Интересно, сега веќе се кристализира, дека дружинава која што мрази муслимани, во суштина е иста како дивите орки кои одат и тепаат каури по улица, само оти се каури.
Мислам исто е однесувањето, овие онлајн го личуваат Пуно оти е муслиман, другиве на улица линчуваат некого оти е каур. Можеби има разлика во тоа што тие на улица имаат повеќе мускули, а овие онлајн повеќе мозок.
Уствари кога ќе размислам, можеби и нема разлика туку само до храброста е.
Ќе ти реплицирам и ќе се надоврзам онтопик на темата на дискусија.
Прво, ја утињаш работата. Пуно не се декларира ко муслиман (колку што знам), туку ко атеист. Повеќето го хејтаат Пуно бидејќи е Албанец. Друго, не знам колку знаеш за ислам – ама исламофобија во вистинската смисла на зборот, не е исто нешто со хејтање на исламот. Исламот е многу гадна религија, екстремно гадна религија. Нетолерантна кон жени, гејови, каури и што уште не. Религија која промовира различни форми на насилство - нешто што воопшто не е прикладно на духот на времево. И не е исто лоша религија како сите други религии. Полоша е. Еони полоша од христијанството. Тоа што сега го прават исламските земји кои не се официјално Шеријат, ама лупаат закони базирани на истиот, е екстремно језиво. Ова ти го кажуем од перспектива на некој што цел живот проучува религии и филозофија, ги има читано и Куранот и Библијата и тристо други чуда. Не зборуем ствари на памет. Исламофобија е кога ги мрзиш муслиманите како луѓе и ги дискриминираш на секоја база - но тоа различно отколку да го критикуеш Исламот и да си свесен дека муслиманите кои навистина веруваат у тоа може да бидат језиви. Не зборуем за муслиманите кои прифаќаат полабави толкувања на Куранот; има и такви; во помал број се; но се океј. И ми се свиѓа тоа што све поише има такви муслимани, но сепак се статистички незначајни. Некои муслимани (постарите генерации на Турци, Албанци и Бошњаци овде) се троа полабави од новата генерација на фанатични муслимани. Денес имаш две паралелни струи: некоја верзија на либерални муслимани и фанатични екстремисти што се позаебани од олд скул муслиманите на Балканов. Да не го дужам, идејата е дека да ги критикуеш другите заебани муслимани кои се најголем процент од муслиманската популација, не те праи исламофоб. Тоа ти е исто ко да критикуеш нацисти и некој да те нарече нацифоб. Нема смисла, нели?
Онтопик. Проблемот со Албанците и нивната еманципација е троа комплексно прашање и бара навлагање у детали што не може да се направи у еден пост. Па ќе пробам да бидам „краток“ (секако, ова ќе биде многу долго, но најкратко што може!).
До некаде е точно тоа дека просечниот Албанец има некои карактеристики кои на форумов се хиперболизирани и чијашто причина е повеќеслојна. Но ѓаволот е у деталите. Особините на еден народ, како социјален ентитет кој е апстракција од индивидуите што го сочинуваат, може да се гледа низ различни парадигми - од најниско до највисоко ниво на апстракција. Најниското ќе биде Фиреровата евгеника што е чест аргумент на хардкор конзервативната банда, највисокото се културолошките карактеристики. Да почнеме со најниското ниво на апстракција...
Тоа дека одредени народи имаат одредени генетски одлики кои се почесто застапени поради разно разни еволуциони притисоци е точно до некаде. Различни темпераментни и личносни одлики се резултат на генетски влијанија и за тоа има многу студии. Сосема е можно дел од карактеристиките на некои Албанци да бидат резултат на такви фактори. Но кои фактори и кои карактеристики, како и кои Албанци е ного јако прашање! Генетските варијации од одредена популација на Албанци во Албанија, до одредена популација на Албанци во Косово се доста значителни за да не можеме да ги споиме сите у едно купче. Тоа што ги прави Албанци е поврзано со социјалната реалност, односно со јазикот, културолошките обичаи и тристо други заебанции кои што се предмет на дебата бидејќи варираат од поднебје до поднебје. Потоа, кои карактеристики се почеста одлика на Албанците од Косово, а кои на тиуе од Албанија? Тие поврзани со личносните аспекти на совесност, агресија, согласност, когнитивни способности, внимание? Колку секоја од нив се должи на гените што се позастапени кај Албанците? Ако фатиме да разложуваме, стигаме до доста проблеми и секоја шпекулација е јадење лајна без доволно разбирање на тие проблематики. Секое решение на ова ниво е проблематично и би требало да вклучи некакво селективно размножување што не ни сакам да го дискутирам.
Психолошките карактеристики на просечниот Албанец може да се постулираат од нашите анегдотални искуства. Глеаме определени образци и однесувања што се чести. Колку од тие се резултат на културолошки фактори, колку на идентитетски фактори што се карактеристични за сите луѓе, колку на горенаведените, не знам. Но забележлива е поголема нота на национализам, агресивност и групна кохезија.
Социолошката парадигма би ги погледнала факторите на гетоизирање, дискриминација, класната разлика, едукацијата и ред други фактори кои се релевантни за сите малцинства кои се дискриминирани. Сепак, многумина кои се Албанци се богати, а сепак се понашаат лошо. Социологијата има добро објаснување за сево ова, Ричард Сенет зборуе за парадоксот на класите. Накратко и упростено: Ако си имал понизок социоекономски статус и стигаш до повисок социоекономски статус, може да те лупне криза на идентитет и намалена самопочит. Треба да се едуцираш, а ти си работник на кој не му се учи. Работниците кои се обогатиле ко еманципираните Албанци у Швицарска сакаат економски капитал пошо нејќат да се сиромашни, ама нејќат интелектуален капитал пошто се деца од гетото. Ако се едуцираат, чувствуваат дека си го шиткаат семејството и културолошкиот идентитет. Протагонистот на Колебливиот Фундаменталист беше еманципиран Пакистанец кој чувствуваше вина на совест бидејќи се „Американизирал“. Високите класи ценат ука, ама работникот цени тешка „искрена“ работа. За него едукацијата е фејк. Рафинираноста на едуцираната класа увек е гаден елитизам за работникот. Работникот што ќе реши да фати ука пошто сака да има ука е гледан како нерафиниран од другите интелектуалци и го мава чувството на бивање натрапник. Од друга страна, неговите го сметаат за шиткач, а тоа доведуе до јака когнитивна дисонанца и отуѓеност. Со тоа мора да го задржи самоисполнувачкото пророштво дека е глупиот работлив Албанец и да остане прилепен за својот идентитет. Поради истата причина, класната разлика не е невалидно објаснуење, а муабетот: „Па има богати Албанци што се животињи!“ е екстремно наивен. Многумина кои се Албанци и ги знам, имаат чувство дека Македонците ги третираат ко неандрталци. И тоа чувство не е резултат на некоја илузија ко што можеме да приметиме.
Социолошките решенија би вклучиле поголема еманципација, поголема едукација, бла бла... Но проблемот е дека многу малцинства не сакаат да се еманципираат поради културолошката разлика со таа на останатото население. На пример, грото од Албанците не може да се откачат од исламот и да станат атеисти кои ќе имаат отворен ум. Таквите очекувања се наивни. Тоа може да се изведе или преку сила (Енвер стил) или преку генерациски промени (денешниве зумери да се откачат од старите и да попримат влијанија од соросоидните либтарди). Второто решение е поспоро, но од моето искуство со Албанци, гледам дека функционира во некоја БЛАГА мера. Од друга страна, јако удара екстремниот ислам и праи поголема сегрегација меѓу фанатиците и лабавите неозум-марксистички Албанци.
Асално решение не гледам освен градијална промена. Попер сугерира микро промени, макро општествени промени не ги бива, а и доведуваат до јаки културолошки шокови и конфликти. Со тоа, прашањето за решавање на проблемот со Албанците е троа наивно бидејќи не можеме да најдеме конкретно решение, а да не е екстремно (иселување, војни, наметнат културолошки наратив). Решението лежи во мали инкрементални промени што ќе го намалат уделот на религијата, ќе намалат гетоизирање и тристо други меки влијанија што треба да ги имплементираме лека полека. Проблемот со Албанците не е суштински различен од проблемот со било кое малцинство кое е културолошки поразлично од мнозинството во една држава. Овде тоа малцинство има одредена политичка моќ и привилегии, но социјално е утепано.