Предпоставувам дека не преживеале децата на посиромашните.
Плус Груг и екипата ќе тркнат до соседната долина, ќе ги убијат мажите и довлечкаат жените за расплод но и мене ми е малку чудно 17 - 1.
Мислам дека во дел Африка и Арапските земји 10% од најбогатите мажи ги женат 30% од жените.
Имам работено со Хинди и еден Сик имаше, тие ми кажуваа дека таму е 1 : 1

Мене ми беше чудно дека тие 3-4што беа сите беа женети со договорен брак па ми објаснуваа дека ние на запад (јас демек од запад, мош мислит) сме биле глупи, ми покажуваа слики од сопругите и како имале успешни бракови, кој ќе ги знае.
Нормално, се знае маж од иста каста со жена од иста каста, дури и во денешно време.
Екипата ризикува и да биде десеткована и наместо да оплоди жени да заврши во некој ендек избушен од стрели. Агресивното поведение било екстремно ризично. Една обична површинска рана можела да загнои, обична посекотина сепса гангрена и смрт.
Настрана што бројот на жени во тие заедници бил од 7-8 до 15-20, и тоа ни од далеку сите во возраст за носење деца. Плус тој Груг ќе требало сам да ги оплоди сите а неговите колеги кои се бореле со него за да освојат жени да стојат со онаквото во раце па да се дојде до 5-6 : 1 ама пак бе, 17-1
Не може да е 17-1, физички не е возможно

А тоа за шеријатски земји да, нели шеријатот дозволувал до 4 жени. Е сеа пошто денес глобално односот на жени и мажи е 50-50, не знам дали во тие земји има повеќе жени или пак милиони мажи остануваат без жена цел живот, и после расадник на фанатици е па тоа ти е, млади мажи во напон на сила без никаков пристап до женско ради средновековни норми и зачленувај се по ИД и остали фракции па ако ништо друго ќе падне некое силовање. Ама тоа друга, тажна тема...