Блам држава

Член од
17 август 2011
Мислења
10.260
Поени од реакции
18.209
Разликата дека оваа армија нема да го користи за наши интереси, не смее ни да се брани, уште не сваќате до кое дереџе се стигна, отиде јабана државата, а ние сега се вооружуваме, помина дечки возот, со таа држава друг командува а вие само ја финансирате.
Тоа сакав да кажам, нас егзистенцијална закана ни се албанците и сепаратизам, треба да се вооружуваме за такви конфликти. Од друга страна па они се на такви позиција да го оневозможат тоа.
За сите други цели армијата ни е небитна, секако не можеме да се одбраниме од надворешен непријател.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594

Не мора да значи. Ако има бунт од Аљбанците ќе можат да бидат употребени. Во 2001, иако официјално не беше прогласена воена состојба, АРМ ги стави на располагање сите војници и опрема.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.790
Поени од реакции
8.499
И јас сум на тоа мнение. Дркаат за тоа дека Вучиќ купувал оружје, а нашиве кога ќе земат нешто од нешто истите тие први се да плачат дека се трошело, а од трета страна се плука дека АРМ била ловџиско друштво и дека немало кој да не' штити ако пукне. Крајот не може да се најде.
Првин колку и да си за модернизација на АРМ и зголемување на нејзините способности, факт е дека моментов навистина не е за тоа. Економски возот не е во опасност да излета од шини, туку веќе излета директно во провалија. Друга работа е што ситуацијата со ловечко друштво не се менува воопшто со ова. Како што напишав претходно ако не купиле барем 6-12 од Стајкер варијациите со 120 мм минофрлачи во нив. Тогаш се што направиле е да купат полуксузни коли за ловечкото друштво. Страјкерот се што има е 12,7 мм митралез и ништо повеќе. И најстрашното е што тие луксузни коли воопшто не се за нашиот терен.

Види ги спецификациите на JLTV ( првото возило), комплетно бескорисно за нашите рурални и планински региони. Според спецификации му треба ремонт на секој 600 км. Земи во предвид дека наши механичари кои имаат многу мало искуство со таква опрема ќе работат на нив и како функционираат системите за набавка на резервни делови и се кладам дека за 2 години пола од нив нема да бидат во возна состојба. Освен да газат луѓе што протесираат по улици низ градови комплетно бескорисни се.

Воените капацитети на АРМ не се зголемени воопшто. А тоа сепак не ти е во ниеден случај најголемиот проблем, најголемиот проблем е што предавници и странски шпиуни ни се инфилтрирани и во влада и во арм и секаде. И арсеналот на Америка да и го дадат на АРМ пак нема да направи никаква разлика кога офицерите огромен дел се на исто ниво со на Сорос невладините ботови во тоа колку им се испрани мозоците.

Оваа цела набавка е само за Шеќеринска да ќари политички поени и Македонија да има механизиран полк кој што ќе биде компатибилен со НАТО ( Америчкиот ) логистичкиот синџир и ќе може лесно да биде испратен каде што е потребно. Страјкерите се доволно лесни да се пренесуваат со авион. Затоа и се купуваат тие 1200 пушки за да можат да користат НАТО муниција веднаш. На кратко опрема за топовско месо.

Да набавеле Турски Bayraktar дронови, и каква било потешка артилерија ( ракетна или хаубици) па да кажеш навистина ете повеќе не се ловечко друштво. Замени го ова што они го купиле со далеку поефтините и за наши услови подобри Турски Cobra и Фински Partia и тогаш локалниве напасти кои ги имаме во форма на нео-Балистите не би претставувале повеќе никаква закана по ниту една основа. На нашата армија и се потребни оружја кои ќе помогнат во патролирање и надгледување доста големи рурални средини ( дронови) и оружја кои можат да целат доста непристапни локации по планините ( дронови и артилерија).

Исто како со Груевски, не е поентата само да се купи/гради. Треба и да се има некаква идеја зошто се прави истото и да биде дел од некаква цел ( освен политичка).
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.300
Поени од реакции
21.412
Дами и господа, господин генерал Аладиин Заев, без некои поголеми потешкотии, е апсолутен победник на внатрепартиските избори во СДСМ, а воедно и реизбран за нов фирер на партијата. Честитки!

Со 59.240 гласа „за“ Зоран Заев реизбран за претседател на СДСМ

Секоја сличност со видеово е случајна.

Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Првин колку и да си за модернизација на АРМ и зголемување на нејзините способности, факт е дека моментов навистина не е за тоа. Економски возот не е во опасност да излета од шини, туку веќе излета директно во провалија. Друга работа е што ситуацијата со ловечко друштво не се менува воопшто со ова. Како што напишав претходно ако не купиле барем 6-12 од Стајкер варијациите со 120 мм минофрлачи во нив. Тогаш се што направиле е да купат полуксузни коли за ловечкото друштво. Страјкерот се што има е 12,7 мм митралез и ништо повеќе. И најстрашното е што тие луксузни коли воопшто не се за нашиот терен.

Види ги спецификациите на JLTV ( првото возило), комплетно бескорисно за нашите рурални и планински региони. Според спецификации му треба ремонт на секој 600 км. Земи во предвид дека наши механичари кои имаат многу мало искуство со таква опрема ќе работат на нив и како функционираат системите за набавка на резервни делови и се кладам дека за 2 години пола од нив нема да бидат во возна состојба. Освен да газат луѓе што протесираат по улици низ градови комплетно бескорисни се.

Воените капацитети на АРМ не се зголемени воопшто. А тоа сепак не ти е во ниеден случај најголемиот проблем, најголемиот проблем е што предавници и странски шпиуни ни се инфилтрирани и во влада и во арм и секаде. И арсеналот на Америка да и го дадат на АРМ пак нема да направи никаква разлика кога офицерите огромен дел се на исто ниво со на Сорос невладините ботови во тоа колку им се испрани мозоците.

Оваа цела набавка е само за Шеќеринска да ќари политички поени и Македонија да има механизиран полк кој што ќе биде компатибилен со НАТО ( Америчкиот ) логистичкиот синџир и ќе може лесно да биде испратен каде што е потребно. Страјкерите се доволно лесни да се пренесуваат со авион. Затоа и се купуваат тие 1200 пушки за да можат да користат НАТО муниција веднаш. На кратко опрема за топовско месо.

Да набавеле Турски Bayraktar дронови, и каква било потешка артилерија ( ракетна или хаубици) па да кажеш навистина ете повеќе не се ловечко друштво. Замени го ова што они го купиле со далеку поефтините и за наши услови подобри Турски Cobra и Фински Partia и тогаш локалниве напасти кои ги имаме во форма на нео-Балистите не би претставувале повеќе никаква закана по ниту една основа. На нашата армија и се потребни оружја кои ќе помогнат во патролирање и надгледување доста големи рурални средини ( дронови) и оружја кои можат да целат доста непристапни локации по планините ( дронови и артилерија).

