Абе да не бидам јас нај анти-Вујо човек на форумов, ама прашање е колку сериозни биле тие разговори и дали се тоа било толку блиску како што Вујо го збореше тогаш. Он после тоа викаше дека има понуда од Висла Полцк, дека се било договорено, и пред потпишување му барале дека треба да го симне Килце од тронот без подигање на буџетот, и он си отишол. Сеа не можеш да ми кажеш дека тоа не звучи малку измислено, пошто Полцк горе доле си функционира на исто ниво со години, и пред таа наводна понуда и после неа.
Реално, го следам Вујо 20 години, многу приказни има кажано овој човек. Го гледав еднаш на наша телевизија го прашуваат кое е најголемо дерби во неговата кариера - без сомнение тоа е Вардар - Металург, тоа е најголемо дерби најверојатно во балканскиот ракомет во последниве 20-30 години, и најголемо ривалство во кое јас сум бил вмешан. После месец го гледам на црногорска телевизија го прашуваат истото прашање, он вика - јас неверувам во дерби мечеви, никогаш не сум гледал така во мојата кариера, за мене секој меч е битен. Така што немам нешто посебно да издвојам.
Сакам да кажам си знае он како да менаџира медиуми, да се продаде. Сега, факт е дека Железничар, Загреб и Борац сите рекоа дека не беа задоволни како се понашал. Тие клубови треба да се под нас, ако они се жалат и им е мило што се отарасиле од него, зошто јас да бидам среќен што доаѓа тука?
Не е дека човекот нема знаење, тоа не е спорно. Ама тој тип на тренер, со таков стил, според мене не е во линија со амбициите на клубот, и лесно може да се влоши атмосферата со него на клупа. Реално правиме муабет за човек што има барано од играчи да пуштаат натпревар.