Види, не е се така површно како што повеќето по форуми или социјални мрежи пишуваат. Доколку некој играч оди во некој среден клуб од Франција или Германија, одма се појавува некој со коментар што бара таму, можеше да оди ваму.
Конкретно за Доленец ќе ти кажам, има 32 години, во Лимож му игра еден од најблиските пријатели, Гајич. Доби добар и сигурен договор, плус на три години. Кога ќе му заврши договорот, Доленец ќе има 35 години, можеби ќе продолжи уште една година, можеби не. Откако ќе му заврши договорот со Лимож, ќе се врати дома во Словенија и ќе поигра уште сезона, две во Цеље или Горење, каде би имал повторно некоја солидна сума од 5-6000€ месецот.
Е сега тука имаш една финта. После завршувањето на договорот со Франција, следните 2 години ќе зема една сосема солидна сума (би ја нарекол една врста социјална помош) според која би добивал 80% од платата која ја има во Лимож.
Ете накратко ти го објаснив начинот како размислуваат добар број играчи, и затоа се определуваат да заминат во некој просечен, некои дури и во второлигашот клуб во Франција. Иако имале понуди од некој клуб кој настапува во некој Евро куп, или му доставил некоја можеби и финансиски подобра понуда и тн.
Значи не е се едноставно како што повеќето мислат.