Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
^На Институт за претклиничка и клиничка Фармакологија и Токсикологија во рамки на нивните студии за лекови кои ги прават врз доброволци, протоколарно е забрането испитаникот/доброволецот да биде пушач, како и да конзумира алкохол денови пред да влезе во самата студија. Во процесот на прием на испитаникот, се прават комплетни лабараториски испитувања на крв и урина, а подоцна и хроматографски анализи на крв во распон од 15 минути или половина час, зависно од лекот и што наложува самата студија, за одредување на концентрацијата на самиот лек во крв на одредениот временски интервал.

Дали прават секогаш исклучиво така? Не, повеќето испитаници им се пушачи кои тегнат цигарче пред да влезат во самиот институт. Дали некогаш се концизни и строги дека не смее пушење и алкохол една недела пред почетокот на студијата - да, зависно од лекот, бидејќи на одредени лекови, влијае никотинот - врз нивниот метаболизам. Но, не врз сите, и познати се тие работи- врз кои влијае а врз кои не.

Дали никотинот ќе ги смени резултатите од лабораториски испитувања кои се прават со дијагностичка цел, како нешто најосновно пред било какво прифаќање и понатамошен третман на пациентот, пример ензими на црн дроб ? Веројатно не.
... за да би знаеле сите овие финеси при лабораториско испитување би требало истите да бидат применети барем со препорака што треба да се прави т.е. да не се прави пред давање на крв за тестирање, дали тоа кај нас е забележително и внимателно спроведувано? јас мислам НЕ,
... за пример, ај внимавај некогаш во земање примерок на крв за скрининг (д-димери) како секогаш цитратната епрувета (плаво капаче) е последна во тој вакуум врзан систем на земање на крвта за тестирање, ај примети некогаш дали при внес на последната цитратна епрувета претходно ја ослободуваат раката од стегачот (езмарк) и крвта тече од ослободена вена? и дали истата таа епрувети веднаш ја превртуваат нежно најмалку 5 пати и веднаш ја носат на испитување?

дали некој внимава на тоа, можеби не знам, но јас често приметувам дека не се запазува, па често суфлирам не така не вака кога давам крв за анализа, зашто од лично искуство ќе ти кажам за дуплирање на вредноста на д-димери при стегната рака и само ставање на епруветата на сталак со другите серолошки епрувети, па потоа паника, демек готово ,,пост коронавирус прележана инфекција,,па антитромбоични лекови поради покачени д-димери, а нема ништо од сето тоа туку покачена вредност е само поради неправилно земање крв од вена и НЕдавање на истата веднаш за испитување!

...инаку не само што пушењето на цигари пред да се даде крв за испитување на крвна слика ,,не влијае,, , па и на параметри на ензимскиот статус за одредување на функцијата на јетрата, туку самите слободни радикали од чадот на цигарите предизвикуваат т.н. оксидативен стрес со минлива леукоцитоза (покачување на леукоцитите) и одложено зголемување на активирањето на неутрофилите и други хематолошки параметри како што се WBC, MCV, па дури се смета дека и тие пасивни пушачи кои биле подложни повеќе часови во задимени простории со чад од цигари потоа да дадат крв за тестирање може да има промена, мала мала но забележителна во сооднос на гранулоцити / лимфоцити кој значително се зголеми по изложувањето, покажувајќи тренд на зголемување на гранулоцитите во однос на лимфоцитите, така да сигурно ќе има промена на вредноста на неутрофилите по пушењето и давање крв за тестирање!

... ете може некој пушач да испуши нормално како пуши цигари пред давање на крв за лабораториско тестирање, па после 10 дена без пушење нека направи повторно лабораториска анализа, што мислиш хематолошките параметри ќе бидат исти вредностите ако се споредат?

... лабораториските апаратури се осетливи како и тестовите, мое мислење дека треба да ги остраниме овие дополнителни субјективни фактори што би можеле да ни влијае дополнително на вистинскиот резултат, сега ако коментарите се ,,нема веза тоа,, ,,нема веза ова,, тогаш зошто воопшто се прават анализите, зарем на шест месеци ние не можеме да си допуштиме да сме ,,прочистени,, тотално барем 2,3 дена пред да ги направиме тие анализи, па дури дента не треба да консумираме ниту суплименти па ниту лекови, па тоа се реални добиени лабораториски вредности!

...пред секое испитување на липиден статус 4 дена треба да се јаде подиетално, а дента пред давање крв за тестирање најмалку 12 ч да не се јаде, дали тоа така го спроведуваме ? ќе јадеме јајца, мрсна храна, па следниот ден ќе решиме да направиме анализа на крв и нема да јадеме као 8 ч доста се...па потоа високи вредности на холестерол, е па високи, а се како последица токму од ова изнесеното, па потоа ќе ни препорачат лекови...и ???

...јас астора, дури вечерта ако немам мирен сон, следниот ден не идам да направам лабораториски анализи, дури и тоа го сметам за фактор кој може да делува, па сега кој како си сака, јас си кажав мое мислење!
 
Последно уредено:
...

Вечерва ако немам добар секс, да не одам утре крв да вадам!?:rolleyes:
 
Вечерва ако немам добар секс, да не одам утре крв да вадам!?:rolleyes:
... не знам што подразбираш под ,,добар секс,,, , но сигурно ако направиш анализа на сексуалните хормони можеби ќе има варијации, а урината која ќе ја дадеш за анализа ќе ти биде полна со сперматозоиди зависно каков коитус ќе имаш!
 
Пред една недела имав силно притискање во горниот дел на желудникот што резултираше со вкочанетост и трнење на рацете , нозете и лицето. Имав и отежнато дишење , нерегуларно срце биење и сува уста до степен да немам што да плукнам. После пиење вода , три пати повраќање и инфузија бев подобар тој ден , но нелагодноста и стегање околу срцето и желудникот ми траат уште.
Направив и крвна слика и ЕКГ , испитав хеликобактери и тироидна.
Хеликобактери и тироидната ми се во нормала.
Крвната слика покажа горе доле добри резултати , освен некои вредности.
Хемоглобинот , MCH , MCHC ,RDW и MPV се нешто под границата , додека CK-MB е беше нешто повисоко.
Ме интересира дали некој се разбира од овие називи и дали тие влијаат на моменталната состојба.
Бев по лекари овие месеци и се констатира анксиозност и панични напади. Но овој пат беше поинаку од паничен напад што сум имал и ако немаше кој да ме држи и однесе до Градска ќе бев колабиран негде на улица.
 
Срцев удар или миокарден инфаркт.
Највероватно имаш запушување на некоја коронарна артерија.
Направи ангиографија на срце, може ќе треба стент да ти стават.
 
Срцев удар или миокарден инфаркт.
Највероватно имаш запушување на некоја коронарна артерија.
Направи ангиографија на срце, може ќе треба стент да ти стават.
Хм, зар би им промакнало на ЕКГ? Ма да реално треба убаво да се испита зошто е качен ензимот.
 
Хм, зар би им промакнало на ЕКГ? Ма да реално треба убаво да се испита зошто е качен ензимот.
Се е можно овде. Мојот поранешен матичен доктор, откако ми направи ЕКГ, ми кажа дека сум во прединфарктна состојба. Ме усра од страв. Со резулатот отидов кај мојата пријателка доктор. Само што го погледна, рече дека ги измешале електродите
 
Срцев удар или миокарден инфаркт.
Највероватно имаш запушување на некоја коронарна артерија.
Направи ангиографија на срце, може ќе треба стент да ти стават.
Пред 3 месеци направив скрининзи за кардиоваскуларно заболување и тоа два пати кај интернист во Филип Втори и ми кажа дека нема никакви индикации за срцево заболување. Па бев пратен на невролог , таму праев и ЕЕГ и ми рече дека е сосема океј и ми препиша Хелекс за смирување и ми препорача физикална терапија бидејќи имам и спондилоза на врат. Матичниот лекар , па дури и дежурен лекар ми ги видоа резултатите од крвната слика и покачениот ензим го карактеризираа како ништо страшно тоа може да биде и од истегнат мускул. Сметаа дека за да има некаков проблем , тропонинот ќе покажел.
Ја зголемив и дозата на Хелекс за да се смирам , само проблемот е шо непријатноста во градите трае со денови веќе и дури терапија не помага.
Ако е анксиозност , мора да е друг степен на анксиозност ова , бидејќи до пред недела повеќе се манифестираше како тресење и студ во раце и тахикардија.
 
... желудникот знае да реагира при стресни еписоди, посебно со зголемено лачење на желудачна киселина, која можеби е твојот проблем што ,,уште трае,, еден антицид како Гастрогард или омепразол би можеле да ти го ублажат тоа незгодно чувство и тоа ќе биде една потврда дека проблемот е од гастроинтестинална природа!
 
Се е можно овде. Мојот поранешен матичен доктор, откако ми направи ЕКГ, ми кажа дека сум во прединфарктна состојба. Ме усра од страв. Со резулатот отидов кај мојата пријателка доктор. Само што го погледна, рече дека ги измешале електродите
Јасно ми е мене што ков на доктори имаме. Мене пред 4 години ми препишаа бета блокатор само поради една епизода на силна тахикардија индуцирана од многу непријатна ситуација која психолошки силно ми делуваше. Ниту бета блокатор ниту ништо не земав, на моја одговорност, не сакам и другите да ги наговарам на тоа - одговарам сам за себе и се познавам многу подобро од било кој доктор, но знам што точно ми се случи на мене, а и сите испитувања ми беа топ, крвна слика, ЕКГ, стрес тест.
Ми бладаше докторот дека вегетативниот нервен систем ми бил таков, што во дадена ситуација силно ми се качува и број на откуцаи и притисок, што можеби е така, но бета блокатор? Не фала, ќе шетам у природа, ќе кулирам максимално, ќе пазам на јадење и повеќе секс и решен проблем. После 4 години топ сум, све ми е во нормала, мерам све на одредено време. Имам огромен сомнеж кон нашите доктори.
 
...зависи кој бета блокатор, посебно кардиолозите ги препорачуваат кардио селективните бета блокатори, што лично мое мислење, кога не се знае главната причина за пореметениот срцев ритам кај тебе конкретно тахикардија ( ниту пак имаш историја на кардио заболување), не би требало да се даде, но не е на одмет да се пие минимална доза на неселективен бета блокатор (пример четвртинка пропранолол) доколку таа тахикардија ти била висока до граница на издржливоста, па докторот можеби помислил дека не би требало да ризикуваш да се случи повторно таква еписода на оптоварување на срцето!
 
...зависи кој бета блокатор, посебно кардиолозите ги препорачуваат кардио селективните бета блокатори, што лично мое мислење, кога не се знае главната причина за пореметениот срцев ритам кај тебе конкретно тахикардија ( ниту пак имаш историја на кардио заболување), не би требало да се дадат, но не е на одмет да се пие минимална доза на неселективен бета блокатор (пример четвртинка пропранолол) доколку таа тахикардија ти била висока до граница на издржливоста, па докторот можеби помислил дека не би требало да ризикуваш да се случи повторно таква еписода!
Небилет, селективен бета блокатор. Небитно каков и да е, третманот на повеќето им е чисто рутински, те ставаат само во шаблон. Добар сум, немам ништо. Зошто би го пиел поради една епизода, нели?
 
Небилет, селективен бета блокатор. Небитно каков и да е, третманот на повеќето им е чисто рутински, те ставаат само во шаблон. Добар сум, немам ништо. Зошто би го пиел поради една епизода, нели?
...ете реков јас, селективен бета блокатор на сите им го даваат ова Небилет, било да се срцеви болесници или не!
... па нормално дека си добар и немаш ништо, но една еписода не значи дека е и последна еписода, односно може да биде почеток на други еписоди, но не поради причини на болест, туку едноставно бета блокатор така се применува кај млади особи кои се малку повеќе хиперактивни, да речам потемпераментни, со емоционална тензија, што велиме ние ,,со краток фитил,, особи кои можеби при најмал конфликт реагира со нагло потење, палпитации, би рекла чисто стресни симптоми што лично ти и колку да шеташ по природа, добра исхрана, тоа емоционалното во тебе не можеш да го контролираш,
...ете затоа додека не го поминеш тој стресен период како млад маж, докторот ти препорача да имаш една заштита што би го дал бета блокаторот, но јас повеќе конкретно сум за неселективниот пропранолол кој ќе го блокира адреналинот и норадреналинот и ќе го стопира твојот физиолошки одговор на стресната состојба затоа што пулс од 150 во минута не е шала!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom