Немам време да ти правам во ситници математика, просто кажано целата ситуација се базира на: слобода.
Слобода ако нешто не бива да можеш да собереш парталите и да заминеш, слобода ако не ти се допаѓа соседството да се спакуваш и од следен месец да си на друго место, слобода ако ти е мал станот во иднина да ре-инвестираш или да се преселиш во поголемо, слобода ако ти е далеку работата или утре на детето школото да се префрлиш таму...
Инаку математички гледано на овие камати доаѓаат слично, ако земеш млади луѓе и ја туриш прогресијата во калкулација: мала кирија првите 10 години (додека се сами или мало дете) за помала недвижност, па зголемување на кирија и одење во поголема недвижност кога ќе им треба, амортизација на недвижноста, амортизација на мебелот, камата и тн ќе видиш дека горе-доле е исто.
Ако одиш логично на работите и од старт земеш 60тина м2, целосно на кредит (65к ако кошта станот, ако немаш учество имаш месечна рата од 350-400 евра на 20 години исплата, на 30 години ратата е грубо 300 евра (290тина). На 20 години ќе вратиш на банката 90тина илјади евра, на 30 години од 100-105 илјади евра. Рачунај 20 години ќе бидеш РОБ, едноставно не смееш да си дозволиш да останеш без работа, не смееш да си дозволиш да отвориш бизнис, закован за една локација (можеш да ја продадеш, ама пак заебанции со банки, проценители, агенции, луѓе). И да, македонското, ќе биде твоја после тие 20-30 години и ќе можеш да ја продадеш, арно ама после 20-30 години не си веќе во состојба за ризици/бизниси/инвестиции во нешто со кое може да заработиш и пак си остануваш роб (ова го зборувам за помлади луѓе до 35 години).
Со кирија, барем првите 10 години ќе плаќаш по 150-200 евра (150-200 евра ти остануваат на крај на месец и може да ги тргнеш на страна), после тоа ќе плаќаш 200-270 евра (пак ти остануваат 100-150 евра во однос на ратата), немаш армотизација на мебел (во тие 20-30 години минимум 5000 евра заштеда), немаш амортизација на недвижност (минимум уште толку, рачунај за 30 години: плочки, ламинат, паркет, дограма се ќе биде за менување), имаш слобода што сакаш да правиш (да менуваш населба, комшилук, држава, работа). Ако ти излезе прилика и направиш пари никој не те брани да инвестираш и по 10 години.
Во ситуација ако веќе ги имаш 65-70к евра во џеб и немаш никаква идеја што да правиш ОК тогаш ти останува можноста да ги инвестираш таму (има подобри опции, али како „посигурна“ и ако немаш појма од инвестирање, ти е ок избор).