Хомосексуалност (општо)

Дали ги оправдувате хомосексуалните врски,бракови и посвојувањето на деца од страна на хомосексуалци

  • Вкупно гласачи
    1.126
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.513
Поени од реакции
37.352
Од каде се црпи енергијата да се ограничува некој, да се одредува дека е болен, безвреден за живот. за љубов, за да има семејство итн итн?
Тоа е побитно прашање...
Се собрале догматичари и расправаат од петни жили како креветот на кој што тие спијат мора сите да ги собира и да им е удобно на него!
Не бидува таа работа, не знам, да цртаме ли треба за да се разбереме...
...тој ,,кревет,, утре ќе биде пресуден за многу работи и ќе има предност пред твојот ,,кревет,, и замисли нешто што е неприродно , а со тоа добива по инерција епитет ,,ненормално,, да биде фаворизиран во сите животни сфери затоа што е ,,посебен,, кога му одговара или е ,,дискриминиран,, кога не му одговара,, а тие што се ,,собрале,, од ,,петни жили,, се токму тие кои ја гледаат иднината од ваква девијација.
Наместо да се бориме секој да има ист старт за да си го најде местото под сонцето, нормално без да прави штета на другиот, ние - очи си вадиме бидејќи двајца од ист пол се сакале и сакале семејство!
Не можело тоа, било болест... светот претежно заглавува од мнозинството „здрави“ кои не знаат кај тераат.
...не може, неприродното да најде место под сонцето, тоа мора да се поправи затоа што такви се природните закони, денес не ти прави штета живее во симбиоза со тебе, ама утре негова девијација ќе дојде до израз и не само штета ќе ти направи, туку и ќе те згази како човек што почитува природни закони, се додека не се претвориш како нив да имаш истородова сексуална љубов, а ти тоа сега не го гледаш или поточно не признаваш дека го гледаш, тешејќи се и давајќи подршка на неприродното и непознато во еволутивниот тек!
а чинот со што се избриша хомосексуалноста од психолошко растројство или ментален куршлус е акција на човекот, но тука последна природата го има зборот, како реакција,

.... дали хомосексуалноста како појава е природна, макар рекол човекот сам за себе дека не е болест и донесе закон за прогласувајќи за нормална сексуална определба , сакаш да го нацрташ или не, ниту ти ниту човекот не е господар на универзумов ниту тој е двигател и управува со природните текови, така да смири доживљај!

... пораката дадена со болеста СИДА е јасна или агажирајте се сами и ,,поправете,, ја работата сами или природата повторно ќе го земе тоа во свои раце, па Таа ќе пресуди дали е хомосексуалноста е нормална или не, (еве не го спомнувам човечкиот термин -болест),

... како што не е нормално да падне снег во август, не мора никој тоа да го нацрта, ниту да донесат закон во собрание дека е нормално да врне снег во лето, тоа сите го знаеме сакале признале или не, природно е све што е нормално и си има свој тек, а сега да се смени природниот тек поради мислење на поедини луѓе, природата нема да дозволи таа ќе најде начин да санкционира, ама проблемот што ќе нема селекција па ќе страда и тој човек што има природен тек во својот живот и ги почитува природните закони!
@callejón de la muerte
Ти наметнуваш став и кажуваш што требало, а што не требало. И се повикуваш на некои си факти и аргументи (од типот хомосексуалноста е болест или аномалија, whatever, нешто што е прилично застарено и отфрлено како такво оддамна)....
... ме чуди како може медицинско лице да каже некоја болест и аномалија може да биде ,,прилично застарено и отфрлено какво такво одамна,,?
еднаш факти и аргументи за некоја болест, па и самата болест останува forever wathever аргумент и факт, па и болест,
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.025
Поени од реакции
83.450
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.150
...тој ,,кревет,, утре ќе биде пресуден за многу работи и ќе има предност пред твојот ,,кревет,, и замисли нешто што е неприродно , а со тоа добива по инерција епитет ,,ненормално,, да биде фаворизиран во сите животни сфери затоа што е ,,посебен,, кога му одговара или е ,,дискриминиран,, кога не му одговара,, а тие што се ,,собрале,, од ,,петни жили,, се токму тие кои ја гледаат иднината од ваква девијација.
Дојди со твојот „кревет“ кај мене да го споредиме со „мојот“ кревет... ќе се изненадиш каква слобода има кај мене за разилка од кај тебе :D
Ќе разбереш што зборувам... иако мислам дека ме разбираш, само некако се плашиш од новото кое што доаѓа...

Аман не ја гледајте до толку иднината... ќе изгинеме сите од такви видовити...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.513
Поени од реакции
37.352
Дојди со твојот „кревет“ кај мене да го споредиме со „мојот“ кревет... ќе се изненадиш каква слобода има кај мене за разилка од кај тебе :D
Ќе разбереш што зборувам... иако мислам дека ме разбираш, само некако се плашиш од новото кое што доаѓа...

Аман не ја гледајте до толку иднината... ќе изгинеме сите од такви видовити...
... затоа сме/ сум тука, јас имам задача со моето раѓање од универзумот да го зачувам човечкиот род на ваков или онаков начин и да го кажам тоа што не е природно затоа што е неприродно, макар ми понудил твој кревет полн изненадување, што според твоето изнесено ,, каква слобода имало,, може ќе најдам некоја машка чорапа што не е твоја, така да Не, фала, ќе останам во мојот кревет каде ќе се знае што е гејзер, а што обелиск!
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.992
Поени од реакции
6.477
Не знам зошто се заморувате со медиуми и тв :) Тие сешто ќе ти сервираат само за да побудат омраза за нешто за кое што не треба да има човек омраза, или љубов кон нешто што вреди да биде отфрлено. Баталете медиуми...

Има начини и начини како да го кажеш тоа што го мислеш, но ти не се заморуваш со тоа... битно е да билдаш омраза кон геј луѓето и тие да немаат право да имаат љубов, да имаат семејство бидејќи тоа за тебе е болест... фати препрочитај си ги постовите, можеби ќе видиш што зборуваш, а можеби и ќе ни раскажеш зошто толку омраза и одбивност. Сигурно не си толку напален на биологијата и дали геј популацијата ќе преживее... не им си ти стопан па да се заморуваш дали ќе исчезнат или не!
Добро е што на места/функции каде што (ќе) се одлучува за овие ствари ќе бидат/стојат луѓе многу поразлични од твојот тип, кои за сите велат дека се болни или ненормални бидејќи не се поклопуваат со нивната перспектива на животот.

Се фатил за биолошки. Љубовта е биологија нели... за тебе само сексот е љубов по се изгледа... или лошо се изразуваш од брзање?

Ние сме екстремно толерантни освен кон нетолерантноста! Не може да ја криеш твојата омраза, напади и што уште не што читам тука и да се повикуваш на либералноста и како „ти скратува„ да не кажуваш што мислеш...

Секако ограничувачки ти се мислите, но насочи ги навнатре наместо кон другите... кои сте вие да одлучувате во врска со туѓата љубов?
Да не можеле геј луѓето да имаат семејство (да посвојат дете), да стапуваат во брак... зошто?
Бидејќи вам ви се гади од тоа...
Одете повраќајте во вашите домови мислејќи и судејќи за туѓите домови и семејства, друго нема лек. :)
Едноставно мора да се дозволи на секој да љуби и да има дом и семејство - без разлика што вам пола свет ви е „болен“ или „ненормален“ бидејќи вам така ви доаѓа на сон...

Најмал проблем е хомосексуалноста во општествово кое се држи на стаклени нозе... но вие си знаете :)
Јас завршувам тука, бидејќи ќе треба да се повторувам, а и вие нема да ми кажете нешто ново освен... „ненормално“ и „болест“. Оваа „војна“ секако се води на друго место... тука само летаат флаери од медиумите :)
Оф леле...ако не ми соопштеше дека љубовта е различна од биолошките норми немаше да знам, ќе се заљубував секој ден по шест пати. Зошто лажеш бре? Дај да видиме каде има омраза? Срамота е, возрасен човек си претпоставувам, ама после она кога ми пишуваше дека ќе сум умрел и дека џабе дете и све, не ме зачудува повеќе ништо.
Од онаа евиденција која постои, љубовта е помалку присутна баш кај хомосите и лезбачите. Нивните бракови и врски се пократки, поисполнети со варање и ментално и психичко изживување него кај нормалните.
Некој спомена пред некоја страна дека Коче, педерскиот Јасер Арафат :D во РМ бил киднапиран два дена,држан врзан за столица и неговиот дечко гасел цигари по него, меѓу другите видови тортура.
Каква црна љубов, овој познаникот педер ми кажуваше дека имале некоја си апликација Грајндер или нешто така и секој викенд се договарале со различен лик да се онадат. Кај педерите нема љубов туку само базични нагони (со исклучоци)

