Според мене број 1 фаворити се
Хрватска,можеби не делува така ама имаат страшен состав,одлично воиграни,хемија во екипа и најкомплетни доаѓаат за разлика од останатите репрезентации.
Одбраната им е најсилно оружје,одамна не сум видел некоја репрезентација да игра толку цврста одбрана,мислам дека последно Французите со онаа златна генерација имаа ваква одбрана.
Во напад одлично покриени,Циндриќ изигра фантастична сезона во Барса,Дувњак исто,само уште Карачиќ да го имаат ќе биде одлично.
На ова првенство им се враќаат Штрлек и Чупиќ што дефинитивно кажува дека ќе атакуваат на злато.
Ќе видиме како ќе стојат со повреди,ако се комлетни сигурно ќе стигнат далеку.
Дури и здрепката им е идеална.
Позади нив мислам дека се
Норвешка,предводени од Сагосен,последниве првенства немаа баш среќа во тие завршници и најверојатно сега се многу поискусни па ќе видиме до каде ќе стигнат.
Не треба да зборам многу за составот што го имаат,покриени се добро на сите позиции,играат брз модерен ракомет,ако им дадеш шанса ќе те уништат.
Како трети би ги спомнал
Германија,знам дека имаат еден куп повредени играчи,многу и откажаа поради короната,демек го бојкотираат првенството,сепак мислам дека Швабите се најопасни од ваква позиција,секогаш кога биле потценети се покажало дека се најопасни.
Имаат многу играчи од Бундеслига и можат секогаш да извадат добар состав.
Данска на ова првенство доаѓа со доста проблеми,се шпекулираше дека е можно и без Хансен да останат,Лауге е повреден подолго време,Мортенсен исто го нема и тоа е доста голем хендикеп.
Мислам дека се далеку од најдобрите денови,некако и се затија после освоеното злато дома за тоа се спремаа подолго време и главната работа на Јакобсен беше да го освои тоа првенство.
Сега немаат некоја јасна цел,ќе атакуваат на полуфинале само мислам дека тешко ќе оди тоа.
Се виде и лани на Европското кога испаднаа во групи дека не истата репрезентација од претходно.
Франција можеби од фаворитите доаѓа најмногу осакатена,стигна смена на генерации,многу играчи се повлекоа,капак на се беше и повредата на Карабатиќ.
Останаа на среден бек со Мелвин Ричардсон да играат,што е далеку полоша опција,дури и Пранди се повреди на подготовките.
Ги гледав двата натпревари од евро купот со Србија кога играа,поприлично млаки беа Французите,на едниот натпревар тепаше Србија на вториот нерешено,немора се да значи тоа ама сепак јасно е дека не се баш во најдобро светло,далеку се од оние најдобри години кога беа апсолутни фаворити секое првенство.
Уште во група се со Норвешка и имаат поприлично тежок пат до полуфинале,до кое мислам дека нема ни да стигнат.
Шпанија стандард си доаѓаа со старци на првенството,без никакви бомбастични најави секогаш се во втор план и на крај си стигаат до завршница.
Многу искусни играчи имаат во состав,уште се тука Ентрериос,Сармиенто,Канељас...
Одлични голмани и крила имаат,главно ќе се крстат во одбраната,ако биде како последните првенства можно е пак да земат медал.
Не треба никогаш да се потцени ваква екипа.
Би ги спомнал уште
Словенија,имаат солиден состав,добро покриени на сите позиции,одлични средни бекови кои ја водат цела игра,брзи крила,јака одбрана и ако им се укаже прилика и се поклопат коцките може да се замешаат во трката за медалите.
Од останатите репрезентации незнам кој би можел да стигне подалеку и да биде некое изненадување на првенството.
Исланд без Палмарсон се за една класа послаба екипа,тој е алфа и омега во тимот,без него стварно тешко да направат некој посериозен успех.
Шведска цел тим им беше позитивен на корона,незнам со какви играчи ќе отидат на првенството,сепак далеку се од екипа која може да атакува на висок пласман.
Австрија без лидерите доаѓа,Божовиќ и Билик ја носеа цела репрезентација на грб без нив стварно тешко ќе биде.
Може да изненадат единственио Португалија или Унгарија,незнам со каков состав ќе дојдат и дали имаат повредени/позитивни играчи,само последните години многу вложуваат изгледаа одлично на последните неколку првенства па може сега на едно вакво првенсто да си ја гледаат шансата.
Генерално ова е мислам најсалбото првенство во последните 10 години,многу репрезентации се ослабени,нема да има публика,еден куп позитивни играчи,многу незадоволни поради короната што бараа да се одложи,врв ќе биде ако на сред првенство се појави некоја екипа со многу позитивни случаи,дури тогаш ќе биде каша-попара.
Еве Американците 18 позитивни,може ние да влеземе на првенството па да се подигне квалитетот.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)