Под 
обрежување (
циркумцизија), или почесто 
машко обрежување се подразбира оперативен зафат со кој се отстранува кожичката која го покрива врвот на 
пенисот. Повеќето педијатриски здруженија, вклучувајќи ја и 
Американската Академија за Педијатрија, не препорачуваат рутинско обрежување. Нивната препорака е одлуката за циркумцизија да се препушти на родителите. Следните причини може да влијаат на одлуката за циркумцизија:
- Религиозни причини: во некои религии циркумцизијата се практикува ритуално. На пример, кај евреите и муслиманите.
Која е користа од обрежувањето?Уреди
Обрежувањето на Исус Христос, слика од 
Лудовико Мазолино
Во врска со ова прашање, се цитираат следните потенцијални користи:
- Помал ризик за инфекции на мочните канали.
- Помал ризик за редок облик на рак на пенисот.
- Нешто помал ризик за добивање на сексуално преносливи болести (СПБ).
- Полесно се одржува хигиена на пенисот.
- Помал ризик за карцином на грлото на матката кај партнерките на обрежаните мажи.