Хомосексуалност (општо)

Дали ги оправдувате хомосексуалните врски,бракови и посвојувањето на деца од страна на хомосексуалци

  • Вкупно гласачи
    1.127

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Зошто да сменам нешто околу ориентацијата? Сексуалната ориентација нема да влијае на врската со моето дете, на неговото професионално усовршување, односот негов со сопствените деца и бивањето родител. Од друга страна, моето неприфаќње и осудување може да влијае на неговата психолошка состојба, па дури да има и фатален исход. Би сакала моите блиски луѓе да се чувствуваат безбедни и сакани без разлика како ги бираат партнерите.
Денеска еве не знаеш како, ама утре може ќе се најде некој начин. Ќе го направиш тоа без многу да знае...ќе му промениш средина, ќе бидеш повеќе со него/неа и ќе разговараш на таа тема, може ќе се најде некој медикамент у меѓу време....може има а не го знаеш па ќе проталашкаш по нет.
Еве просто прашање, една хипотетичка ситуација....имаш син и гледаш дека станува геј, ако можеш со некое апче да го смениш тоа преку ноќ дали би го направила?
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.516
Поени од реакции
11.482

Не.

Ако е здрав, жив, среќен, исполнет, успешен, придонесува во општеството нема да ми биде гајле дали сака мажи или жени. Ќе бидам најсреќна мајка на светот.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Не.

Ако е здрав, жив, среќен, исполнет, успешен, придонесува во општеството нема да ми биде гајле дали сака мажи или жени. Ќе бидам најсреќна мајка на светот.
Ама ти можеш да го смениш тоа уште и пред он самиот да знае, дали ќе го смениш ако можеш?
 
J

joli1

Гостин
Имам другарчиња што се геј и за добар дел од нив никој не би ни помислил дека се со таква сексуална ориентација.

Фрката е у тоа што они се свесни за што тоа ги привлекува, но истите не се рекламираат на ФБ, инстаграми, не постираат ништо у врска со LGBT и се дистанцираат од таквите заедници, не поради стигматизација и страв, туку поради тоа што тие LGBT заедници се најчесто скуп на дебили и дегенерици со криза на идентитет и attention seeking понашање.

Тоа прајд парадата каде што се облекуваат у BDSM срања и латекси и се понашаат ко умоболни е една од главните причини зашто до ден денес има толкава стигматизација.

Никој никого не боли к*р за тоа кој што прави меѓу четири ѕида, проблемот настанува кога упорно пробува да се наметне педерлукот како некоја нормалност и кога се таргетираат млади луѓе со тешка пропаганда која само ќе им створи криза на идентитет и несигурност у својата сексуалност.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.516
Поени од реакции
11.482
Ама ти можеш да го смениш тоа уште и пред он самиот да знае, дали ќе го смениш ако можеш?
Нема да менувам ништо што е природно на моето дете.

Пред некој ден размислував за животната судбина на една мајка на криминалец и тежок наркоман од моето опкружување. Жената остана без пари, без маж и со нарушено здравје, ама до последно не се откажа од своето дете. Правам паралела, наркоманијата е патолошка работа, а хомосексуалноста не е! Дури и да ми е наркоман детето не би се откажала од него. Тоа значи дека јас сум потфрлила како родител и не сум го изнела на прав пат. Грешката ќе ја барам во мене, не во детето.
Автоматски споено мислење:

@Bodhidharma , хипотетичка ситуација, ти да беше геј ќе сакаше да бидеш прифатен од твоите родители или да ти свртат грб и да те остават на милост или немилост?! Да те третираат ко болен и да те носат по лекари само за да те излечат од нешто што е неизлечиво затоа што не е болест?!
 
Последно уредено:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Нема да менувам ништо што е природно на моето дете.

Пред некој ден размислував за животната судбина на една мајка на криминалец и тежок наркоман од моето опкружување. Жената остана без пари, без маж и со нарушено здравје, ама до последно не се откажа од своето дете. Правам паралела, наркоманијата е патолошка работа, а хомосексуалноста не е! Дури и да ми е наркоман детето не би се откажала од него. Тоа значи дека јас сум потфрлила како родител и не сум го изнела на прав пат. Грешката ќе ја барам во мене, не во детето.
Ама природно е да не е геј, еве да речеме хипотезата за тестостеронот у ембрионална фаза што го обликува мозокот. Не си припазила на таа работа и детето ти е со обратна ориентација. Што е тука природно?
И зошто ако може да не се реши таа работа со некој стероид да речеме, провирон да го земеме да речеме, чисто да биде хипотетичкава ситуација посодржајна.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Не, објасни да не гуглам :D
Види ПП и не биди мрза. Знам дека сакаш теории на заговор. Прочитај за тогашните научници кои сметале дека науката секогаш оди само напред.

Не треба да се експериментира со педерите. Ама темава опфаќа 3 точки, врски, бракови и посвојување.

Кај нас, во домовите има околу 600 дечиња. Годишно се посвојуваат околу 50тина. Дел никогаш нема да бидат посвоени затоа што се речиси возрасни т.е. скоро сите сакаат да посвојат мало дете. Може да се игра на картата "згрижувачки семејства" каде некое семејство може да прифати одредено дете. Сега тоа се реализира.
Треба да се подобрат и условите во домовите. Сега има мали групни домови каде дечињата учат да бидат функционални. Тоа е голем прогрес.
И треба да се поедностави постапката за посвојување. Многу парови се одбивани и многу се откажуваат. При одбивањето се наведуваат и причините.
Последно нешто е тие дечиња да бидат посвоени од хомо заедници.
Тука е каменот на сопнување, затоа што веќе кажав, тоа не е приватно, туку јавно.

Ама кај нас немаа храброст правото на брак да го стават на маса, не пак прашањето за посвојување. Одма Зекири заби глогов колец во срцето на Мила.

Другото прашање кое се појави е да бидат регистрирани како вонбрачна заедница (мислам дека беше над 5 години каде се израмнува со брачната) каде се имаат наследни права. Ама и тука имаат алатка- договор за ортаклак.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
@Bodhidharma , хипотетичка ситуација, ти да беше геј ќе сакаше да бидеш прифатен од твоите родители или да ти свртат грб и да те остават на милост или немилост?! Да те третираат ко болен и да те носат по лекари само за да те излечат од нешто што е неизлечиво затоа што не е болест?!
Ја гледаш семантички работава и си у некоја умствена илузија. Пази го ова.
За да не се лутат сите геј луѓе ние не викаме дека е болест....тоа подразбира следно:
Никој да не се бори да ја опраи работата......тоа е фатално за идните генерации.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.516
Поени од реакции
11.482
Ама природно е да не е геј, еве да речеме хипотезата за тестостеронот у ембрионална фаза што го обликува мозокот. Не си припазила на таа работа и детето ти е со обратна ориентација. Што е тука природно?
И зошто ако може да не се реши таа работа со некој стероид да речеме, провирон да го земеме да речеме, чисто да биде хипотетичкава ситуација посодржајна.
Повеќето ендокрини студии не успеале да ја докажат поврзаноста на нивото на хормоните и сексуалната ориентација. Сеуште се тоа само шпекулации. Веќе поназад го спомнав тоа кога дискутирав со Дамблдор.

Ако жената има хирзутизам, не значи дека е лезбејка. Или ако мажот има гинекомастија, не значи дека е геј. Андрогените т.н машки хормони се присутни и кај двата пола и немаат никаков ефект врз сексуалната ориентација. Имаш луѓе со гонадални тумори, трауми и хирушки интервенции, па тоа не им влијаело на сексуалната ориентација. И имаш хомосексуалци со идентични нивоа на хормони ко и хетеросексуалци.

И трето, дали ти мислиш дека е етички да користиш стероиди, само за да детето не ти биде геј?
 
Етички!?
Ја би го поставил прашањето у друга насока, дали е етички да го оставиш детето да ти биде геј затоа што лошо се осеќале луѓето ако ги третираш како заболени?
Дали би му било подобро да биде како сите нормални или не?
Со една проста работа.
 
Mon cherrie, дали е етички да го третираш детето како болно, само заради тоа што лошо се осеќале луѓето кои во 21 ви век сметаат дека хомосексуалноста е болест?! Ова му доаѓа како омаловажување на хендикепирани лица!!!

Не ми одговори на тоа како го објаснуваш истото ниво на хормони кај хетеросексуалци и хомосексуалци во зрело доба. И кај овие со гонадланите тумори, траумите и интервенциите. Не ми одговори затоа што гонадектомијата не влијае на сексуалната ориентација, ниту пак третманот со андрогени и естрогени.
 
Ќе го третирам ако можам да му помогнам....исто може еве и со аутизам да земеме пример. Ќе стане нормално да си аутистичен за некое време и ќе нема потреба од третирање, затоа што омаловажувања ќе имало :icon_lol:
Иначе за нивоата на хормони...јас само хипотетизирав, што ако одредени стероиди да речеме би помогнале да се вратат у нормала одредени луѓе. И тоа на предпубертетска возраст ако може.

Иначе сосема можно е да го воспиташ детето ич курот(и ако го има и ако го нема:)) да не му чуе за туѓо мислење, за сите срања со кои ние обичните смртници се справуваме.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.932
Без обиди за квази сарказам, препорака да се преслуша докторов кој нуди интересна теорија....

На кратко, хомосексуалноста кај мажите е активирана од природата како механизам да се разводени агресивноста... за подобар опстанок, плус како начин на природата да контролира бројчаност на популација.
Женската хомосексуалност мисли дека е од слични причини, но акцентот е на машката.

Љ.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom