Тоа не може да се случи поради тоа што, нажалост, магијата не е реален феномен кој може да се изучува од општествените и природните науки. Уметностите имаат друга функција, па „магија“ не може да спаѓа ни во таа категорија. Од друга страна, „Западна езотерија“ и „Историја на западна езотерија“, може да се проучуваат (како што и се проучуваат) во склоп на филозофските, религиозните студии или како посебна катедра.
Што се тиче мени, ја би отфрлил и изучување веронаука поради истите причини поради кои не треба да има магија. Универзитетската диплома дава звање на научник и академик, а не познавач на фиктивни наративи. Во ред е да има „теологија“ како антрополошко-историска/филозофска гранка, па тука може да се проучува и езотеријата бидејќи во минатото, а и сега, се испреплетени.
Денеска, во 21 век, sigil making, geomancy е греота да се учи. Со денешните сознанија, да фрлаш камења и песок на земја, па да мислиш дека образците доле кажуваат нешто за иднината, па и да го изучуваш тоа на универзитет...
Или со интрикантните познавања од медицината и молекуларната биологија и биохемија да има смер „хомеопатија“... Ја лично ќе идам и ќе ја запалам катедрата со бензин.