- Член од
- 4 октомври 2010
- Мислења
- 8.543
- Поени од реакции
- 15.035
Сега веројатно да, посебно кога се работи за квалитетот на играта. Но, не верувам дека ќе дојдеше Милан толку бргу до тука да не беше Ибра. И не мислам само на победнички менталитет, многу придонесе со негово фудбалско знаење. По мене тоа се гледа и сега, иако не е во најдобра форма.Procitav negde deka Kostakurta izjavil deka Benaser i Calhanoglu se povazni od Ibra za timot.
Sto mislite ?
Во секој случај, никако не е избор или-или помеѓу Ибра и Хакан/Бенасер па да се форсира овој муабет, кој што доминира и во овој фан клуб.
Супер е што и тројцата се квалитетни, играат на различни позиции и можат да играат заедно. Сите други муабети се непотребни.
И не треба да се скока веднаш кога некој од нив ќе биде искритикуван или да биде бранен по секоја цена. Како што беше бранен Тео. Иако е топ фудбалер и многу ми е мило што е во Милан, си има фалинки кои знаат скапо да чинат (имам впечаток како да се подобрува дефанзивно). Хакан имаше сезонава еден период, таму после дербито со Интер, кога не беше на највисоко ниво. Сега е Ибра, утре може да биде Бенасер. Овој веројатно ми е најомилен во овој Милан и некогаш непотребно го имам критикувано.
Но, во каква и да се форма, колку некогаш и да не им оди, ова се фудбалери што прават разлика и секогаш е добро да ги има на терен. А дали денес ќе биде најдобар Петко или Станко, не ми е важно, посебно што и кога не се најдобри влијаат доста на играта и резултатот.