Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Dali "kodot" e absoluten? Dali moze vo zavisnost od sostojba da se menuva?
Vrodena "mana", ne znaci absolutna mana tuku sostojba koja vo zavisnost od situacijata moze da se kontrolira.
Golem del od verite se povikuvaat na razumot, se povikuvaat na potiskanje na "manite" for the greater good.
Ne moze da mu se sudi na zivotno, zatoa sto nema "razum" no covekot e razumno bitie koe moze i toa kako da gi kontrolira svoite mani. Covek koj ne moze da gi kontrolira svoite nedostatoci se definira kako bolest i zatoa soodvetno se sankcionira (leci, sudi...).
Dali bog moze da sudi?
Ne gledam pricina zosto da ne, nikade nemam zasledeno vo niedna religija kade bog tvrdi deka stvoril sovrseno bitie vo forma na covek, tuku deka formiral covek so razum koj e na nekoj nacin "iskusenie" ergo smislata na izbor "pravo/krivo", "dobro/loso".

Ps: Super diskusija.
Незнам зошто упорно сакате едноставна работа, со сила да ја искомплицирате, да ја умрсите и извртите работата. Едноставно е, ако има само еден кодер, и ако тој тврди дека кодот е безгрешен, тогаш апсурдно е да прогласува за грешка нешто кое е директна последица од тој код! Се останато е само матење вода за да не биде бистра.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.146
Поени од реакции
12.128

Христијанскиот и муслиманскиот концепт на бог вели дека богот е сезнаен, совршен, се создал и се создава. Знае што јас или ти би погрешиле во животот.
Не постои слободна волја во старите религии. И ако си сезнаен и знаеш дека јас би погрешил без разлика на се - која е поентата да постои идејата за втора смрт и казнување од страна на сезнајниот? :)
Нема потреба од тоа нели...

Ти си роден грешен. Наследен грев. Ова според старите религии и догми. Најбизарната идеја која оди низ старите религии.
Автоматски споено мислење:

Бидејќи не се заморуваат со религиите и нивните догми.
Некако како намерно да ги комбинираат различните идеи со христијанската религија или од незнаење собираат сешто од идеи и прават сложени размисли за нешта кои не може во реалноста да опстојат во однос на човекот како единка во однос на божественоста кон која се стреми. :)

Друго објаснување немам.

Ова име само „гимнастика“. После овие теми се разгледуваат теми како Спортска, фудбал, Ковид и тоа е... на ништо не се задржува умот барем 10 мин... затоа и немаме добри дискусии тука, да се дебатира, да се расправа... па и да се навреди некој, ништо страшно...
Но тоа е минато - немаат време младите за заморување со боговите - секако ќе умрат, да се проживее на Земјата е доволно мачно и долго.
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Како на пример? Кои птици? Каде летаат? Кое е моето јато? Која леснотија? Каде летаат? Што предизвикуваат со летањето?
Или битно е да ми кажеш дека има против... „птици“? :)
Христијанскиот и муслиманскиот концепт на бог вели дека богот е сезнаен, совршен, се создал и се создава. Знае што јас или ти би погрешиле во животот.
Не постои слободна волја во старите религии. И ако си сезнаен и знаеш дека јас би погрешил без разлика на се - која е поентата да постои идејата за втора смрт и казнување од страна на сезнајниот? :)
Нема потреба од тоа нели...

Ти си роден грешен. Наследен грев. Ова според старите религии и догми. Најбизарната идеја која оди низ старите религии.
Целта е лет со леснотија, елеганција, мир кај и да си тргнал. Зошто само христијанство и муслиманство спомнуваш, во насловот пишува и останати убедувања? Било кое убедување ако некому му помага да дојде до тој мир за мене е во ред.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.146
Поени од реакции
12.128
Целта е лет со леснотија, елеганција, мир кај и да си тргнал. Зошто само христијанство и муслиманство спомнуваш, во насловот пишува и останати убедувања? Било кое убедување ако некому му помага да дојде до тој мир за мене е во ред.
Да, и останати убедувања. Но луѓето немаат други убедувања на овие простори - сеуште.
Зачитај наназад што идеи даваат членовите што тука дебатирале и дебатираат во однос на религиите и самите учења...

Затоа зборувам за христијанство и ислам... сеуште е рано за други убедувања. Тоа мислам дека стои во насловот за да се изигра дипломатски, колку толку... :)
Или за да не опфати и нас, Телемитите... ако не имаше во насловот ќе беше предолг а и некој можеше да се налути, што пак го нема Гурџиев или Ошо во насловот - знаеш, секакви луѓе има...

Вака делува подипломатски... иако атеистите, христијаните и муслиманите се ставени во преден план.
 
Е добро де, и космологијата на моите чероки не е во насловот па не се бунам, сепак тие три убедувања се најбројни.
 
faust.mephistopheles

Aga Aganlija
Член од
9 декември 2014
Мислења
746
Поени од реакции
1.615
Незнам зошто упорно сакате едноставна работа, со сила да ја искомплицирате, да ја умрсите и извртите работата. Едноставно е, ако има само еден кодер, и ако тој тврди дека кодот е безгрешен, тогаш апсурдно е да прогласува за грешка нешто кое е директна последица од тој код! Се останато е само матење вода за да не биде бистра.
Nema bezgresen kod, kako sto nema ni gresen kod. Ima kod so odreden potencijal
Христијанскиот и муслиманскиот концепт на бог вели дека богот е сезнаен, совршен, се создал и се создава. Знае што јас или ти би погрешиле во животот.
Не постои слободна волја во старите религии. И ако си сезнаен и знаеш дека јас би погрешил без разлика на се - која е поентата да постои идејата за втора смрт и казнување од страна на сезнајниот? :)
Нема потреба од тоа нели...

Ти си роден грешен. Наследен грев. Ова според старите религии и догми. Најбизарната идеја која оди низ старите религии.
Автоматски споено мислење:

Бидејќи не се заморуваат со религиите и нивните догми.
Некако како намерно да ги комбинираат различните идеи со христијанската религија или од незнаење собираат сешто од идеи и прават сложени размисли за нешта кои не може во реалноста да опстојат во однос на човекот како единка во однос на божественоста кон која се стреми. :)

Друго објаснување немам.

Ова име само „гимнастика“. После овие теми се разгледуваат теми како Спортска, фудбал, Ковид и тоа е... на ништо не се задржува умот барем 10 мин... затоа и немаме добри дискусии тука, да се дебатира, да се расправа... па и да се навреди некој, ништо страшно...
Но тоа е минато - немаат време младите за заморување со боговите - секако ќе умрат, да се проживее на Земјата е доволно мачно и долго.
Ako bog seznaen, covekot ne e. Nemanjeto soznanie za idninata e reprezent za tvoeto mesto na ovaa planeta ili bilo kade.Ti si vo taa formula nikoj, kako I sekoj drugi.
Smeta takviot bog, bodi oci. Komu kako. Nekoj ja prifatil taa uloga, nekoj ne. Sistemot e zatvoren, svetot definiran.
Ti si ubeden vo svojata bozenstvenost, drugite vo svoeto robuvanje.
Nivnoto tvrdenje e ednakvo validno kolku i tvoeto.

Nemozes da gi sudis lugeto za toa sto odlucile da bidat. Sekoj pocetok ima i kraj. "Vistinata" ne e za sekogo ista. Razlicni oci, razlicen pogled na svetot.
Ako si ti ubeden vo svoeto tvrdenje, nema sto da se plasis. Neka bitisuvaat lugeto. Neka ziveat,neka umiraat.
Kolku sto e sekoj e zvezda, tolku e i zemja.
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Дали креаторот или Господ е безгрешен или не?
АИ во развој не може да го знае/разбере кодерот па не може со сигурност да тврди такво нешто, може да дедуцира до одредено ниво дека постои код а понатаму да шпекулира.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.146
Поени од реакции
12.128
"Every Star has its own Nature, which is 'Right' for it.
We are not to be missionaries, with ideal standards of dress and morals, and such hard-ideas.
We are to do what we will, and leave others to do what they will.
We are infinitely tolerant, save of intolerance."

- Commentaries on Liber AL, II:57, A. Crowley

1632846498827.png
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
АИ во развој не може да го знае/разбере кодерот па не може со сигурност да тврди такво нешто, може да дедуцира до одредено ниво дека постои код а понатаму да шпекулира.
Ако АИ во развој неможе да го разбере кодерот, зошто кодерот му праќа пророци, упатства, забрани, закони, правила на АИ?
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Ако АИ во развој неможе да го разбере кодерот, зошто кодерот му праќа пророци, упатства, забрани, закони, правила на АИ?
Некои инстанци на АИ у развој идат понапред и го согледуваат кодот подобро но сепак не целосно па дедуцираат дека мора да постои кодер, каков е кодерот шпекулираат па тоа го пренесуваат на АИ-а кои се поназад у развој како закони, правила од кодерот но тоа се само дел од законите во симулацијата.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Некои инстанци на АИ у развој идат понапред и го согледуваат кодот подобро но сепак не целосно па дедуцираат дека мора да постои кодер, каков е кодерот шпекулираат па тоа го пренесуваат на АИ-а кои се поназад у развој како закони, правила од кодерот но тоа се само дел од законите во симулацијата.
Многу откритија во науката биле на ниво на шпекулација, користејќи логички и математички механизми. Подоцна, кога технологијата овозможила истите да се проверат, се покажало дека се точни. Таков е примерот со теоријата на релативноста на Ајнштајн. Тој не се движел со брзина на светлина за да искуси во прво лице како се однесуваат времето и просторот на тие брзини, користел логички механизни и ,,шпекулирал" Но никаде нема да најдеш забрана, закана, заплашување, клетва....од Ајнштајн никој да не го преиспитува и да не се сомнева во неговите шпекулации.
Кој или што е реперот за тоа кој е понапред а кој поназад у развој? Зошто моите логички констатации се шпекулации а нечии со ништо непроверени бесмислици не се?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.146
Поени од реакции
12.128
@Ipsissimus, @Goyathlayy - ако „АИ“ и „кодерот“ не се однесува на идејата за бог и креирањето на познатиот универзум преку негово дејствување - одите офтопик и ќе ве префрлам во подфорум ИТ и програмирање :)

Ниту една позната религија не го гледа божественото како кодер, а луѓето кои се дел од тие религии и ги проучуваат не се некаков ентитет од некоја општа класа, непозната за нив, креирана од тој кодер! Проклет да е кодерот - ако ме мене прашувате!
Објектот не може да не ги знае сите свои атрибуции и функции - нема да стартува програмот (дали и ќе се компајлира) и ќе даде грешка. Ако пак нема слободна меморија - отиде се во неповрат!

Ајде сега вратете се назад на дебатирање за религиите и нивните учења...

Богот ако е сезнаен и ја знае иднината - нема право да биде судија! Или едното или другото мора да биде... не може и двете!
Ја мести работата уште во старт. Што и да направите вие двајца, ако сезнајниот решил вие да имате судбина која е решена од самото постоење на универзумот - вие што и да правите сега - исходот ќе биде да бидете казнети, според учењата на некои стари религии...

Не знам зошто се препелкаме сеуште во оваа кал...
 
Последно уредено:
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
однесува на идејата за бог и креирањето на познатиот универзум преку негово дејствување - одите офтопик и ќе ве префрлам во подфорум ИТ и програмирање
Не сме среќни белиот човек да ни кажува што да правиме и како да зборуваме.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.146
Поени од реакции
12.128
Не сме среќни белиот човек да ни кажува што да правиме и како да зборуваме.
Никој нема да биде среќен се до повторното доаѓање на Христос, не знам како не разбираш.
Што ве буни постојано тоа и се навраќаме на темата „среќни“ во однос на религиите?

P.S. Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон.
Љубовта е закон, љубов под волја.

Толку може било кој да ти каже како да дејствуваш, понатаму - си е твоја работа :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom