Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Иако си бегам наредна година за Германија, многу ме радува ова што се деси вечерва, не дека верувам дека ќе биде боље, со Мицко неверувам нешто да биде боље али бар сељачкиов клан со извитоперени криминалци нема да го гледам веќе.
 
Еден ден сите се страсни навивачи на фудбал, ракомет, другиот ден сите се големи патриоти, третиот сите политички аналитичари... зависи што е во мода по социјални мрежи. Браво, секоја чест.
 
Некад кликну Save File... отвору нов фолдер и тамо сачувам.
 
Мало појаснување до членот погоре: Кога станува збор за Легенда, тоа е само верување кое се пренесува со генерации и за кое не постојат никакви докази дека е вистина.
 
Сфи ви што играте седамнаес лишчиња за по 20 ден. дваес осам пара за добифку од по стотриес иљаде и ве чекамо по пола саат на шалтер у кладионицу...
НИКАД ДА НЕ ФАТИТЕ!!!
 
Денес излегов во 7:45, дома се вратив во 23:15. Мразам работни состаноци во кафичи со кујна, т.н. лаунџ барови. Кога ги закажуваш личи примамливо, пошто си викаш еј таман дур трае состаноков ќе се најадам, па ќе утепам и работа и јадење во едно. На крај испаѓа обратно, прво јадеш, па работиш и си изгубил дупло повеќе време него што првично си планирал.
Викендов ја гледав ,,Мојот маж" во драмски по текст на Румена Бужаровска, а режија на Нела Витошевиќ. Брутална претстава, пак се изнаплакавме, иако овој пат девојка ми почна да плаче на првиот збор од претставата :ROFLMAO: cant top that. Ретко ми се свиѓаат претстави во нашиве театри, па две по ред е џекпот. Секоја чест за Нела, експериментира со стилот и за мене барем е полн погодок. Екипата страшна. Одлична глума од сите, Сара Климовска и Исмет Шабановиќ глумеа во двете, и во двете перфектно си изиграа. Особено Сара, со оглед на тоа што женските улоги беа носечки во двете претстави. И останатиот дел од екипата перфектно одигра, се гледа дека освен професионално, и емотнивно се вложуваат во улогите. Маестрални. Препорачувам на сите. А уствари треба да проверам дали има и тема за театар на форумов, ако има супер би било да се активира.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom