По пола ден сум оптимист, после другата половина не сум. Теоретски можно е да се победи, ама ќе треба да се изигра перфектната утакмица, утакмица од оние во кои се е на твоја страна, кога секоја топка се лепи за твој играч, противникот прави неумесни грешки, сите шанси за гол се користат и голманот е на ниво. Сепак мислам дека перфектната утакмица што ја опишав ја потрошивме со Јувентус.
Милост не треба да се очекува од причина што пари се во игра околу пласманот , а за клуб како Аталанта 2.3.4 милиони разлика значат премногу.
Да беа ова некои други времиња со други управи, сигурен сум дека ќе беа нудени фудбалери по дампинг цена во размена за полабав пристап, ама тие времиња се одамна поминати и останува само тоа, да се одигра перфектната утакмица.