deXterche
тадаммм
- Член од
- 12 февруари 2006
- Мислења
- 4.920
- Поени од реакции
- 942
На оваа тема ќе се обидам со неколку туториали да ве научам како сами да си направите web сајт.
Најпрво ќе се запознаеме со некои основни поими за HTML јазикот.
HTML (Hyper Text Markup Language) e јазик кој се користи за пишување на web страници, кои се состојат од кодови (тагови) сместени во текстот од некој документ. Таговите најпрво пребарувачот ги чита и спрема нив ја на некој начин црта web страницата на нашиот прозорец. Таговите не се видливи додека ние пребаруваме низ web сајтот туку е видлив нивниот ефект. Секој таг започнува се отвора со < а се затвара со > и тие секогаш одат во парови, кога ќе отвориме еден таг мораме истиот и да го затвориме со но за затворање користиме />. Ние за почеток HTML код ќе пишуваме во Notepad и ќе го зачувуваме документот во .htm екстензија, index.htm
Пример
Кодот го пишуваме вака
А во пребарувачот се прикажува вака:
I love Kajgana
HTML документот како и секој програмски јазик има почеток, главен дел и завршен дел.
На почетокот секој HTML документ започнува тагот <HTML> и во него се сместуваат следниве основни тагови <HEAD>....</HEAD> (во овој таг се сместуваат основните информации за документот, оваа ќе го разработиме во наредните туториали) па доаѓа тагот <BODY>...</BODY> во него се сместува главниот дел на програмата.
За почеток еве еден најпрост web документ, колку да го разберете тоа за што зборувавме денес:
Ќе забележите дека линкот не работа, тоа ќе го објаснам со наредните туторијали. Кој има прашање нака повеле.
Најпрво ќе се запознаеме со некои основни поими за HTML јазикот.
HTML (Hyper Text Markup Language) e јазик кој се користи за пишување на web страници, кои се состојат од кодови (тагови) сместени во текстот од некој документ. Таговите најпрво пребарувачот ги чита и спрема нив ја на некој начин црта web страницата на нашиот прозорец. Таговите не се видливи додека ние пребаруваме низ web сајтот туку е видлив нивниот ефект. Секој таг започнува се отвора со < а се затвара со > и тие секогаш одат во парови, кога ќе отвориме еден таг мораме истиот и да го затвориме со но за затворање користиме />. Ние за почеток HTML код ќе пишуваме во Notepad и ќе го зачувуваме документот во .htm екстензија, index.htm
Пример
Кодот го пишуваме вака
HTML:
I love <I>Kajgana</I>
I love Kajgana
HTML документот како и секој програмски јазик има почеток, главен дел и завршен дел.
На почетокот секој HTML документ започнува тагот <HTML> и во него се сместуваат следниве основни тагови <HEAD>....</HEAD> (во овој таг се сместуваат основните информации за документот, оваа ќе го разработиме во наредните туториали) па доаѓа тагот <BODY>...</BODY> во него се сместува главниот дел на програмата.
За почеток еве еден најпрост web документ, колку да го разберете тоа за што зборувавме денес:
HTML:
<HTML>
<HEAD>
<TITLE>Ucam HTML</TITLE>
</HEAD>
<BODY BGCOLOR=#FFCC33 TEXT=#FF6633>
<CENTER>
<B>Proud to be an Egg</B>
<p>http://www.kajgana.com
</CENTER>
</BODY>
</HTML>