- Член од
- 12 јуни 2018
- Мислења
- 515
- Поени од реакции
- 569
Целта на „Мини Шенген“ е да нема граници меѓу Србија, Македонија и Албанија
Премиерот Зоран Заев на денешниот Економски форум во Скопје порача дека крајна цел на „Мини Шенгенот“ е да нема граници меѓу Македонија, Србија и Албанија. Тој напомена дека иницијативата е отворена за сите земји од Западен Балкан. „Нашата крајна цел е да постигнеме да нема воопшто застанување...
www.google.com
Целта на „Мини Шенген“ е да нема граници меѓу Србија, Македонија и Албанија
image url
Всушност ова е фамозниот план на Тимоти Лес за промена на границите на Балканот со цел да се дојде до долготраен мир. Во неговиот план западна Македонија треба да биде припоена кон Албанија, само не беше доволно јасно каде ќе заврши источниот дел.
По ветото од Бугарија овој план се повеќе добива на тежина, односно Бугарите свесно ја турнаа Македонија(најверојатно со амин од поголеми светски играчи) кон ваква поделба знаејќи дека мнозинството од населението е про-Српски ориентирано а за воена интервенција не ни помислуваат. Со други зборови, признавањето на државава од Бугарија и нивното очекување дека работите ќе добијат поинаков терк после признавањето се претворија во тотално фијаско и веќе фрлија се во вода.
Од друга страна пак, Србите конечно ќе го остварат нивниот најголем сон а тоа е граница со Грција, поврзување на патот Вардар-Морава и лесен пристап кон солунското пристаниште. Тоа што беше неостварлив сон пред сто години, односно фијаското на Србите во солунскиот вилает каде и покрај огромните средства кои беа вложени српската пропаганда фати најмалку корени, сега со правилна политика(читај дволичност) и додворување кон словенското македонско население почнувајќи од ВСВ до денес, Србите се чини ќе го добијат она што од секогаш се чинеше како дел кој природно припаѓа кон Бугарија. Односно, дојде до измени на она што требаше да биде бугарски и српски дел во српско-бугарскиот договор од пред балканските војни за поделба на Вардарска Македонија со тоа што српскиот дел сега ќе биде албански а бугарскиот српски: