Одиме понатаму:zlo:
ФОРМИ
Што всушност се формите? Формите обезбедуваат интерактивност и комуникација со корисниците и овозможуваат пренос на параметри од корисник до серверот.
<FORM></FORM> - основен таг
Основни атрибути:
NAME – име на форма
METHOD – метода (POST или GET т.е. невидлив и видлив пренос на параметри)
ACTION – акција која ќе се превзема над параметрите
TARGET – рамка или прозорец во кој ќе се изврши акцијата
Типични акции:
-CGI скрипта – веќе застарени скрипти
-ASP скрипта – типична Microsoft скрипта
-PHP скрипта – типична Unix скрипта
-Java – Јава аплет кој се извршива на серверот
-MAILTO акција – праќање на формата на некоја email адреса
-Специјално дефинирана акција
Примери:
<FORM action=”presmetaj.asp”>
<FORM action=”mailto:nekoj@nekade.com”>
<FORM action=”presmetaj.cgi”>
<FORM action=”prevzemi.php”>
<FORM action=”javascript
roveri();”>
Текстуално поле
Еден пример за текстуално поле со име "ime" должина 10 знаци, а максимална должина 20 знаци:
<input type="text" name="ime" maxlength="20" size="10">
Штета што не е уклучена на форум подршка за HTML ќе видевте како изгледа оваа форма. Треба да ви се појави едно поле(правоаголник) со можност за внесување на текст
Текстуално поле со повеќе реда
Текстуално поле со име ime, ширина 30 знаци и 5 реда:
<textarea name="ime" cols="30" rows="5">
Максималната должина е неограничена.
Копче. Три вида:
-
Submit – за пренос на параметри кон скрипта
-<input type="submit" name="Submit" value="Префрли">
-
Reset – за ресетирање на елементите на формата
-<input type="reset" name="Reset" value="Ресетирај">
-
Button – за поставување на специјално дефинирана акција (скрипта)
-<input type="button" name="Button"
value="Пресметај" onClick="javascript
resmetaj();">
Штиклирај
<input type="checkbox" name="ime" value="1">
Опционални атрибути:
checked – ако преддефинираната вредност е означено
disabled – ако не е можно управување со контролата
Радио контрола. Обично повеќе одат во група.
<input name="ime" type="radio" value="1">
Опционални атрибути:
checked – ако преддефинираната вредност е означено
disabled – ако не е можно управување со контролата
Комбо контрола. Паѓачко мени.
<select name="Izbiranje">
<option value="1">Izbor 1</option>
<option value="2">Izbor 2</option>
<option value="3">Izbor 3</option>
</select>
Можно е и преддефинирање на вредност со атрибутот selected.
Контрола за листа. Пример за листа со понудени 5 вредности.
<select name="Izbiranje” size=5>
<option value="1">Izbor 1</option>
<option value="2">Izbor 2</option>
<option value="3">Izbor 3</option>
</select>
Можно е и преддефинирање на вредност со атрибутот selected.
Можност за повеќекратен избор со атрибутот multiple.
Контрола за upload датотека.
<input name="ime" type="file">
Скриен параметар. Контрола која е невидлива но се пренесува во акцијата.
<input name="ime" type=”hidden” value=1>
Со овај туториал завршив со HTML наредниот ќе биде за dreamwaver.
btw, за изработка на туториаливе многу ми помогнаа некои скрипти од на fax, и
http://www.w3schools.com/