Не ми е гаражирана, значи изложена на секакво влијание (што и не е така проблематично со оглед на тоа што Гетеборг е поврнежлив од Англија и Холандија заедно)
Реално сега со студот и снеговите што ја возев едноставно цела фати како бела прашина и тоа малку ме натера да размислам за некоја заштита, ама пример денес дожд и како нова е
Иако од надворешна страна не сум некоја педантерија за внатре се трудам колку можам нема јадење во кола нема чипсови нема пушење, ама па од друга страна во ѓепек возам самојед
Али може да помине со едно внатрешно хемиско на година две , и може едно полирање да се стави или восок на лето не мора одма сега секако е 3 месеци како излезе од салон
А возењето ми е еднаш неделно за шопинг до продавница и другото е за викенди кога се шета надвор од град (последниве два викенди ми беа околу 1600км само автопат) чисто за пример каде се вози зашто некои и тоа праша