го сними коленото во Охрид татко ми пред 2 год, еве уште резултатите не ги има добиено. Копилето мито бараше.
Битола се сними, шилци му најдоа.
... поради оптоварување, или чести механички притисоци се создава калцификатни наслаги (калциумови соли) на коленото, создадениот калцификат можеби го спречува околното понатамошно оштетување, но истовремено врши притисок на мускулното ткиво и локалната инервација, па како резултат на тоа настанува болка и воспаление на коленото,
.. се претпоставува дека калцификацијата на зглобната 'рскавица може да биде секундарен ефект на одредени промени во стареењето, кога има загуба на хидратација, како што се случува со возраста, се јавува презаситеност од различни кристални материјали, протеогликаните се најраспространетите компоненти на хијалинската 'рскавична матрица и имаат функција на одржување на хидратацијата,па можно да се создадат кристали во дехидрираните матрици на зглобната 'рскавица од кои се изгубени протеогликаните што задржуваат вода,
...накратко е незбежна физикална терапија (ултразвук, термо или крио масажа, електро бранови) за да би се распаднале тие шилци, а тоа мачкање, народни лекови, само можеби моментално да ублажат болка ама не се решава проблемот, тие може дополнително да се применат после барем еднонеделна физикална терапија (доколку му е дијагностицирано шилци во колено)!
... инаку доколку се работи за постара особа, многу тешко мобилна, тешко ќе можеш да побараш помош од физијатар и носење секојдневно на физикална терапија,
јас бев принудена да инпровизирав поради постара особа и купив од Али Експрес ултразвук апарат што се применува за фасцијална масажа за убавина, ама има опција и за ултразвук примена на раце и нозе токму како при физикална терапија,
па купив и апаратче за електротерапија, не дека поминува некоја струја, ама додека се поставени електродите го дрма местото и верувај ми чуда прави со само 2,3 дена примена, а купени едното мислам по 25 Е не повеќе,
можност за термо терапија, купив ламба со инфрацрвени зраци мислам околу 15 Е, а за крио (ладно) терапија импровизирам со коцка мраз неколку минутна масажа на местото каде се очекува дека е зафатениот нерв,
и дополнително купив масажер со различни опции!
... кога покрај ова испиеме по некој аналгетик или антиревматичен лек, имаме целосен домашен третман, само треба да се знае каде да се постават електродите, временски колку да се постават, дали треба крио или термо терапија...итн
дефинитивно во секој дом треба покрај апарат за мерење на крвен притисок, апарат за мерење на шеќер во крвта, треба да се има и овие „ситни апарати“ како една мала инпровизирана физикална помош, кога особата не е во можност да посети физијатар и секојдневно да иде на физикална терапија во болница!