Има дури и на вики :)

The issue of domestic violence among lesbians has become a serious social concern,[4] but the topic has often been ignored, both in academic analyses and in the establishment of social services for battered women.[5]
https://en.wikipedia.org/wiki/Domestic_violence_in_lesbian_relationships#cite_note-miller-5

Вие читате воопшто што е напишано бре? Јасно и гласно, бракот или ќе остане во својата оригинална форма во која постои десетици илјади години или ќе биде отворен за сите. Не знам зошто сакате педерите да бидат привилегирани? Никој не одговори од вас на логички издржаните прашања зошто педери да имаат брак а родосексуалци, полиамористи, бисексуалци, асексуалци, лица кои сакаат да се во времен брак и остала аномалиска сексуална склоност да немаат право на брак.
И така наместо дебата ќе имаме избегнување на одговор и ад-хоминем напади и навреди.

@callejón de la muerte
Многу го тупиш со давањето предност на хомосексуалците, а всушност тебе проблемот ти е таквиот негаторски и дискриминирачки став кон тој ' минорен процент ' од популацијата. И многу се расфрлаш со терминологијата (во негативна конотација).

Ти наметнуваш став и кажуваш што требало, а што не требало. И се повикуваш на некои си факти и аргументи (од типот хомосексуалноста е болест или аномалија, whatever, нешто што е прилично застарено и отфрлено како такво оддамна)....убаво е да се повикуваш секако на факти и аргументи, ама престижот од сето тоа би било развивање на "твоја теорија" базирана на наука се разбира и размислување за прочитаното! Значи никој ништо нема против твојот светоглед и начинот на кој ги перцепираш нештата, туку начинот на кој ги интерпретираш нештата. Ти го наметнуваш твоето ко нормално, а сите мислења и ставови на другата страна од дискусијата ко ненормални.

Навистина не знам зошто се ова би му сметало на рандом човек, кога нема апсолутно никакво влијание врз неговиот живот. Зарем толку ви е фрагилно егото па се плашите од еднаквост?!

Не може да се дефинира и наметне начинот на живот на хомосексуалците исто како што не може ни на хетеросексуалците. Не постои "стандарден начин на живот".
Не не, јас не наметнувам ништо, туку работата е во тоа што вие поддржувачите на хомосексуализмот секој аргумент и факт кој го ремети вашиот наратив го сфаќате како напад, лично, емотивно.
"Многу го тупиш" не е аргумент туку обид за навреда ваљда, како и да е, нема потреба од тоа.
Немам јас никаков проблем со хомоси, освен еден лик кој го познавам немам нит пријатели нит родбина со хомо склоности, проблемот не е со хомосите како такви туку пошироката слика на едно општество каде се наметнуваат некои нови "вредности". И тоа како треба да не интересира во кој правец се движи општеството, барем за оние кои иммат деца, па и не само тие.

Ако дебатираш со некого, макар и на форум, фер е да дочитуваш што соговорникот има напишано. На неколку наврати напоменав дека нема евиденција дека хомосексуализмот е болест.
Еве што кажува Колинс речникот за Аномалија :

a deviation from the common rule, type, arrangement, or form
Тоа што по дефиниција хомо лицата се аномалија тоа не е кажано во навредлива конотација туку чисто како несоборлив факт. Нема тука простор за емоции, тоа е што е.

Хетеросексуалноста е биолошка норма, затоа и постоиме на планетава :) Да се биде хетеро по дефиниција е да се биде сексуално нормален. Се што не спаѓа во хетеро е ненормално. Лично избегнувам да го употребувам тој поим бидејќи сепак делува навредливо и свесен сум за тоа, затоа се ограничувам на поимот Аномалија.

Зошто реплицирате а не читате не ми е јасно. Напишав дека хомо лицата треба да имаат можност за цивилна унија но под друго име, никако Брак, бидејќи брак е меѓу еден маж и една жена. Исто така напишав дека не смее да има дискриминација според сексуални склоности во никој случај. Хомосексуаците се ок, но хомосексуализмот не е, и никогаш нема да биде, поради сите факти погоре набројани.
Автоматски споено мислење:

Угледајте се на @Dumbledore и на начинот на кој води дискусија, ете се можело и без навреди, без ад-хоминем, без провокации туку со логика-аргументи-факти. Има форумџии кои навистина знаат да дебатираат, @Dumbledore е еден од ретките за жал.
Другите само сакаат да истуркаат некаква агенда па си ја тераат водата на своја воденица по секоја цена.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.150
Тебе се те чуди... а мене не ми е грижа што те чуди што не...
Пак ќе ти кажам дека ќе умреш... и јас, и сите други... што е проблемот со смртта? И твоето потомство ќе остане на милост и немилост на човештвото... престани да ги доиш со омраза кон геј луѓето (ако воопшто имаш потомство, или тоа е се во некое идно време), па бракот да не бил брак, ќе го нарекуваме тим... од каде идеиве?

Бракот ќе добие нова дефиниција каде што полот ќе биде излишен! Ок? Тоа е целта... за да не може да кревате врева што можат што не луѓето што наумиле да имаат семејство и да уживаат во животот како ти што уживаш и имаш право да уживаш.
И тоа е вака бидејќи ти љубиш различен пол... тоа те прави подобар, а реално не си подобар во ништо од геј луѓето.

Евиденција имало за љубовта... помалку постоела кај хомосексуалците... немој така, не чини :)
Исто има нешто и евиденција дека помалку рамнотежа има кај хомосексуалците и се полоши возачи... каде бре вака?
И потоа „Најди ми омраза“. Мирисаш на омраза, не треба да барам да видам, ќе ми се згади...

Геј луѓето ако сакаме да бидат дел од општеството ќе мора да имаат се исто со нас, другите...толеранција 100% ништо помалку не вреди...
Дали е јасно? Ако не е, тука сме да удриме пропаганда до коска :D

Дома ќе го учите детето дека геј луѓето се болни и зло, во училиште и во светот ќе учи дека не е така... кој ќе победи? :) Човештвото е вечно, ние како единки - не. ;)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997

Може и културно да се измести вагонот од шините, не е тешко, само треба да се чита многу внимателно. Ама реториката е идентична од пред 4-5 години. Наративот е тој, темите и прашањата се исти, само актерите на противничката екипа се различни.

Хепта, Луси, Агда, Хоуп, Виолетова и Византиецот не се агресивни и се фер кон мене, затоа сум благ, културен и пристоен. А последниот интересен член кој партиципира ми е влезен под кожа. :( Другите не ги ни перцепирам затоа што се тука за сеир или пишуваат само колку нешто да се напише, ниту планирам со нив да навлегувам во дебати. Мора да се приспособуваме на наративот на соговорникот ако сакаме квалитетна дебата. Во спротивно ќе имаме само квантитет.

Инаку има и конзервативни педери, како Мајло или Рубин. Дури и Бој Џорџ е доста конзервативен за одредени работи (ама сум гледал само едно интервју и не сум многу запознаен со неговите политички погледи и ставови).
Рубин беше краен либерал, па по едно интервју ги промени своите политички ставови. Сега се обидуваат да го цензурираат.
Проблемот е во тоа што секој познат (било актер, пејач, писател или спортист, бизнисмен... ) кој ќе излезе со конзервативен став, добива цензура на социјалните мрежи или добива булинг и потоа се извинува! Реториката на Холивуд е крајно лева. Елитата секогаш знае што е најдобро за рајата. :D

пи.ес. @Reptilian , пмс или на што се должи оваа серија од различни реакции на секој можен пост на секоја можна тема?
 
Уште еден кумбаја пост со некакви обиди за навреди.
Дај да видиме каде е таа омраза, кои се тоа зборови или постови.
Ваквите реакции со цел да се омаловажи соговорникот се добро познати, па дури се споменува и фамилијарна состојба, особено меѓу "прогресивните", соочени со аргументирана и поткрепена со факти дискусија. Блам. Чудно како не ги мрзи некои папагалски да повторуваат едно те исто, на сто места споменав дека хомо популацијата не се болни, а овие пак тоа па тоа, дислексија нешто или?

Само полот ќе биде излишен? А бројот на брачни партнери? Времетраењето? Па што да не и со предмети, зарем љубовта кон Харли Дејвидсон да не смее да се круниса со брак? Кои сме ние да судиме! :angel:

Тоа што хомосексуалните лица имаат инхерентни проблеми со самото тоа што се хомосексуални е едноставен факт. Што да им праиме, такви се, умираат многу помлади него нормален народ. Голема услуга им прават либералите со тапшање по рамо.
Автоматски споено мислење:

Може и културно да се измести вагонот од шините, не е тешко, само треба да се чита многу внимателно. Ама реториката е идентична од пред 4-5 години. Наративот е тој, темите и прашањата се исти, само актерите на противничката екипа се различни.

Хепта, Луси, Агда, Хоуп, Виолетова и Византиецот не се агресивни и се фер кон мене, затоа сум благ, културен и пристоен. А последниот интересен член кој партиципира ми е влезен под кожа. :( Другите не ги ни перцепирам затоа што се тука за сеир или пишуваат само колку нешто да се напише, ниту планирам со нив да навлегувам во дебати. Мора да се приспособуваме на наративот на соговорникот ако сакаме квалитетна дебата. Во спротивно ќе имаме само квантитет.

Инаку има и конзервативни педери, како Мајло или Рубин. Дури и Бој Џорџ е доста конзервативен за одредени работи (ама сум гледал само едно интервју и не сум многу запознаен со неговите политички погледи и ставови).
Рубин беше краен либерал, па по едно интервју ги промени своите политички ставови. Сега се обидуваат да го цензурираат.
Проблемот е во тоа што секој познат (било актер, пејач, писател или спортист, бизнисмен... ) кој ќе излезе со конзервативен став, добива цензура на социјалните мрежи или добива булинг и потоа се извинува! Реториката на Холивуд е крајно лева. Елитата секогаш знае што е најдобро за рајата. :D

пи.ес. @Reptilian , пмс или на што се должи оваа серија од различни реакции на секој можен пост на секоја можна тема?
Тоа е интересно. Освен Бој Џорџ не ми се познати останативе кои ги спомена, но конзервативноста применета во хомосексуален контекст би значела голем чекор напред за нив бидејќи моногамијата како една од неколку фактори драматично би ги намалила бројот на проблеми со кои се соочуваат хомосите.
Овој познаников педер има Хеп-Б и некаков синдром со ректумот, слично на инконтинентност а сето тоа поради сексуален екстремизам (број и квалитет на партнери).
Кога го прашав зошто не си фати дечко за озбилно ми вика тоа било преживеана работа, не сакал да се замара само со еден тип цело време, не го интересирале врски туку само секс. А пази порано имаше врска со женска (типот е бисексуален) па ја лажел дека ќе се земат, па 4,5 години заедно се додека таа не дознала (или претпоставувам дека и пренел Хеп скраја било)...
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Пушти си некоја епизода од The Rubin Report. Политичка емисија, обично носи или конзервативни соговорници или прави атмосфера за дебата меѓу гости за одредена тема. Dont burn this book може да ја прочитам, ама прво имам одредени обврски, малку да се ослободам и сакам да прочитам сѐ што ми тежи на листите низ годиниве.

Мајло беше политички оратор, најчесто го напаѓаше феминизмот и спреку тоа се прослави. Беше интересен, ама кариерата му оди во надолна линија и мислам дека веќе нема ни платформа. Но пред 4-5 години беше доста актуелен.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
Тоа што хомосексуалните лица имаат инхерентни проблеми со самото тоа што се хомосексуални е едноставен факт. Што да им праиме, такви се, умираат многу помлади него нормален народ. Голема услуга им прават либералите со тапшање по рамо.
Па не е ли тоа умирањето помлади заради стигмата, неприфаќањето и предрасудите во општеството?!

Па ете, депресии, анксиозност, самоубиство итн.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.992
Поени од реакции
6.477
Пушти си некоја епизода од The Rubin Report. Политичка емисија, обично носи или конзервативни соговорници или прави атмосфера за дебата меѓу гости за одредена тема. Dont burn this book може да ја прочитам, ама прво имам одредени обврски, малку да се ослободам и сакам да прочитам сѐ што ми тежи на листите низ годиниве.

Мајло беше политички оратор, најчесто го напаѓаше феминизмот и спреку тоа се прослави. Беше интересен, ама кариерата му оди во надолна линија и мислам дека веќе нема ни платформа. Но пред 4-5 години беше доста актуелен.
Гуглнав троа за овие што ги спомена, тој Мајло нешто заговарал педофилија? :eek:

Имам куп материјал на стенд-бај слично како и ти, ќе го ставам во ноутпед тоа Рубин репорт заради твојава препорака па кад доџе на ред :)
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.992
Поени од реакции
6.477
Па не е ли тоа умирањето помлади заради стигмата, неприфаќањето и предрасудите во општеството?!

Па ете, депресии, анксиозност, самоубиство итн.
На прва би се помислило дека е така, но не е.
Холандија, земја каде хомо е легално 210 години (замисли Наполеон харал во време кога холанџани легализираат хомо), каде хомо лицата се целосно прифатени имаат привилегии можат да посвојат и што све не, дури и таму бројот на суицид и обиди и остали психо-физички проблеми е значително поголем од нормалната популација.
Исто важи и за Канада, САД, УК, Скандинавија и остали места на запад. Заклучокот е дека стигма, предрасуди и неприфаќање играат минорна улога во тоа.

Главен проблем, според мене (веројатно грешам но како и да е) имајќи предвид скромното искуство со познанство на хомо особи би било неприфаќањето на самите себе дека се хомосексуални. Од тоа произлегуваат и други психички состоби понатаму.

Друг фактор е развратот и промискуитетот кој на долги патеки носи големи ризици, не е само ХИВ во прашање, постојат десетици СПБ.
Имаше еден случај во Британија каде хомосексуалец имал набавено брдо ГХБ (дрога за силување) и така ќе отидел во пабови, се запознавал исклучиво со стрејт мажи, ги поканувал во станот на по еден џоинт и овие пијани често прифаќале. Низ годините силувал околу 200 стрејт мажи се додека последниот обид дрогата не успеала да ја зомбира жртвата па јадел ќотек скоро до смрт. Осуден бил на whole-life-tarrif.

Не ми е јасно зошто кај хомо лицата сексот е главен мотив за живеење?!
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.150
Зборуваме за геј популација, двајца од ист пол, кои се сакаат и имаат секс :) Не зборуваме за другите, сакале 3 жени и 2 мажи брак итн итн...
Чекај да ја разбиеме идејата дека се не е болест, потоа и другото :)

Да, полот ќе биде излишен за дефинирање на бракот... тоа е повеќе од јасно дека е препрека и мора да се тргне ако сакаме да геј луѓето да може да стапуваат во брак, а со тоа и да посвојуваат деца, да бараат сурогат мајки ако се мажи... тоа за во иднина... реков дома сигурно ќе повраќате од тоа што комшијата е геј и имаат дете кое, замисли, го воспитуале за чудо подобро од вашето дома... само замисли ;)

„Болни“, воспитуваат дете подобро од „здравите“... кај ли ќе замине општеството тогаш... „ужас“!!!
Главен проблем, според мене (веројатно грешам но како и да е) имајќи предвид скромното искуство со познанство на хомо особи би било неприфаќањето на самите себе дека се хомосексуални. Од тоа произлегуваат и други психички состоби понатаму.
Сите се прифаќаат какви се, и многу поеќе трошат време да се спознаат што се, зошто се итн итн од хетеро кои како се да им е дадено, за нив... како на времето белците во однос на црнците... но заради конезрвативното однесување на општеството, мора „да не се прифаќаат“ и да потиснуваат кои навистина се... бидејќи ќе им скокнат како „се болни“ и „не смеат ова или она“...
А тоа создава пробелми кај било кој што потиснува било што заради друг.

Мора да се менува општеството макар тоа да значи и распад на истото... бидејќи ова сега, не е добро за никој... барем што читам ете на пример по форумов, за основни ствари луѓето се ограничуваат и се сметаат или за зло или за болест....
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.992
Поени од реакции
6.477
Зборуваме за геј популација, двајца од ист пол, кои се сакаат и имаат секс :) Не зборуваме за другите, сакале 3 жени и 2 мажи брак итн итн...
Чекај да ја разбиеме идејата дека се не е болест, потоа и другото :)

Да, полот ќе биде излишен за дефинирање на бракот... тоа е повеќе од јасно дека е препрека и мора да се тргне ако сакаме да геј луѓето да може да стапуваат во брак, а со тоа и да посвојуваат деца, да бараат сурогат мајки ако се мажи... тоа за во иднина... реков дома сигурно ќе повраќате од тоа што комшијата е геј и имаат дете кое, замисли, го воспитуале за чудо подобро од вашето дома... само замисли ;)

„Болни“, воспитуваат дете подобро од „здравите“... кај ли ќе замине општеството тогаш... „ужас“!!!

Сите се прифаќаат какви се, и многу поеќе трошат време да се спознаат што се, зошто се итн итн од хетеро кои како се да им е дадено, за нив... како на времето белците во однос на црнците... но заради конезрвативното однесување на општеството, мора „да не се прифаќаат“ и да потиснуваат кои навистина се... бидејќи ќе им скокнат како „се болни“ и „не смета ова или она“...
А тоа создава пробелми кај било кој што потиснува било што заради друг.

Мора да се менува општеството макар тоа да значи и распад на истото... бидејќи ова сега, не е добро за никој... барем што читам ете на пример по форумов, за основни ствари луѓето се ограничуваат и се сметаат или за зло или за болест....
Пак тој болест та болест, не е можно ова :facepalm: По 400-ти пат, нема евиденција дека хомосексуализмот е болест. Да потцртам, да изберам поголем фонт, што е проблемот?

Основната премиса кога се зборува за брак помеѓу лица од ист пол е дека отсуството на можност за брак е дискриминација.
Но со давање привилегија на хомосите воопшто не се адресира прашањето на дискриминацијата кога станува збор за брак, баш поради бисексуалци, полиаморни, асексуалци, љубов кон неживи предмети, брак на одредено време, родосексуалци и други.
Како што реков, или бракот е заедница на еден маж со една жена или е anybody`s game.
Што ќе добие општеството со промена на бракот како институција? Што ги спречува хомо и лезбо лицата да направат цивилна унија на која ќе и дадат друго име различно од брак и крај приче?
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
Друг фактор е развратот и промискуитетот кој на долги патеки носи големи ризици, не е само ХИВ во прашање, постојат десетици СПБ.
Ама веќе зборев за ХИВ вирусот. Вирусите ги напаѓаат сите луѓе, без оглед на нивната сексуална ориентација. Всушност, во светот, најголемиот дел од хив трансмисијата се јавува преку хетеросексуален контакт. И не само сексуално, се шири и преку размена на телесни течности, како што се крв, сперма и мајчино млеко.

Значи исто е и за другите сексуално преносливи болести и се поврзува главно со некористењето кондом затоа што нели нема ризик од непланирана бременост. Тоа е таа сексуална неедукација!

Инаку, здравиот медицински разум вели дека сексуален однос без заштита (без разлика на полот и сексуална ориентација) може да доведе до СПИ и се препорачува секогаш да се користи кондом за време на сите сексуални акти.

И пак за развратот и промискуитетот причина број е еден суровиот свет и неприфаќањето не само од општеството туку и од најблиските членови на семејството. Тоа повлекува со себе многу потешки животни патеки, не само за врски и семејства, туку и образување, вработување итн, па така на некој начин се "осудени" на промискуитет.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom