- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 19.540
- Поени од реакции
- 34.704
... ние двете мислевме на правна помош базирана на вашето искуство и според одлуките на Влада и правото на вработената која е бремена според препорака од СЗО, а во тој правец донесени и од наша Влада, бидејќи се целосно ослободени од работа, а не да се базираме на тоа што ќе каже работодавачот т.е. директорот на училиштето што нормално ќе направи све да бидат активни сите вработени па и трудницата за да нема потреба од ново вработување со договор на дело или слично,Здраво,
За да можеме да помогнеме со правен совет, потребни ни се повеќе информации. Прво, дали сте вработена во основно или средно училиште со оглед на тоа што важат посебни закони за основното и средното образование (како lex specialis на Законот за работни односи).
Второ, не е јасно врз основа на каква одлука во првиот случај не одите на работа, а примате 100% од платата, а врз основа на боледување. Секој адвокат или правник би морал да го види решението/одлуката пред да даде било каков совет (во таа одлула пишува врз основа на кои одредби е донесена истата, па може да се повикате на истите и во вториот случај). Во вакви случаи вообичаено е постапувањето на второто училиште, да се овозможи бремената работничка да се ослободи од физичко присуство од работното место и кај што има услови за тоа да и се овозможи од далечина исполнување на своите работни обврски, па затоа е неопходно да се види одлуката на првото училиште.
Врз основа на неа прв чекор, пред да ангажирате адвокат, би бил контакт со Државниот просветен инспекорат (просветниот инспектор) кој е овластен да врши надзор врз работата на воспитно-образовните установи.
Исто така немаме увид нити во одлуката на второто училиште кое Ве распоредило на онлајн настава како би можеле да утврдиме дали постои место за приговор, односно жалба против истото (доколку се сторени законски повреди). На дното на решението имате "правна поука" во која стои Вашето право на приговор/жалба против тоа решение, како и рокот во кој може да се служите со правниот лек, а кој рок не смее да го пропуштите за евентуални понатамошни оспорувања на одлуката.
За жал не успеав да проверам дали одлуката на владата која е со законска сила или само препорака, од шти зависи дали е задолжителна или не и за работодавачот.
...прва одлука ја донесе Владата на 10 ти март 2020 година кога трудниците од прв ден на докажување на бременоста со гинеколошки документ се ослободени од работни обврски (освен онаму каде работниот процес може да се организира од дома),
https://vlada.mk/node/23684?ln=mk
,,...Владата на Република Северна Македонија, потсетува дека согласно владина одлука, објавена во Службен весник, бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, до завршување на Пандемијата со КОВИД-19, прогласена од Светската здравствена организација.
Содржината на мерките е регулирана со членот 13, точка 11 и членот 16 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19, предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена, објавена во Службен весник на 04.11.2020 година.
Оваа информација ја објавуваме по изразениот интерес околу обврската за работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, на бремените жени, по 31 декември 2020 година.
Владината одлука е донесена на седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 03.11.2020 година, по препорака на Комисијата за заразни болести....,,
,,....Државниот инспекторат за труд по зачестените јавувања на граѓани околу мерката за ослободувањето од работа на бремените жени укажува дека согласно владина одлука, објавена во Службен весник, бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, до завршување на Пандемијата со КОВИД-19, прогласена од Светската здравствена организација.
Содржината на мерките е регулирана со членот 13, точка 11 и членот 16 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19, предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена, објавена во Службен весник на 04.11.2020 година.
Отсуството од работа и работни обврски со физичко присуство бремените жени кај работодавачот го оправдуваат со приложување на потврда од матичен гинеколог.
Заштитата на бремените работнички ги опфаќа сите, без разлика дали се во приватниот или државниот, односно јавниот сектор. Мерката треба да ја почитуваат сите работодавачи, без исклучок, дури и ако работничката даде согласност за одење на работа, бидејќи доколку дојде до несакани последици поради непочитувањето на мерката, одговорноста ќе биде на работодавачот.
Секое непочитување на оваа мерка од страна на работодавачите, ќе биде санкционирано согласно закон.
Ги известуваме сите граѓани дека на веб страната на Државниот инспекторат за труд www.dit.gov.mk можат да пријават неправилности и непочитување на мерките за заштита од Корона вирусот донесени од Владата.
Оваа соопштение го објавуваме по изразениот интерес околу обврската за работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, на бремените жени...,,
...доколку сте правници со искуство според горе наведеното да дадеме помош на @Ellen88 каде да се жали, како да постапи, никаде веќе не e спомнато „дека може онлајн од дома да се работи, а не можат да кажат дека „се подразбира“ на нешто што не е наведено, само затоа што така им одговара!
...ова второ известување е од 09.09.2021 година да втор пат се донесе одлука на Влада да се целосно ослободени додека трае пандемијата, е сега според „дупките“ во правното функционирање, сите се повикуваат на првата одлука каде е потенцирано и пишано со текст„ ослободена од физичко присуство ама со можност со онлајн работа“, односно со најновата Одлука каде е назначено со текст дека се ослободуваат од физичко присуство, ама за разлика од претходното нема со текст назначено „со можност на он лајн работа“, а работодавачот токму тоа го толкува како „се подразбира со онлајн работа“ што ја принудува трудницата од дома што всушност е целосно ослободена од работа додека не се породи, па тогаш да се префрли на породилно боледување!
Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19- во „spojler“
Последно уредено: