Паркинсонова болест

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Паркинсоновата болест е невродегенеративна болест која ги напаѓа моторните функции на заболениот, говорот и други функции. Оваа болест е позната и како ПД (Parkinson’s disease). Болеста се јавува како резултат на дегенерација на допаминергичните неврони во базалните ганглии, поточно во substantia nigra и locus coeruleus. Именувана е според англискиот аптекар Џејмс Паркинсон, кој направил детален опис на болеста во еден негов есеј во 1817 г.

Повеќе за самата болест на wikipedia - Паркинсон

Кај татко ми е дијагностицирана оваа болест. Ако имате некои искуства со начините на лечење на оваа болест, како и нејновите сознанија и лекови во светот, пожелно е да ги споделите. На татко ми му се препишани капсулите леводопа + карбидопа. Сепак нема подобрување и состојбата се влошува. Исто ме интересира дали има некои заеднички точки со Алцхајмеровата болест, пред се во однос на симптомите во подоцнежна фаза. Прочитав нешто во темата за Алцхајмер и сето тоа ме преплаши, се надевам дека нема да има такви симптоми и да страда и целото семејство.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Паркинсоновата болест, како и Алцхајмер, спаѓаат во деменција - според тоа се болести од иста група, и да, за жал, имаат слични карактеристики.
Еве ти нешто околу разликите меѓу Алцхајмер и Паркинсон
http://www.netdoctor.co.uk/ate/seniorshealth/200438.html

Инаку, мојата баба живееше со Паркинсон околу 15 години, со тоа што и беше дијагностицирана болеста некои 5 години пред да почине (на 64 годишна возраст). Можам да ти кажам нешто од мое лично искуство, зошто јас се грижев за неа. Првите симптоми мислевме дека се симптоми на ,старост, - малце по малце забораваше, живееше во минатото, нејзиното лице полека губеше било каква смисла со нејзиното доживување на ситуацијата, кога беше тажна или среќна - го имаше истиот израз.
Имаше преживеано преку 4 мозочни изливи, докторите рекоа дека постепено ќе се развие ,склероза, но дека може да се забави процесот со физички вежби. На голема моја жалост, мојата баба беше решена да умре, немаше волја за живот, што и да правевме беше излишно, не сакаше да се помрдне, а не вежби да прави, иако физиотерапевтите точно ми покажаа што и како треба да ја терам да прави.

Не сум сигурна што и рекоа да пие после дијагностицирањето на Паркинсон (беше одамна) но знам дека одбиваше да пие апчиња, само во кратките моменти кога се доживуваше себе како дете можевме да ја убедиме да се напие. Единствено прифаќаше да пие диазепам (имаше навика да го пие ради изливите, го пиеше околу 20 години и веројатно ,потсвесно, и остана дека е тоа нешто што се мора). Едноставно, одбиваше дека е болна.

Можам да ти кажам дека ако е на време откриено и ако татко ти има волја да се лекува, за Паркинсон постои надеж - за Алцхајмер не. Низ цела голгота со баба ми, запознав неколку личности кои успеваа да се справуваат со Паркинсон повеќе од деценија, и добро им одеше. Но се бара многу, многу труд и пожртвуваност, и пред се, волја за живот од страна на болниот, да биде свесен за својата болест и никако да не се откажува.

Две години пред да почине, преку ноќ ситуацијата и се влоши. Буквално. Предходно - вака или онака, беше повеќе свесна од несвесна. Но почна да се доживува нон стоп себе како дете, па како штотуку венчана, почнува да ги бара личностите кои одамна беа починати (на пример - дедо ми) и знаеше да стане многу раздразлива и агресивна кога пробував да и објаснам дека тој е одамна починат.

Се надевам дека се ќе биде во ред со твојот татко. Бидете упорни, и најважно од се е тој да биде што поупорен и повесел и пооптимистичен. Ништо не може да му помогне колку што тој може сам - а и вие не смеете да очајувате покрај него. Бидејќи покрај медицинската терапија, од огромно значење е вие да го бодрите и да му влевате оптимизам.

Ви посакувам се најдобро!
 
Член од
18 мај 2010
Мислења
149
Поени од реакции
54
Мајка ми има паркинсон околу 10години сега е на возраст од околу 55године сиптомите што ги опишува другаров во претходниот пост за баба му не се баш само од паркинсонова болест сигурно се и во комбинација на други болести.
психичките проблеми не се главни симптоми кај паркинсонот(не дека ги нема, ама можат да се надминат) главни проблеми се губењето на моторните функции, губење рамнотежа, грчење(вкочанување) на раце,нозе. и мајка ми е на терапија со леводопа+карбидопа околу 10години порано беа со друг назив(наком) али ист е составот, тоа е главна терапија леводопа и карбидопа е сега проблемот што настанува е како што поминуваат години организмот се навикнува на оваа терапија и се помалку и помалку делува.
инаку бидејки сум засегнат со ова веќе долго време и со сигурност знам оваа болест директен причинител за смрт не може да биде(имам разговарано со сите доктори во земјава ги има малку што имаат специјализирано на оваа болест) значи пациент со паркинсон може да живее и 100год доколку нема и други здравствени проблеми.
лек нема засега никаде во светот(америка,европа,разговарано со медицински лица) сиптомите на болеста може само да се одржуваат, во америка се прават експерименти за лекување со матични клетки и има доста добар успех ни се тоа е само во експериментална фаза. еве на мејл што ми одговори една докторка од мак на прашање дали може да се лекува паркинсонова полест со матични клетки
Zasega ne postoi standarden tretman za lekuvanje na Parkinsonovata bolest, no vo tek se brojni naucni studii za da se otkrijat potncijalite na maticnite kletki I vo lekuvanje na ovaa bolest. Ona sto moze da se potvrdi od dosegasnite prvicni ekspeimentalni sudii, se pozitivni efekti od terapija so maticni kletki, no ke napomenam deka ova se samo prvicni I ne siroko prifateni I potvrdeni tretmani. Konkretno stanuva zbor za studija od 2002 god, vo koja Dr. Michel Levesque, vo Cedars-Sinai Med. Centar, vo Los Angeles, raportira za prviot pacient so Parkinsonova bolest, na koj mu se zemeni sopstveni adultni nervni maticni keltki, potoa vo lab. “naterani” da se diferenciraat vo dopamin-produciracki kletki I povtorno implantirani nazad vo mozokot. I po 3 god. Od tretmanot, pacientot koj kontinuirano bil sleden, ne pokazal znaci za vrakanje na bolesta(rezultati prezentirani na sostanokot na amerikanskata nevrohirurska asocijacija. Ova e samo eden primer deka maticnite klekti navistina funkcioniraat. Ostanuva da i dademe vreme na naukata da si gi potvrdi i standardizira vakvite i slicni efikasni tretmani.
сепак болеста е специфична и различно влијае на пациентите ако сакаш да споделиме некои други пишими приватна порака
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Мак, наведов дека болеста и беше дијагностицирана прилично доцна, точно кога настанаа првите посериозни ,згрчувања, - кај неа прво се манифестираше со неможност да го менува изразот на лицето. Мимиките - исчезнаа.
Подозна почна забавениот и тромав од, нерамнотежа, итн.
Докторите мн порано предвидеа нешто слично, од аспект на мозочните изливи, но само неколку години пред смртта беше дијагностициран Паркинс.
И јас мислам дека имаше придружени симптоми - меѓу кои склерозата како таква, последователна е на изливите, не верувам дека некој успеал да ја избегне.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Благодарам за одговорите.
Кај татко ми болеста е диагностицирана пред неколку години. Прв симптом кај него беше тресење на рацете.
Како што кажав прима терапија леводопа + карбидопа уште од почетокот и терапијата и дозата до денес не му е променета. До неодамна успешно се справуваше со болеста но оваа година состојбата му се влоши. Лани возеше и кола, идеше сам на пазар, во банка итн. Има и некои психички симтоми уште откако му се јави болеста, постојано мисли дека некој го краде. Друго има проблеми при одење, губи рамнотежа и паѓа, најголем проблем му е да го направи првиот чекор, проблеми при голтање, говорот му е сменет, почна да зборува многу тивко и неразбирливо. И кога стои некако поднаведнат е, но нема проблеми со рбетот. Физички вежби не прави, му се појавуваат отоци на нозете но само кога е дома неколку дена, имаме викендица и кога е таму работи во дворот по нешто и отоците му исчезнуваат.
 
Мислам дека е важно да оди на физикална терапија. Посебно што му се влошила ситуацијата оваа година. Сепак, зборувајте со докторот.
 
Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Лек за алцхајмерова и за паркинсонова болест има: консумирање на есенцијални масни киселини (ладно цедено малсо од коноп) со цел да му се дадат потребните алатки на организмот за создавање на канабиноиди кои имаат моќ да ги регенерираат невроните (поправање на оштетените и растење на нови здрави мозочни клетки) без разлика на возраста на човекот, како и регенерација на многу други органи во телото (црн дроб и др.), да креираат апоптоза кај канцерогените клетки (самоубиство на туморите) но не и кај здравите итн итн.

НО, бидејќи многу често ЕМК не се доволни на нашиот организам, потребна е дополнително снабдување со канабиноиди секако од медицинскиот канабис. Подоле го оставам експертот да го каже неговото...

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.066
Поени од реакции
13.574
Темава е стара но сепак се надевам на одговор. Дали кај нас постои DaTscans за Паркинсон?
 
Член од
12 март 2021
Мислења
1
Поени од реакции
1
Темава е стара но сепак се надевам на одговор. Дали кај нас постои DaTscans за Паркинсон?
i jas baram odgovor ,prebaruvam i prasuvam no do sega vo mk nemam sretnato
Автоматски споено мислење:

ako imate informacija ve molam pisete.
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.066
Поени од реакции
13.574
i jas baram odgovor ,prebaruvam i prasuvam no do sega vo mk nemam sretnato
Автоматски споено мислење:

ako imate informacija ve molam pisete.
Толку време прошло што сум заборавила и што е :( дали е само за да се потврди дали има паркинсон? На жалост татко ми и без тоа му потврдија и веќе прима лекарства.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.813
Поени од реакции
35.198
...паркинсонизам е термин што се користи за опишување на симптоми или знаци кои се наоѓаат во Паркинсонова болест, но кои исто така може да се најдат во други состојби кои предизвикуваат забавување на движењето (брадикиниезија), вкочанетост и тремор, а не е Паркинсон!
...долготрајниот стрес комбинирано со возраста може да даде некои еписоди на тремор, вкочанетост, споро движење, а особата да нема проблеми со памтење, голтање и говор, па и ситен ракопис што е преставува едни од симптоми која специјалистот по деталниот преглед ќе одреди дали е Паркинсон или не,

...специјалистот може да предложи да се направи скенирање, но сами по себе тие не можат да постават дефинитивна дијагноза на Паркинсонова болест, така што тие не се баш корисни,
МРИ (магнетна резонанција) или КТ (компјутерска томографија)
...се скенирања на мозокот кои укажуваат како изгледа структурата на мозок, но најчесто кај луѓето со паркинсон резултатот е нормален,
SPECT или DaTSCAN
...скенирања кои укажуваат како работат различни области на мозокот, СПЕКТ е вид на тест за сликање кој покажува како крвта тече кон ткивата, одреден вид на СПЕКТ скенирање редовно се користи да се потврдат губењето на одреден вид мозочни клетки кои содржат/лачат хемикалија наречена допамин, познат како скенирање на допамин-транспортер или DaTSCAN, чие губење на клетки што произведуваат допамин предизвикуваат развој на Паркинсон,
...но, слична загуба може да се појави и во некои други поретки невролошки состојби, така и да се направи такво скенирање и да се добие абнормален резултат на DaTSCAN не може да даде со сигурност дефинитивна дијагноза на Паркинсон, но се претпоставува дека најчесто е Паркинсон,
но во моментот нема некој тест или метод да се каже со точност Да! особата со сигурност има Паркинсон, затоа пациентот се следи подолго време додека му се даде таква дијагноза или некои специјалисти веднаш ја даваат со што понекогаш пациентите се погрешно дијагностицирани како Паркинсон,

најчестиот симптом за кој се укажува на Паркисон:
„Тремор“
... претставува ритмичко, неволно движење кое влијае на дел од телото, како што е раката кое се намалува доколку телото одмара, за разлика од суштинскиот тремор т.е. треперењето при Паркинсон кога погодениот дел од телото мирува а се појавува тремор најчесто прво на една страна, па со време и на друга страна,
но поновите сознанија укажуваат дека еден од првите симптоми на пореметување и проблеми со стилото за мирис би било почеток на сомневање на Паркинсон во комбинација со другите познати симптоми,
Толку време прошло што сум заборавила и што е :( дали е само за да се потврди дали има паркинсон? На жалост татко ми и без тоа му потврдија и веќе прима лекарства.
... и кои се сите симптоми со кои специјалистот го потврди Паркисон?
 
Последно уредено:

губеше рамнотежа при одење, му се расипа говорот, немаше никакви експресии на лицето (тага, сењќа, збунетост, ништо!), мал тремор...
Направивме магнетна резонанца и тоа беше последната потврда.
најмногу ме боли што две год го лечеа од депрњсија и морав јасод тука да се јавам и да прашам дали е можеби паркинсон. Одговорот беше можно е, не ми текнало на тоа :(
 
...а тумор нешто не е дијагностициран?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom