Па ок, вистина е дека постојат жени кои се палат на криминогени ликови и слични битија ама тоа е минорен процент.
Не знам зошто но последниве години како да има некоја мода на омраза према жените, таква е и оваа тема, од каде тоа потекнува и зошто многу машки особи се приклонуваат кон тоа е нејасно.
Што знам, немате сопруги, девојки, вереници, сестри, мајки, братучетки, пријателки, колешки? Ако навистина жените обожавале негативци како сме дошле воопшто на овој свет? Кај нас никој нема криминално досие, никој не тепал жена, никој не се пијанчел и психолошки малтретирал жена, ме интересира од каде заклучокот дека жените сакале манијаци?
Ете пример, мојата significant other остана со мене покрај мојата животнозагрозувачка здравствена состојба и ги издржа сите проблеми кои од тоа произлегоа па не отиде со некој бед бој наместо да седи до мене на болница.