Колекционери на Драгоцени Камења

B

Boudicca

Гостин
Најдоброто срање што го имам најдено, гарнетите....ги препознав тек дома што се.
Garnet as in гранат? Дали знаеш каде во Македонија би можеле да се најдат кварцовиве, особено ме интересира горскиот кристал, кој масовно го фалсификуваат? Во некој од постовите како да видов и амазонит и јаспис (особено ме интересира синиот), дали имаш инфо каде би можеле да се најдат, меѓу омилените камења ми се?
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.418
Поени од реакции
4.248
Garnet as in гранат? Дали знаеш каде во Македонија би можеле да се најдат кварцовиве, особено ме интересира горскиот кристал, кој масовно го фалсификуваат? Во некој од постовите како да видов и амазонит и јаспис (особено ме интересира синиот), дали имаш инфо каде би можеле да се најдат, меѓу омилените камења ми се?
Кварц....иронично кварцот како аморфен не е толку тешко да се најде. Имам парче од шев од гранит од венест кварц од близу каде ги најдов ставролитот и гарнетите. Иначе да Garnets. Не го користам тој збор оти да не урочам со граната. За горски кристал ...ми кажуваат источна македонија. Негде околу крива паланка(се уште немам отидено), околу кратовско(имам отидено, не барав камења тогаш) , и нешто што знам од стари извештаи дека имат фатено странци со кристали кај рабово и мачево во беровско(онаму каде што по скорешно имаше пожар). Тоа последното.....лично отидов(на пролет) и не најдов ништо...ама не може да кажам со сигурност дека нема. Барем мислам дека барав на погрешно место(по северно од овие 2 села требаше).
За купопродажба....Feng Shui Gift Shop во центар, близу холандска амбасада во една од уличките на ленинова...и деко...ако се смилува(досега нема соработувано).
Ова првово...можда оригинал можда не....
Увек може да пробаш и интернет од e-bay ако знаеш како да бараш./
Автоматски споено мислење:

е. Не е баш горски кристал ама е доволно транспарентен.
20210822_153022[1].jpg
 
Последно уредено:
B

Boudicca

Гостин
Feng Shui Gift Shop во центар, близу холандска амбасада во една од уличките на ленинова...и деко...ако се смилува(досега нема соработувано).
Ова првово...можда оригинал можда не....
Увек може да пробаш и интернет од e-bay ако знаеш како да бараш./
На Feng Shui Shop-от слабо им верувам на квалитетот на понудените камења, како што моето лаичко око може да процени, имаат доста кршеници и фалсификати на горски кристал, тиркиз и Лапис Лазули со низок квалитет, а цените им се соленки. За Деко немам коментар, цените му се пренадувани, а и не сум нешто посебно воодушевена од нивната понуда. Нарачките преку интернет ми се малку мачка во вреќа, дур' лично не го опипам каменот, ги разгледам неговите шари и почувствувам како реагира со мојата телесна топлина, сум крајно сомничава.
Автоматски споено мислење:

 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.418
Поени од реакции
4.248
На Feng Shui Shop-от слабо им верувам на квалитетот на понудените камења, како што моето лаичко око може да процени, имаат доста кршеници и фалсификати на горски кристал, тиркиз и Лапис Лазули со низок квалитет, а цените им се соленки. За Деко немам коментар, цените му се пренадувани, а и не сум нешто посебно воодушевена од нивната понуда. Нарачките преку интернет ми се малку мачка во вреќа, дур' лично не го опипам каменот, ги разгледам неговите шари и почувствувам како реагира со мојата телесна топлина, сум крајно сомничава.
Автоматски споено мислење:
Тиркиз и лапиз.....такви ствари реално се многу ретки во продажба. Знам ако ништо друго ахатите се вистински, исто аметистот, јасписот. За обичниот кварц и некој други ствари се SUS, ама како како.
20210514_194041.jpg
Ова е ситно. Кристалите се вистински, ама можда е лепено заедно. Од венг шуи гифт шоп.
Не е дека кај него имало икад квалитет...ама ако бараш декоративно ...eh...
Првично купив од шпанија...од барса ствари. Требаше да купам масивен кластер од кварц
(ова е од S.T.A.L.K.E.R.) ама оваа форма и големина ја имаше. Голем. Разгранет. И тоа можда беше фејкерство ама ај. 20евра беше ама идиотот ја одлучи да купи ситнурии...
1629640902378.png
Од тогаш немам видено нешо слично осим музеј
 
B

Boudicca

Гостин
Автентичен тиркиз на овие простори е практично неегзистентен, на вештачките примероци им ги печатат матриците и слично. За кварцовите, вклучително и аметистот, сум читала дека ги загреваат на високи температури, со цел да им ја интензивираат бојата, така да и за нив сум малку скептична. А Лаписот го има, но со големи примеси на калцит, што значително му го намалува квалитетот и мислам дека дополнително го добојуваат со темносина боја. Во него се среќава и пирит т.е. златни нишки (fool's gold), кој иако изгледа естетски на сината позадина, исто така му го намалува квалитетот. Во прилог повторно фотографија од накит од не многу квалитетен Лапис, бидејќи сум негов пасиониран колекционер.

1629641295182.png
 
Последно уредено:

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.418
Поени од реакции
4.248
втентичен тиркиз на овие простори е практично неегзистентен, на вештачките примероци им ги печатат матриците и слично. За кварцовите, вклучително и аметистот, сум читала дека ги загреваат на високи температури, со цел да им ја интензивираат бојата, така да и за нив сум малку скептична. А Лаписот го има, но со големи примеси на калцит, што значително му го намалува квалитетот и мислам дека дополнително го добојуваат со темносина боја. Во него се среќава и пирит т.е. златни нишки (fools gold), кој иако изгледа естетски на сината позадина, исто така му го намалува квалитетот. Во прилог повторно фотографија од накит од не многу квалитетен Лапис, бидејќи сум негов пасиониран колекционер.
Да. Има и ахати што можда се боени 20210514_194135.jpg
Не е дека ми пречи до толку, ама знаеш...ех...
 
B

Boudicca

Гостин
Ахатот го бојат, да, то е општопознато. Можеби и затоа не ме привлекува многу како камен. Всушност и не би знаела кои му се неутралните бои, ако воопшто има такви.

1629643645624.png

1629643397741.png
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.418
Поени од реакции
4.248
Ахатот го бојат, да, то е општопознато. Можеби и затоа не ме привлекува многу како камен. Всушност и не би знаела кои му се неутралните бои, ако воопшто има такви.

Прегледај го приврзокот 304366

Прегледај го приврзокот 304365
У природа имаш плави ахати....ама сварно ебано ретки. У толки и не ми пречи да се боени, се додека е праено профи.
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.418
Поени од реакции
4.248
Првото е септариски нодул(septarian nodule)
1629689862828.png
Мое разбрирање е дека е некој тип на фосилизирана кал, википедја ги вика псевдофосили.
второто е сард(sard, sardonyx). Уште една варијанта на екстензивната фамилија на калцедон-черт-јаспис-ахат-кварц. Не е прав ахат оти штосот е дека немаат јадро, но може да има како секундарна формација(како јаспис ахатот мој горе) , линиите се паралелни , итн,
1629689966459.png
Сметан е сроден со ониксот...кој за жал деновиве е заменет со шарениот калцит (шестоаголната призма од претходниот пост0
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Јас сум (се' уште) тотален непознавач на камчињата а сакам да ги собирам оние, понеобичните. Па веќе кога наидов на темава си реков да ви покажам некои од нив... Па можеби би можеле да ми кажете што се, ако воопшто се (бидејќи ме мрзи да ги барам по интернетот сега)..

портокалов 1.jpg портокалов 2.jpg
плочка напред.jpg
плочка назад.jpg
топче 1.jpg
топче 2.jpg
плав.jpg
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.418
Поени од реакции
4.248
Првото изгледа ветувачко, ама не може со сигурност да кажам додека не се исече или исполира.
Второто или мермер или кварц(зависи од мохова тврдина и реактивност)
Како третото најдов на вардар, регираше со оцет.
Со другите 2...
за претпоследниот ...дали гледам парчиња кристал на него? Дали е напревен од зрна кристали
И последниот ...може да е черт, ама треба да го намокриш за да бидам сигурен
 
Последно уредено:
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Овој е мазен, освен кај деловите што светкаат на светлина, е сега дали се тоа кристалчиња, не знам..
IMG_20210823_203636.jpg

IMG_20210823_204744.jpg
А еве го и плавиот намокрен.
IMG_20210823_203356_1.jpg
А еве и уште еден што заборавив да го сликнам.
IMG_20210823_210437_1.jpg IMG_20210823_210644.jpg
 
Последно уредено:

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.418
Поени од реакции
4.248
Се уште не знам за полупроѕирниот. И тој ќе да треба да се сече.
Црниот можда е калцедон или черт.
Овој новиот иста приказна како белото чудо
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.732
Поени од реакции
24.350
Овој е мазен, освен кај деловите што светкаат на светлина, е сега дали се тоа кристалчиња, не знам..
Прегледај го приврзокот 304478

Прегледај го приврзокот 304485
А еве го и плавиот намокрен.
Прегледај го приврзокот 304479
А еве и уште еден што заборавив да го сликнам.
Прегледај го приврзокот 304487Прегледај го приврзокот 304488
Последниов на калцит ме потсеќа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom