Може да ја објасниш таа симболика? Што е за тебе првобитниот грев? Што е за тебе судењето во кое Исус ќе им даде на секој според делата? Што е огненото езеро? Што е за тебе гревот? И најбитното од се, дали таа симболика постои и кај обичниот верник? Дали просечен верник гледа на сето ова исто?
Скроз е џабе знам, но пошто праша ( не дека до сега не сум мелел за ова уз кафе) а и сега дрмнав едно јако па еве.... а и тагче до
@Хептаграм XI дека и он праша...
Прво почнуваш со Адам и Ева, еден од Херметичките принципи нели е и пол како род, два аспекти кои меѓусебно играат и се надополнуваат... машкиот наједноставно е акцијата нели а женскиот грижата( покрај другите квалитети ).
Бог го создаде Адам - природата најпрво морала да создаде рбетен мозок одговорен за моторика - акција во овој свет и настанале рептилите - хенс рбетен - рептилен мозок.
Откако тоа го поставила, сега природата направила чекор понатаму - врз машкиот го додала женскиот - емоциите - лимбичен мозок. Обратно не може, па затоа Ева е од реброто. Пак да потсетам Адам е машки принцип Ева женски, а не маж и жена.
Апнувањето од дрвото на знаењето е развојот на третиот битен за нас - неокортексот - способност да се мисли, причина и последица.
Ева е одговорна - читај - женскиот принцип води кон тоа, тој мозок е над лимбичниот... змијата има осцилирачка крива на телото... лево десно.. симболика на неизвесноста како тригер за интелигенцијата.
Масоните ја имаат сличната симболика во логото, прав агол долу - машки принцип, Г над - женски, шестар над нив - интелигенција. Кај нив интелигенцијата владее со овие два долу, со што лично не се слагам.
Оригиналниот грев е сознанието за нашата смртност кое иницирало појачан мутиран страв од смрт и тука е нашиот заеб, сме се отцепиле од флоуто со животот, балансот со природата пошто знаеме дека се е смртно, одеднаш земјата веќе не е рај туку место кое може да те убие на многу начини.
Но постои начин да излеземе од лудилото, Исус е архетип, Љубов, алтруизам, надминување на себичноста, која бај д веј е злото - ѓаоло.
Жртвата е највозвишено алтруистичко дело, доколку некој е сведок на таков чин се случува чувство на елевација, инспирира да се надмине себичноста и тоа е Исус кој умира за нашите гревови, ни покажува со врвен алтруистички чин што е финтата за да кај сите нас предизвика елевација и го разбуди алтруизмот кој е наша одлика и вистинскиот начин на живот. Само тогаш ќе се вратиш во рајската градина.
Исус суди - кога се буди во тебе ова погоре, ти сам си судиш... дарк најт оф д соул.... доколку си бил многу себичен ова е мноооогу тежок и болен процес... огнено езеро.
Најголем број на луѓе не се ни научно нит философски настроени нити имаат време со се ова да се замараат, си прифатиле традиција која ја пренесува приказната.
Вредностите што ги пропагира рисјанството треба да ви се во фокус, но проблемот е што токму тие вредности вас ви се проблем, а ти Ипси како ѓакон на гностичката црква со голата свештеничка на олтарот се ова ќе изигнорираш и ќе се појавиш пак со цитат за сечење глави, пошто јасно е дека дел од агендата ви е плукање по староеонските религии.... и затоа мислам дека е џабе и се шо останува е да се зезаме.
@Drexel - ќе им суди и на живи и на мртви - имам подалечен роднина свештено лице кој викаше - кој не е со љубоф во срцето тој не е жив, вокинг дед.