Исто како со Груевски, не е поентата само да се купи/гради. Треба и да се има некаква идеја зошто се прави истото и да биде дел од некаква цел ( освен политичка).
Не сум речиси воопшто запознат со оружја. Од тоа што сум гледал на Код кај Лупевска сме имале 5-10 дронови од Израел, од кои 2-3 за пукање. Скапи се доста дроновите, а посебно сервисирањето. Со 2 од нив ги прателе овие од Диво Насеље во некое село во Липковско, ама сепак овие успеале да се префрлат во Диво Насеље со болничко комбе. Тие дронови се чинам сите во склоп на МВР.
А инаку од кого ќе купиме оружје е политичка одлука. Јасно е дека ние ќе бидеме вечити муштерии на САД.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Додека си бираат претседател, улициве (пред сѐ Илинденска и Партизанска) пак биднаа Планица, шантраат коли лево десно, се качуваат по тротоари :facepalm: срамотилаци.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Воошто не ми беше тоа муабетот, туку тоа што Бојан сакаше да ни подпикне некаква етичка супериосност кај Германците. Јас многу добро знам како функционира светот, и знам дека тешко дека може нешто да се промени околу тоа.
Околу етичката супериорност на Германците ќе ви раскажам една вистинска случка од 70-71 година, доживеана од чичко ми!
После година работа таму, купиле кола и решиле за викенд да се прошетаат по околината. Нормално после некое време сретнале селанец кој ора го погледнале и си заминале. На враќање по истиот пат, го гледаат селанецот го мете асфалтот. И македончето не пропушта таква прилика. гутен таг-гутен таг, шо вака го метеш асфалтот? Епа што орав, да исчистам, кај нас таков е редот! Овие оууу, види ти швабска култура и у тој момент швабата онака под мустаќ си рекол: а и казната е 400 марки ако не исчистиш! :ROFLMAO: Не се германците културно супериорни, него нивниот систем работи! Толку од убер расата!
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.783
Поени од реакции
5.056
Додека си бираат претседател, улициве (пред сѐ Илинденска и Партизанска) пак биднаа Планица, шантраат коли лево десно, се качуваат по тротоари :facepalm: срамотилаци.
Има сега локални избори...
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Не мора да значи. Ако има бунт од Аљбанците ќе можат да бидат употребени. Во 2001, иако официјално не беше прогласена воена состојба, АРМ ги стави на располагање сите војници и опрема.
Зошто побогу би имало бунт на Албанците? Повеќе е веројатно да има бунт на Македонците, во ситуацијава во која е наоѓаме..
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.790
Поени од реакции
8.499
Не сум речиси воопшто запознат со оружја. Од тоа што сум гледал на Код кај Лупевска сме имале 5-10 дронови од Израел, од кои 2-3 за пукање. Скапи се доста дроновите, а посебно сервисирањето. Со 2 од нив ги прателе овие од Диво Насеље во некое село во Липковско, ама сепак овие успеале да се префрлат во Диво Насеље со болничко комбе. Тие дронови се чинам сите во склоп на МВР.
А инаку од кого ќе купиме оружје е политичка одлука. Јасно е дека ние ќе бидеме вечити муштерии на САД.
Официјална цена нема за Бајрактар дроновите не можев да најдам, али има дека Украинците купиле 11 за 69 милиони. Тоа значи 6.2 милиони по дрон. Или би можеле да купиме 20 за 125 милиони евра.

Од тоа што го имам видено од Сирија и Ерменија, после набавката на истите, секаков можен конфликт во каква било форма со нео-балистите и косовските племиња ќе биде затворен за сите времиња. Целиот пограничен појас од Липково до Струга ќе можеме за ден-два да го претвориме во непроодна зона. Со преостанатите 75 милиони евра да ја подобрат основната пешадиска опрема и спремност и да купат некој основни возила како Турските Кобри и тоа е тоа. За наши услови и наш потенцијал и повеќе од задоволително.

Патем Турција е и во НАТО и е единствената реална можна гаранција за нашата државност во поглед на Грција и Бугарија.

Али на нашите партии и на НАТО не им е гајле за тоа што ни треба, туку гледаат како некое евро да преперат и да си обезбедат функционери.

Не сум речиси воопшто запознат со оружја. Од тоа што сум гледал на Код кај Лупевска сме имале 5-10 дронови од Израел, од кои 2-3 за пукање. Скапи се доста дроновите, а посебно сервисирањето.
Повторно не можам да најдам за Бајрактар али цената на Америнаски Reaper Drone e 3000$ по саат лет за одржување ( али за воља на вистината цената на еден е исто така 120+ милиони). Еве и да е 3000 долари по саат и Бајрактарот ( за што нема шанси) и да имаме х20 кои ќе летаат цело време нон стоп. Месечната цена би била 43 000 000 долари. Или поточно ако имаме каков било воен конфликт. На целата таа наша флота дронови би им било потребно 5 месеци за да го потрошат овогодинешниот буџет ЗА НОВ МЕБЕЛ ПО МИНИСТЕРСТВА. Ако тој конфликт би траел потенцијално 5 месеци, Косовските племиња ќе снемаат сандаци за мртви.

Ама сето ова е чисто фантазирање, зошто ти не можеш да имаш одлуки и политики кои се за бенефитот на државата кога на власт и всушност целиост систем е окупиран од предавници и странски шпиони. И 100 F-16 да ни дадат Американците, во случај на конфликт Фрчко на писта ќе го најдат како ги саботира додека Мила и Најчевска ќе лежат по улици против каурскиот фашистички национализам додека во Мош ќе си се кикотат додека "небањатите" гинат. И никој нема да направи ама баш ништо против тоа.
 
Последно уредено:

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.300
Поени од реакции
21.412
За нови политики!

*се пријавил како албанец за го вработат преку партија на државна цицка, и тоа во тие квотите за рамковни

Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Додека си бираат претседател, улициве (пред сѐ Илинденска и Партизанска) пак биднаа Планица, шантраат коли лево десно, се качуваат по тротоари :facepalm: срамотилаци.
Башка нема обврска за носење зимска опрема веќе, не дека и пред тоа сите со зимски гуми беа.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Луѓе не знам ова дали и колку е точно ама изгледа во Битола два пати им гласала секретарката хаахахахааа :pos:

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
А си мислев дека е Горан Стефановски, али го видов името, па ај си викам да не тропнам глупост, па на крај тропнав :)

Ајде сега да те прашам јас тебе, како да си го сватиме тоа поинаку, ако гледаме дека системот не функционира. Штипјани и Струмичани живеат во заложништво на малтене улични банди. Лоповлук и разбојништво на кој системот нема желба да се спротивстави, па уште истите тие ги користи за дневнополитички цели и зима гласови од нив, со разноразни ветувања. Од друга страна имаш секојдневни тепања во Скопје на рандом малолетници и тоа на етничка основа, во која неколку деца веќе настрадаа. Имаш локални шерифи за кои не важат законите. Како побогу ти да го притискаш системот нешто да се смени, кога тоа безаконие што се дешава, се дешава веќе 20 години и од ден на ден расте и му нема крај?

Како ќе се бориш во системот и како ќе вршиш притисок врз него? Ќе излезеш со куртони да фрлаш и да ги фарбаш спомениците? Ете видовме што ни донесе тоа, уште поголема беда. Очигледното незадоволство што го имаше народот, едноставно го канализираа во една политичка криза, која наликуваше на Шпанска серија со Гоца, Зоки, Миле и Началникот во главните улоги. За да после тоа работите набргу дојдат по старо и бетер. Некој рекол да го откриеш проблемот, е пола пат до неговото решение. Ова твоето не е откривање на проблемот, туку закопување на главата бајаги подлабоко. Тоа што би требало да е елемент за притисок во нашето општество е опозицијата, дали мислиш дека опозицијата ќе се бори да се промени системот или само се бори да се постави на чело на истиот? Баш опозицијата кај нас (било кој да е во опозиција) служи само за канализирање за незадоволството и поголемо вкоренување на статус кво-то на ваквата една ситуација. Овој систем е толку инфициран, што едноставно му нема лек. Овој систем треба да го снема(по можност со накитени канделабри), за да можеме конечно да направиме позитивна промена.

А што се однесува до тоа што правниците имаат такво размислување, што те чуди тоа. Па адвокатите од најблиску ја гледаат цела оваа заебанција, они би требало најдобро да знаат дека системов тешко дека може да се промени со методите што ги викаш.
Автоматски споено мислење:

Воошто не ми беше тоа муабетот, туку тоа што Бојан сакаше да ни подпикне некаква етичка супериосност кај Германците. Јас многу добро знам како функционира светот, и знам дека тешко дека може нешто да се промени околу тоа.
Системот произлегува од народот.
Никој не дошол да ни ги наметне политичариве, баш напротив, овие политичари произлегуваат од нас.

Се ова што ни се случува, народот си го има прифатено како нормално. Денешниов народ се води по „глеај си за тебе“ или „глеај тебе да ти е добро, што ти е гајле за другиот“. Народот го заболе го заболе тулето за системот, затоа и никогаш нема да го имаме. Најлошото е што и образуваните луѓе се имаат „прилагодено на системот“, на пример професор од Правен што ме учеше однос држава-право-политика си има легнато на брашното...

Ме заболе мене за опозицијата. Не, опозицијата не ми е единствениот спас и не опозицијата нема да ми донесе подобар живот, зошто опозицијата ја занима само да дојде на власт. Опозицијата и оваа и идна и било која друга, се додека народот не ја смени колективната свест, ја заболе како живеам јас, ти или тој од некое село забутано таму без струја и вода. Ама се додека тој од таму тоа село не сфати дека малце поинаку треба да се постави кон работите и да не се пали пред кооперација на моите се подобри од твоите или моите ја чуваат Македонија, твоите ја распродадоа или едвај чекам ја да дојдам на власт па мамето мамино да ви го расплачам, нема да има промени. Затоа Горан Стефановски збори генијално, се додека не го смениш сопствениот начин на размислување, џабе е се.

Проблемот е токму тоа, што луѓето немаат свои вредности, луѓето имаат вредности кои им ги наметнува некој друг. Луѓето веруваат на ветувања, луѓето се глупи и немаат намера, ниту сакаат да се сменат самите себе.
Не, не викам дека ја сум совршен, ама се трудам да го сменам начинот на кој размислувам и се трудам да не се приклонувам кон масите. Очигледно тоа у државава не пали.

Кога у држава од 1,8 милиони жители имаш најмалце милион ботови што секогаш гласаат на избори за својата партија, не зошто стварно таа партија нуди некаква промена, мада да не се лажеме, ниту една партија не нуди промена, туку само затоа што... јебеш ли га зошто фиксно гласаат за таа партија, ваљда зошто очекуваат коа ќе дојдат они во позиција на моќ ќе им го расплачат мамето мамино на тие што нив до тогаш ги газеле... нема промена...

Лекот ќе биде промена на колективно размислување, нешто што глеам никогаш кај нас нема да се случи...

И не, Германија не ја спомнав зошто Германците имаат некаква си етничка супериорност, туку зошто имаат, ај да ја наречам, општествена супериорност. Од тоа вака што го слушам од луѓе што се преселиле во Германија, обичниот Германец не размислува како да ја заебе државата. Сите тие малверзации ги имаат научено од Балканциве што отидоа таму. Германците или германските граѓани поинаку го поимаат општеството. Јас бев воодушевен кога во извештај/анализа на ЕУ прочитав дека, за разлика од нашиве држави кои едвај чекаа да прогласат вонредна состојба ради коронава, во Германија никогаш не била прогласена вонредна состојба (ова беше од лани летото, не знам дали во меѓувреме нешто се сменило, ама мислам не) затоа што Германците, поучени од историјата со Хитлер, се плашеле дека таква концентрација на голема моќ во извршната власт, може да има лоши последици. Пази, некој у Германија размислувал какви последици може да има голема концентрација на моќ, а се тоа низ призмата на историјата.
On the other hand, у Македонија на почетокот имаше маса на народ што бараше да се воведе 24 часовен полициски час. Значи маса на народ онака чисто од ракав бара беспотребно да му се ограничат правата. Затоа никогаш нема да биде држава од оваа творба, зошто народот не размислува...

Види другар, ромот ке си одговара за свои недела и за неговото кривично дело негледам зошто не би го бранел на суд со оглед на околностите да добие помала казна, односно казна во согласност со законот, а да го видам тој истиот ром да напаѓа жена на улица ке реагирам како оние од видеото, односно на секој здраво разумен човек реакцијата ке му е како на оние од видеото што им бил.

И да, те прашав неекој да ја нападне сестрати без разлика насилник/ манијак... како ке реагираш?
Не се осеќаш малце бедно и лицемерно што истиот човек што викаше „дека си го добил тоа што си го барал“ ќе го браниш на суд и ќе му викаш „ама ипак не си требал да бидеш истепан така, имаш права“?

Претпоставувам дека си адвокат, не знам, ама ако си адвокат, адвокатурата не е како да си шнајдер во фабрика да работиш од 8 до 4 и дома. Адвокатурата е малце повеќе од тоа, не за џабе е ставена како уставна категорија. Адвокатурата не е коа ќе ти дојде човек у канцеларија да му речеш дека има/нема права во зависност од тоа дали има/нема да ти плати по тарифа...
Адвокатурата е независна професија поради функцијата што ја има, заштита на правата на сите граѓани, па дури и тие што убиле/силувале/малтретирале. Убаво што ја симплифицираш твојата работа само на висината на казната, ја ете не глеам така на адвокатурата...

Зошто многу те интересира ете ја како би постапил, не знам и никогаш нема да знам се додека стварно не се најдам во таква ситуација (hopefully never). Кога си у таква ситуација си во состојба на афект. Дури и да постапам како на видеово, објективно оценето, тоа не значи дека добро сум постапил. Само за разлика од тебе, во ситуација кои ни ти не си субјективно засегнат од оваа конкретна ситуација, ја не настапувам со „си го добил тоа што го барал“...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom