Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.431
Поени од реакции
18.392
@bijons ако можиш да ми го толкуваш овај дел. Не го разбирам целосно.

SARS-CoV-2 vaccination is known to induce antibodies that recognize also variants of concerns (VoCs) of the virus. However, epidemiological and laboratory evidences indicate that these antibodies have a reduce neutralization ability against VoCs. We studied binding and neutralizing antibodies against the Spike RBD and S2 domains of the Wuhan-Hu-1 virus and its alpha and beta VoCs and of seasonal betacoronaviruses (HKU1 and OC43) in a cohort of 31 health care workers vaccinated with BNT162b2-Comirnaty and prospectively followed post-vaccination. The study of sequential samples collected up to 64 days post-vaccination showed that serological assays measuring IgG against Wuhan-Hu-1 antigens were a poor proxy for VoCs neutralization. In addition, in subjects who had asymptomatic or mild COVID-19 prior to vaccination the loss of nAbs following disease can be rapid and protection from re-infection post-vaccination is often no better than in naïve subjects. Interestingly, in health care workers naïve for SARS-CoV-2 infection, vaccination induced a rapid and transient reactivation of pre-existing seasonal coronaviruses IgG responses that was associated with a subsequent reduced ability to neutralize some VoCs.

Абстракт од оваа студија.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.732
Поени од реакции
27.719
и поради можните мутации
А можните мутации се најмногу порадииии... невацкинираните кои овозможуваат повеќе простор на вирусот?
Or so I thought.
Овој нобеловецов има нешто друго да каже
ноооо шо знае он, многу други веднаш го дискредитнале, ако прочиташ на меинстрим медиумите :)
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.383

Сите до сега детектирани варијанти, вклучувајќи ја и делта варијатнтата се откриени пред почетокот на вакцинацијата така што муабетот не држи вода. Ова е веќе доста пати расправано тука.
Инаку Лук Монтгарниер тврди дека сите вакцинирани ќе умрат во рок од 2 години, така што процени сам колку во моментов тој човек е релевантен, а веќе едно 15тина години неговиот углед и работа се на климави нозе.

Инаку не е прв нобеловец кој покасно во својот живот застранува и застапува налудничави идеи. Има дури и термин за таквите „Нобелова болест“. https://en.wikipedia.org/wiki/Nobel_disease
Додуше не е само тоа кај нобеловците, доста честа појава е луѓе кои биле некој и нешто и релевантни во некое поле да застранат на стари години. Очигледен пример е адмиралот Давор Домазет Лошо. Еден од главните луѓе на военото разознавање на ЈНА и после тоа на ХВ и еден од планерите на Олуја. Денес тој човек во пензија ги користи тие референци и е редовен гостин на алт-рајт подкасти. Во моментов е најпознат како геополитички теоретичар на завери и дава апсурдни тези за некакви си светски завери.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
10.229
Поени од реакции
18.146
Тоа дека форумов, како и остатокот од социјалните мрежи е полн експерти. И сите со различни мислења, па некој ке погоди. :)
Еми ако беше работата за кој ќе погоди океј, ама некој викаше дека е апсолутно во право. Знаеш, на работа кај такви летаат одма, бидејки коа ќе кажеш нешто дека знаеш се очекува да го подкрепиш тоа.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.732
Поени од реакции
27.719
Инаку не е прв нобеловец кој покасно во својот живот застранува и застапува налудничави идеи. Има дури и термин за таквите „Нобелова болест“. https://en.wikipedia.org/wiki/Nobel_disease
Дада сеа само што го читав ова... лол.
Дај линк за тоа дека рекол за 2 години ќе умрат сите.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.229
Поени од реакции
18.146
Да, затоа и се спрема трета доза и се прават истражувања околу тоа. За не дај Боже и поради можните мутации и можното опаѓање на нивото на заштита после одреден временски период.
Ама чекај сеа, не беше промовирано вака. Беше кажано еднаш за да заврши пандемијата. И ти памтам правеше кост бенефит анализа тогаш вирус према вакцина, па кажи ми се каков е кост бенефитот за вакцина што ќе ја примаш на секој 6 месеци за 20 годишен човек. Избери си Аз или фајзер, да пресметаме.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Отвараш форум,влагаш у тема Ковид и читаш дека Топла и Тенеќе се против вакцинација.Моментално поаѓаш према поликлиника Букурешт да се вакцинираш знаејки дека си постапил исправно.Властите ако сакаат кампања за вакцинација да спроведат,само нека поделат флаери со скриншотови од нивни постови.За една недела сите ке се вакцинираат
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.383
Ама чекај сеа, не беше промовирано вака. Беше кажано еднаш за да заврши пандемијата. И ти памтам правеше кост бенефит анализа тогаш вирус према вакцина, па кажи ми се каков е кост бенефитот за вакцина што ќе ја примаш на секој 6 месеци за 20 годишен човек. Избери си Аз или фајзер, да пресметаме.
Е добро де, се менува ситуацијата и фактите покажуваат сега нешто друго. Исто така фактите покажуваат дека и со намалена заштита вакцините го отапеа бранот на делта сојот. Фактите исто така покажаа дека вакцините се прилично безбедни и дека предизвикаа смрт само на маргниални случаи кои можат сите да се именуваат малтене и кај скоро сите само поблаги нуспојави.

Дали некој од скептиците и антиваксерите е спремен да си ги изеде гомната околу тие факти?
 
ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
634
Поени од реакции
620
Да не излезе дека промовирам други сајтови ама ете можете да отворите на Гостивар пресс и да видите дека од официјални извори во Гостивар починале 10 лица од 12-16.08 од кои 6 невакцинирани, 3 вакцинирани и за 1 лице немаат податоци.
Отворете на телевизија стар (штипска локална) каде има податок дека во болницата во Штип има сместено 17 пациенти од кој 9 се вакцинирани (повеќе од половина) и има 10 со кислородна подршка.
Тоа дека вакцината штити 99% од хоспитализации и смрт никако не го разбрав со овие податоци
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.431
Поени од реакции
18.392
Еми ако беше работата за кој ќе погоди океј, ама некој викаше дека е апсолутно во право. Знаеш, на работа кај такви летаат одма, бидејки коа ќе кажеш нешто дека знаеш се очекува да го подкрепиш тоа.
Види од она што го гледам, проблемот е во тоа што политичарите оставија на корумпирани медицински авторитети во комбинација со научни нердови.

Овие вториве се лудаци, мислам за нив ова е нормално. Едноставно сега статистиката вели едно, утре за нив нормално е да вели друго.

И нив тоа не ги загрижува, туку одма се спремни и тоа самите да си вбризгаат нова доза, нов тип. Ги гледам намалена е eфикасноста на Фајзер, нема проблем, ајде да почниме да даваме 4 дози во период од 18 месеци.

Или примил еве сега пред неколку месеци Новакс (нова вакцина уште не одобрена) сега веќе прашува дали можи да прими бустер.

Корумпираните медински лица реално манипулираа со бројки, а политичарите беa желни за резултат.

И капак лани стана права трка кој прв ќе направи вакцина и тоа подобра од другите.

Русите први ја заебаа работата и уште во септември кога не им беше завршена трета фаза тестирање објавија дека имаат успешна вакцина и почнаа масовно вакцинирање.

Потоа кинезите излегоа со нивните инактивни вакцини.

И едноставно западот мораше да извади вакцина, затоа што во прашање е престиж. И не само што мораше да извадат, туку мораше да биди поефикасна од другите и побезбедна.

Тука посебна улога одигра што АстраЗенека излезе со проблеми.

И едноставно мРНА мораше да им УСПЕЕ. Затоа скратија на се што можеше да се скрати и штелуваа резултати за да излезат дека се пред Русија и Кина.

И така сега имаме вакцинирање на милиони луѓе со вакцини за кои уште се утврдува како функционира.

Научните нердови во моментов уживаат и ми се чини најголем дел од нив посакуваат ова никогаш да не заврши. Пари има еден тон. Не се прашува за студии. Битно е да имаш идеја. Секој ден излегуваат под 3-4 нови. Секоја следна контрадикторна со претходната.
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2018
Мислења
16.338
Поени од реакции
18.553
Да не излезе дека промовирам други сајтови ама ете можете да отворите на Гостивар пресс и да видите дека од официјални извори во Гостивар починале 10 лица од 12-16.08 од кои 6 невакцинирани, 3 вакцинирани и за 1 лице немаат податоци.
Отворете на телевизија стар (штипска локална) каде има податок дека во болницата во Штип има сместено 17 пациенти од кој 9 се вакцинирани (повеќе од половина) и има 10 со кислородна подршка.
Тоа дека вакцината штити 99% од хоспитализации и смрт никако не го разбрав со овие податоци
Гарант наместо вакцина сол и вода му ставале во шприцот таму.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.383
Дада сеа само што го читав ова... лол.
Дај линк за тоа дека рекол за 2 години ќе умрат сите.
Nevermind фејк њуз од антиваксери било тоа. Рекол дека ќе умираат вакцинираните, не дека за 2 години ќе изумрат сите.
Во секој случај тврдењата во видеото се нерелевантни. Уште пред масовна вакцинација тврди дека сите нови соеви биле од вакцините што и тогаш и сега е апсулутно неточно.
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.478
Нели рекоа дека тие што прележаа можат да с евакцинираат само со една доза фајзер? Ти рекоа ли време за ревакцинација?
Извини ако ти досадувам.:)
Прва доза ми беше, а за тоа што сум прележала не им било битно. За ре сум на 30ти.
Ова ти беше од првата или од втората доза?
Прва.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
10.229
Поени од реакции
18.146
Е добро де, се менува ситуацијата и фактите покажуваат сега нешто друго. Исто така фактите покажуваат дека и со намалена заштита вакцините го отапеа бранот на делта сојот. Фактите исто така покажаа дека вакцините се прилично безбедни и дека предизвикаа смрт само на маргниални случаи кои можат сите да се именуваат малтене и кај скоро сите само поблаги нуспојави.

Дали некој од скептиците и антиваксерите е спремен да си ги изеде гомната околу тие факти?
Види главниот аргумент им беше да се почека и беа апсолутно во право, зашто првичните податоци се неточни. Дали ќе се извини некој од вас што ги правеа будали, и сеуште ги прават, иако глеаме дека работите многу брзо се менуваат?
И дај без рекла казала факти, прилично безбедни и прилично ефикасни. Си има бројки и тие се меродавни. 1 во 25000 за тромбоза, еден во 6 000 за миокардит за испод 30 годишни. И за ефикасност се знае, за испод 50 годишни 2.3 према 1 според израел. Не мора на памет да збориме.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Инаку бев изненаден во градов колку постари се немаат вакцинирано. Гужва моментално има за вакцинирање и сигурно повеќе од 70% се постари лица. Незнам колку е паметно некој со над 50 години невакциниран да си ги пробува шансите со вирусот. И достапна е без проблем фајзер, не е како Куманово кој сака фајзер треба врски или да е автохтон.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom