Откажување од верата - Искушениа

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
има начин да се напрај ова?? како до отказ од верата? искрено прашвам?
Бидејќи поради презафатеност Господ не секогаш е достапен, корисниците на неговите услуги за ова прашање пожелно е да се обратат на неговите разни генерални застапници и овластени дистрибутери ширум планетава и низ вселената.

Некогаш процесот на откажување од верата бил многу мачен и често подразбирал откажување од некои делови од телото или неретко, од целото тело. За среќа денес тоа не е така. Освен ако не си муслиман кој живе во Саудиска Арабија. Или на територијата на најновата исламска држава. Или во некоја друга муслиманска државна творба. Тогаш нештата стануваат покомплицирани, Алах се лути и ете ти непријатности и нервози.

Но овде кај нас не би требало да имаш проблеми. Процесот на апостазија може да се реализира на повеќе начини. На пример, можеш да се откажеш од Бог преку весник: Јас (тој и тој, со место и адреса на живеење тие и тие), се откажувам од Бога поради тоа и тоа (ќе наведеш тука причини). Кај нас мора да има некаква јавна установа или невладина организација која добива пари за да се грижи за вакви проблеми. Обрати се и кај нив. Или можеш да раздразниш некој поп или уште подобро, владика така што ќе го прашаш од каде 80.000 евра за нова кола и дали така Исус влегол во Ерусалим на Цветници. Така можеш, ако си доволно посветен, да добиеш и писмено уверение дека не си многу по верата.

Сепак, јас длабоко би размислил во врска со ова решение, затоа што тоа може да ги наруши твоите посмртни планови (види повеќе во темата живот после смртта), а и ја губиш гаранцијата која не е само доживотна. Ако тоа не те вознемирува, тогаш немаш гајле.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.517
Поени од реакции
37.354
после менување на вера, може ќе добиеш нагон да смениш пол? чисто да видиш како е,
потоа може да добиеш нагон да се откажеш од родителите, оти ете не ти исполниле некоја желба или повеќе желби и чисто си во рамислување да се откажеш од нив,
и кога ќе се откажеш од сите овие работи може ќе поскаш да се откажеш од самиот себе, оти не си ги исполнил самиот на себе желбите ... :D
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
после менување на вера, може ќе добиеш нагон да смениш пол? чисто да видиш како е,
потоа може да добиеш нагон да се откажеш од родителите, оти ете не ти исполниле некоја желба или повеќе желби и чисто си во рамислување да се откажеш од нив,
и кога ќе се откажеш од сите овие работи може ќе поскаш да се откажеш од самиот себе, оти не си ги исполнил самиот на себе желбите ... :D
Верувањето не е исто што и полот, не ти држи споредбата. Замисли да ти префрла некој затоа што си престанал/а да веруваш во дедо мраз. Самиот збор си кажува - вера, не е знаење, не е факт, не е ништо егзактно и потврдено.
 
R

Ranta

Гостин
Бидејќи поради презафатеност Господ не секогаш е достапен, корисниците на неговите услуги за ова прашање пожелно е да се обратат на неговите разни генерални застапници и овластени дистрибутери ширум планетава и низ вселената.

Некогаш процесот на откажување од верата бил многу мачен и често подразбирал откажување од некои делови од телото или неретко, од целото тело. За среќа денес тоа не е така. Освен ако не си муслиман кој живе во Саудиска Арабија. Или на територијата на најновата исламска држава. Или во некоја друга муслиманска државна творба. Тогаш нештата стануваат покомплицирани, Алах се лути и ете ти непријатности и нервози.

Но овде кај нас не би требало да имаш проблеми. Процесот на апостазија може да се реализира на повеќе начини. На пример, можеш да се откажеш од Бог преку весник: Јас (тој и тој, со место и адреса на живеење тие и тие), се откажувам од Бога поради тоа и тоа (ќе наведеш тука причини). Кај нас мора да има некаква јавна установа или невладина организација која добива пари за да се грижи за вакви проблеми. Обрати се и кај нив. Или можеш да раздразниш некој поп или уште подобро, владика така што ќе го прашаш од каде 80.000 евра за нова кола и дали така Исус влегол во Ерусалим на Цветници. Така можеш, ако си доволно посветен, да добиеш и писмено уверение дека не си многу по верата.

Сепак, јас длабоко би размислил во врска со ова решение, затоа што тоа може да ги наруши твоите посмртни планови (види повеќе во темата живот после смртта), а и ја губиш гаранцијата која не е само доживотна. Ако тоа не те вознемирува, тогаш немаш гајле.
фала, навистина.. ок, то со весникот.. а, како со то уверението??
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
фала, навистина.. ок, то со весникот.. а, како со то уверението??
За уверение замоли некој владика да ти фрли анатема и ако можи истата написмено некако да ја состави со помош на синодот. Може така и најлесно и најбрзо оди постапката. Ќе си платиш фино лепо и дури да се свестиш ниту си дел од стадото, ниту се мислиш од кај може да те изненадат пастирот, кучињата и другите волци.
Не бери гајле
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
За уверение замоли некој владика да ти фрли анатема и ако можи истата написмено некако да ја состави со помош на синодот. Може така и најлесно и најбрзо оди постапката. Ќе си платиш фино лепо и дури да се свестиш ниту си дел од стадото, ниту се мислиш од кај може да те изненадат пастирот, кучињата и другите волци.
Не бери гајле
Сабазиј,

дај лебати, посочи ни некој случај на такво фрлање анатема, ради напуштањето на верата...Живо ме занима кој е тој случај и дали тебе ти е познат.

И како се именува документот за „отпуштање„, за да ми се најде, за секој случај.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
има начин да се напрај ова?? како до отказ од верата? искрено прашвам?
Може да се откажеш од религија, не мешај поими, вера и религија не е исто.
Јас не сум религиозен, но сепак верувам во нешто друго, исто и ти, се откажуваш од организираната религија која ти ја наметнале како бебе, а може да веруваш во тоа што сакаш ти, не ти треба ни пусулче ни вирман, ако сакаш да се преокретнеш на друга организирана религија може да почнеш да ги посетуваш нивните храмови, ако сакаш да немаш допир со организираните религии може да си накривиш капата и терај си животот не ти треба никој да ти потпише во што ти ќе веруваш, кога си роден си дошол тука без документ во џебовите со мур и потпис од госпо.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Лесно е да се откажеш од религија, од едно верување и ритуали, и на збор и на дело, но не дозволуваат во Македонија на пример, да те избришат од книгата ако те крштевале твоите како бебе.
Не постоела таква опција бидејќи „крстен еднаш, засекогаш си во единство со христијанскиот бог“ (кое мачење и за двајцата, и за човекот и за богот)... а од друга страна пак и во црква се венчаат, само богот може да раскине - па ете ги луѓето се разведуваат и си го бркаат животот како можат и умеат, на подобро или полошо :)
Тоа е во ред... се додека не се губи човек во црквата.
Дали им е за да имаат бројка, но го немаат човекот - не знам...

Во Србија мислам дека ја имаат опцијата да одиш и да се откажеш и да те нема во нивните тефтери - си завршил засекогаш со нив и одиш слободно низ вечноста каде те носи искуството и интелегенцијата. :)
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.302
Хептаа ако дојде денот(недај боже)да се откажам од Господ Бог и верата нека ми биде тоа и последен ден од животот...Материјалното кое го поседувам околу мене(во мали количини) ќе ме надживее,а ако Тој не ми ја услиши желбата тогаш деновите кои ќе ми се бројат како продолжеток од "мојот живот" после откажувањето ќе бидат само ефтина реплика од моето право битие...:coffee:
 
Стави @ па јузерот за да може да го тагнеш, или цитирај. А ако не сакаш да видам, а си ме спомнал во текст - во ред :)

Мене ми е небитно за тебе и твојата вера и твојот однос со боговите, не мора мене да ми докажуваш како ти за верата „ќе умреш“... како си ти никој без христијанството. Тоа е твоја работа и си имаш свои искушенија, кои ги минуваш вака или онака... ако ги минуваш.

Никој не спомна материјално, кој што ќе надживее и како... барем во мојот текст нема такво нешто.
Зошто твојата вера е повеќе над материјалното и духовното од некоја друга, што некој би ја пронашол во текот на неговиот живот на Земјата? :)
Заради оние сказни „на татка ми огништето и зачувување на коренот“? Тоа беше пусто турско... други времиња.

И не мислам шетање од една во друга христијанска црква - тоа е менување администрација, не вера! Да разјасниме веќе еднаш околу тоа...
 
J

joli1

Гостин
Лесно е да се откажеш од религија, од едно верување и ритуали, и на збор и на дело, но не дозволуваат во Македонија на пример, да те избришат од книгата ако те крштевале твоите како бебе.
Не постоела таква опција бидејќи „крстен еднаш, засекогаш си во единство со христијанскиот бог“ (кое мачење и за двајцата, и за човекот и за богот)... а од друга страна пак и во црква се венчаат, само богот може да раскине - па ете ги луѓето се разведуваат и си го бркаат животот како можат и умеат, на подобро или полошо :)
Тоа е во ред... се додека не се губи човек во црквата.
Дали им е за да имаат бројка, но го немаат човекот - не знам...

Во Србија мислам дека ја имаат опцијата да одиш и да се откажеш и да те нема во нивните тефтери - си завршил засекогаш со нив и одиш слободно низ вечноста каде те носи искуството и интелегенцијата. :)
Голема работа тоа што си заведен у тефтер, не е како да си обврзан со било што. Не ја гледам потребата и причината за некој да биде избришан од таков тефтер.

Венчавање во црква не е за да се препушти бракот на Господ, туку за сопружниците да дадат збор еден на друг пред Господ дека ќе останат заедно, дека заедно ќе проаѓаат низ искушенија, дека ќе бидат еден за друг, и во добро и во лошо.

Развод во црква не постои, бар не колку што јас знам, доколку грешам и има некој кој што повеќе се разбира слободно нека ме коригира. Браковите кај матичен не се ништо повеќе од финансиски друштва помеѓу двајца.

[мод уредување]
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
На некои им значи што црквата ги брои сепак во нивното стадо, а тие се светлосни години далеку од христијанското стадо... ја разбирам оправданоста што ја нуди црквата, но тие не разбираат дека немале јасно „да“ од душата што ја крштевале и вовеле во тие „мистерии“.
Го измислиле „кумот“ тој разбира се... нели ;)

Никој не рече дека било што се препушта на црквата... на црквата не би и препуштил ништо јас :)
И јас мислам дека не постои развод и не знам ниту дали може 2 пати да одиш да даваш заклетви во црква ако стапуваш во нов брак. Можеби има начини да се избрише старото, не знам... треба некој со искуство да каже, да не има цена и тоа чудо - се бидува...
Во црквата се плаќа исто како кај матичен...

Јас не мислам дека менување на христијанство со будизам е искушение. :)

П.С. темата не е за атеизам и религиите. Намали доживљај и најди соодветна тема за тоа.
 
J

joli1

Гостин
Сеуште не ми е јасно, која е потребата за некој да се испише од еден таков тефтер, тоа не ми го објасни у постот, а те цитирав првенствено од таа причина.

Зашто мислиш дека црквата има бенефит од тоа што тебе те има запишано во тефтер?

Не, не можеш да се мажиш/жениш во црква по втор пат, бар јас колку што знам.

Зашто мислиш дека будизмот е подобра религија?

Сега зборуваш глупости, да, не е тема за атеизам и религии, но ако откажување од вера не е атеизам, тогаш што е атеизмот? На кој основ ми е едитиран постот и избришан текстот у врска со деструктивноста на атеизмот, кога не е ниту оф-топик, ниту тролерски пост, ниту било што што се крши со правилата на форумов, board-ов и темава. @Acid

И за крај, нема потреба од никакво намалување на доживљај, едноставно моите постови се спротивност од тоа што сакаш да го слушнеш, а еве и ќе ти кажам, ме потсетуваш на мене кога бев атеист, само проблемот е у тоа што јас тогаш имав 14-18 години, а ти сигурно имаш дупло повеќе од тоа па си ми смешен.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Не треба да ти е јасно, треба да ја има можноста да може да те избришат од тоа дека некој е дел од нивната црква.
По барање и своја волја, нормално, на оној што смета дека не е дел и не припаѓа на христијанската црква (било која).

Не реков подобра, ти ме читаш низ некоја твоја чудна призма. Реков дека менување на учење/религија/верување не е искушение. Никогаш не било искушение.
 
J

joli1

Гостин
Не, баш спротивно, треба да ми е јасно.

Што му менува на тој кој што променил вера или станал атеист дали сеуште го има негде пишано во некој тефтер или не. Која е целта и потребата? Да знаат свештените лица дека си променил вера или си станал атеист?

Ова ти е нешто слично ко откажување од сопствената фамилија преку весник, иако едноставно можеш да прекинеш контакт со истата така што ќе заминеш од дома и нема да им се јавуваш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom