XHTML
Што е тоа XHTML?
Упорно ја пласираме тезата дека сите веб сајтови на светот, па и македонските треба да бидат изработени во согласност со правилата на World Wide Web Consortium – единствената организација што го диктира развојот на Вебот. Во согласност со подолната анкета дојде време да го дадеме одговорот што речиси 30% од Македонците не го знаат, а инаку се однесува на прашањето: Што е XHTML?
За да расчистиме со нејасностите околу дефиницијата за XHTML, најпрво треба да се вратиме чекор поназад или од дефиницијата за HTML. HTML или HyperText Markup Language претставува програмски јазик со кој е овозможено пишување на т.н. hypertext документи за најпопуларната Интернет мрежа, World Wide Web. Денес HTML може да се пишува во многу софтверски апликации, почнувајќи од основните текст едитори со буквално пишување и завршувајќи со софистицираните WhatYouSeeIsWhatYouGet HTML едитори од калибарот на Macromedia Dreamweaver, со интерактивно внесување на избраните елементи. Основата на XHTML е програмскиот јазик HTML, а самиот XHTML всушност претставува подобрена или проширена верзија на основниот hypertext јазик, па од таму доаѓа и целосниот назив The Extensible HyperText Markup Language или скратено XHTML. Ако сакаме да ја прошириме претходната дефиниција, тогаш и би требало да го додадеме и следново: XHTML е фамилија на актуелни и идни типови документи и модули, со коишто се преработува, проширува и реформулира структурата на HTML со помош на програмскиот јазик XML. Сите фамилии XHTML документи се базираат на XML со што се овозможува директен пристап до сите елементи што ја сочинуваат нивната структура, а исто времено се заштедува на време при парсирањето или преведувањето на XHTML кодот во визуелна презентација со помош на Интернет прелистувачите.
World Wide Web Consortium има строго пропишани правила врз основа на кои ја базира идната Веб 2.0 мрежа и настојува истите да се почитуваат во функција на корисниците. Денес јавноста по тоа прашање е поделена и обично комерцијалните гиганти се тие што сметаат дека правилата се сосема непотребни и не ги почитуваат. Но и од нив има по некој исклучок, како на пример
Microsoft чиишто главен веб сајт, верувале или не, е XHTML валиден. Можеби вакви чекори треба да преземат и сите останати.
извор