Овие избори со право ќе бидат ИСТОРИСКИ прв од таков тип локални, по многу нешта, дефинитивно после вчера многу работи нема да бидат исти.
ВМРО ДПМНЕ конечно се консолидираше и ќе добие ултрамотивирано членство кое ќе гази на терен и ја победи апатијата, нивните потврди кадри се прошетаа во општините низ прв круг како Кисела Вода и Бутел, оние кои се прозападните исто со Тимчо се прошета во Аеродром, ги добија сите важни општини, во втор круг секаде освен Битола ќе се сигурни победници што како партија што како поддржувачи на кандидат.
Мицко без да има ниту грам заслуга во успехот успееа да му се наместат коцките да остане лидер, факторот среќа ептен му се насмеа овој пат.
СДС не знаат кај терат, готови се, очај , пиштење, го губат Скопје сигурно, изгубија секаде како кучиња, во Струмица на цела кампања и фрлени пари и купени гласови со ДПМНЕ кое не беше активно на терен едвај 3500 а вкупно кога ќе земеш ко власт трите листи едвај 1 500 гласа имат повеќе од опзициските листи ( Стига Е го ставам како опозиција), без излез на некој партии кои ќе имаа добри резултати, почеток на долгоочекуваниот јак, болен и сигурен распад на партијата, после ова ако успеаат да преживеат и да опстанат, нема што повеќе да коментирам, но сепак ова е според мене почеток на бришење на оваа партија.
Левица е апсолутниот победник, додека сите на избори трчат на кратки стази Апасиев трча маратон , а коцките му се редат како што тој сака, растур систем направија во Скопје и повеќе општини низ државата, младите гласачи се нивни што значи се поголем прилив на гласови од ден на ден, во моментот можеби се тркат за 10 пратеници на наредни избори, Димче успеа во целта, прво да се кине со ДПМНЕ и да добие понационални гласови за потоа да му се намести шанса да се бие со СДС, а на овие парам парче ќе направи , целта негова Левица да биде главната конкуренција на ДПМНЕ (а и сега веќе е во внатрешната борба на опозицијата) се поблиску му е до остварување ако не сега, за 5-10 години со вакво темпо ќе биде втората главна партија во државата.
ЛДП/ДОМ коалицијата се во најтесно, излегоа и остварија за нив одличен резултат и сега се во лов во матно, ако одат пак со СДСМ нема да добијат многу, ако одат сами може со промовирање на добри кандидати да влезат сами со 1-2 пратеника но и тоа не им е сигурно бидејќи едно е локални а друго е парламентарни избори, а ако се одважат може тоа централно гласачко тело кое се фура на интелектуала да го привлечат кај себе, ептен се во зезната ситуација нивните чекори ќе треба добро да се пратат, се во државна коалиција но нивните кандидати јавно се поблиски до опозицијата отколку до нивниот коалиционен парнтер, барем за Скопје.
Независните листи сите успеаа да влезат во совет и да остварат добри резултати, посебно оние од зелениот фронт, така да тука се гледа се поголема едукација на гласачкото тело, на локални избори јаки локални иницијативи се најбитни, кои ќе бодат јако и ќе се сконцетрирани 24/7 на градење на подобра општина и поубаво место за живеење.Ако овие иницијативи вака продожат да расти нема да биде чудо ако не наредниве, на тие по нив сигурно и да освојат некоја општина.
На крајот само ние десничарите може да сме разочарани како опозиционери, ДПМНЕ се стабилизираше но е далеку од тоа што посакуваме со што сеуште немаме алтернативна опција да го дадеме гласот од идеолошки побуди, така да на наредни избори ќе треба да се бира меѓу давање глас на ДПМНЕ или апстинирање, во најлош случај некој поединци за Левица што е изопачено за мене како десничар некој да гласа за крајналевица, ама Македонија е тоа така да и тоа е опција во игра.
Се создават услови и десницата да почне со некој движења па да основа и партија, да направи уште поголем дар-мар на политичкава сцена кај нас.
Опизицискиот фронт после ова кренува во силна офанзива, власта е на климави нозе и сигурно тешко да издржи стабилно до летото, така да овој период догодина сигурно не чекат избори во кој ако нештата продолжат во овој правец СДС ќе биде прегазен како шлепер жаба.