Вујо секогаш ротира играчи, така беше и во минатото. Реално, Вардар изгради такво име, што кога се сведовме на само една квалитетна постава, приморани сме со сите противници да играме со прв тим, за да не јадеме фијаско. Затоа Аљушот ич не ротираше, ниту во пријателски натпревари, а и во лигата скоро секогаш игравме во најсилен состав.
Во последниот мандат на Вујо, разликата меѓу првата и втората постава не беше толку голема и ако губевме, Вујо ротираше до бесконечност додека не му се погоди денот на некого. Овојпат ситуацијата не е таква. Бековска линија со Тале и Мишевски не би победила ни со ЕК Шампион, не па со Магдебург. Не знам дали Вујо ме беше запознаен со (не)квалитетот на македонскиве пополнувачи на места во тимот, ама мене ми изгледа доста изненаден од тоа какви дрва се. Потајно сите се надевамњ дека ќе ги измотивира да играат, ама знаеме дека толку им е квалитетот.
Мислам дека повеќе време треба да посвети на воигрување на првата постава, затоа што мене ни тие не ме убедија дека се спремни за ЛШ. Кудиз мене ми е дрво досега, а и Гурбиндо настапува ревијално. Не знам зошто спортски работници како Михо и Вујо кои се 100 години во ракометот, се брукаа дека тимов сега бил 40% посилен од лани, кога тим без среден бек разигрувач, едноставно нема просперитет во ЛШ.
Нема топки за внатрешната линија, џабе ни е добра. Не може пикерот и крилата сами да си направат акции.
За квалитетот на Вујо во сегашниот Вардар, уште не би коментирал, ама веројатноста да се исполни она што го тврдев минатата сезона е голема.