Здраво. Нов сум овде, побарав претходно сличен пост но не успеав да најдам одговор на моите прашања. Ве молам, доколку некој знае и може да ми објасни во врска со поднесување на документи за добивање на бугарско државјанство. Сакам да поднесам за да добијам државјанство врз основа на мојот родител кој има бугарски пасош. Контактирав посредници, но на секое наредно прашање ја зголемуваат сумата на услугата, и моментално ми бараат 400 евра само за термин до интервју(а имам слушнато дека со потекло од родител одиш директно на интервју). Бидејќи ми рекоа дека нема термини за интервју во Софија моментално, контактирав преведувач кој ме посочи дека имам сигурно потекло од родител и да се јавам во Бугарска амбасада во Скопје и да закажам термин, а од таму ми закажаа термин мај 2023 да ги доставам документите и ми рекоа дека не значи дека тоа е термин за интервју, се зависело од комисија која ќе утврди дали истиот ден ќе имам интервју или ќе ми презакажат за друг ден. Ве молам дали некој знае да ми ја објасни процедурата, дали има искуство во таква ситуација, дали треба да одам во Ск во амбасада претходно да доставам документи, бидејќи се плашам да не чекам после мај 2023 уште до интервју, а имам потекло од родител? Дали постои можност за добивање на термин порано?
Дали некој од искуство има поминато низ оваа процедура во Ск? Или да барам некој друг посредник за да започнам процедура во Софија, дали се пуштени можеби термини за интервју таму?
Се извинувам на долгиот пост.
Ви благодарам однапред.