме како ќе уживаш ако ти, пријателите и твојата фамилија имате а деца у Африка умираат за леб. Како ќе уживаш кога на сметка на твоето уживање други патат, како ќе уживаш кога дедо ти убивал евреи како муви?
Како ќе уживаш ти како германец кога тајни служби на твојата држава делат униформи, оружје и логистика на терористи у Македонија на пример?
Да се разбереме животот не е фер. Во еволуцијата преживуваат побрзите, а не солидарните. Така да постои место горе, место доле, и горе нема место за сите, за жал.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom