Езотерија, Окултизам - А. Кроули, П. Дунов, Д. Фортуне ...

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
H

Hyperion VI

Гостин
Знам дека не и лично и не сакав де те вмешувам во постот за да не ме сфатиш погрешно а сакав да додадам дека иако малку сме се дружеле ти си ми бил еден од најпозитивните ликови што сум ги запознал во О.Т.О.
Обично сум можел да претпоставам кој би ,,излегол" и зошто ама ти ми беше мистерија и изненадување. Не морам да знам и посакувам да ти се случуваат само убави работи!
Peace Out!
(y)
Секако дека ти и луѓето околу тебе беа единствените што ме држеа уште во "редот",ама на крај ради "омладинците" и нивните супериори морав да ставам крај на прикаската ;)
Секако за тебе сум тука во било кое време,сепак нашата дружба беше надвор од оквирот на редот и би ми било мило да се видиме секогаш.
Тој ми е бројот уште,кога си СК слободно врти,
јас гарантирам дека нема да спомињам ништо во врска со О.Т.О.
 
D

Drexel

Гостин
Едни ќе видат делфини а други љубовници, додека трети делфини и љубовници нацртани на шише, четврти ќе видат слика на која има насликано шише на кое има насликано делфини и љубовници а петти мислат дека ако длабоко се загледаат во сликава а потоа погледнат на горе ќе го видат Господ. Колку људи толку чуди.
Окултизам не е за секого, а намерата секогаш го одредува развојот на настани. Затоа сум внимателен кога судам и пресудувам, и избегнувам да разговарам на овие теми без разлика на духовната припадност на соговорникот.
Член сум на О.Т.О. од 2003та година и сеуште сум преблагодарен за околностите гои довеле до тој момент.
Сум среќавал секакви, сум се чудел до чудење како побогу некои луѓе воопшто се нашле во редот без ни најмала желба за Окултизам и се што е поврзано со него. Според моја лична проценка најчесто причината (меѓу другите причини) била поради елитизам т.е. потребата да припаѓаш некаде, онаа длабока несигурност која пројавува потреба да се биде прифатен и разбран па така да ти се чини како што ти се причинува дека си над останатите.
А проблемите секогаш се човечки фактор поради човечки слабости, алчноста да се види побргу и подалеку ама без согледување на можните последици.
Секој со своите демони и
Бог, тие што се одлучиле да запливаат во окултното, нека ги чува на сите свои патишта.
Peace Out!

Прегледај го приврзокот 278102
Јас не сум член на О.Т.О. Јас самиот или животот ме донесе до околностите и единствените заклетви што држат вода за мене се тие кои ги даваш во отворениот круг пред свиканите божества. Јас само знам дека живееме во друго време каде секој кој е потпален и искрено поставен и има способност да се само-организира и посвети на нешто, може тоа да го направи дури и без да членува некаде, дури и во оккултизам. Многумина нема да се согласат со мене но јас сум од поновата генерација на која се и е дадено а исто како ништо да не и е дадено на луѓе што не гледаат. Едноставно некогаш ме шокира како некој може нон-шалантно да ја промаши литературата што му е еден клик оддалечена? Ало бе овие работи едно време се чувале во рачно напишани томови по подруми на манастири по 5 копии понекогаш постоеле во светот, убивале и биле бесени за нив се додека некој не ги земал вложил време да ги преведе во стандардна книга за да некој петко после 100 години ги скенира и стави на интернет да бидат достапни за целиот свет?? Да би знаеле оригиналните писатели за Google сите би ги претепале со стапови претпоставувам, но ете животот е тој а разликата е дали тебе ќе ти кликне во глава што всушност можеш да правиш и да постигнеш дури и со само неколку книги како прмер Kybalion и Clavicula Salomonis е разликата меѓу знаење и незнаење како да ја користиш истата и што всушност имаш во рацете. Некогаш ми се врти од луѓе што не се свесни за моќта што им е дадена и не се свесни како можат да си помогнат и тука и кога стојат пред непознатото. Оккултизмот и то како е алатка која ти вели дека не си осакатен и беспомошен кога стоиш пред нешто што не го познаваш. Но ете не можам на сите поединечно да им кажувам дека можат да сторат нешто а и колку се обидуваш толку луд излегуваш на крај па ако е така, кого животот одреди за тука бујрум кого не посакај му среќа.
 
Последно уредено од модератор:

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.985
Поени од реакции
12.621
Учете малку од Магус за скромност и мудрост. Целта на духовните учења е оваа состојба на умот. Ја не се слагам со Магус околу неговиот светоглед, ама и ја иам да учам од него. Веројатно да седам и да водам жолчни расправии со него, у ниеден момент нема да го шибне еготрип или „да го повиши тонот", дури да фатам и да му пцујам све најмило.
Се трудам да ја смирам водата за да си го видам ликот (персоната) во одразот, па исплашен од неговата непостојаност и површност се надевам дека ќе соберам храброст да потонам во длабочината (суштината).

Треба да си помуабетиме, ама само ако ти зборуваш а јас слушам хаха
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.735

Може и да ти читам поезија од Блејк или Рабиндранат Тагоре, додека ми лежиш в скут, ти ја галам косата и ти пружам права Сократовска, платонска! машка љубов! Батали ја Шакти!
Впрочем, поздрави ја, фали на форумов. :D
 
Последно уредено:
D

Drexel

Гостин
Да се враќам ли по објави и да те бројам,колку пати ова го имаш пишано?
А јас знаеш ли колку пати ќе морам истото да го пишам за секој што ќе ме сретне? Ехе многу пати оти народот не ни е баш информиран, а и самиот не сум крив што О.Т.О има монопол во се окултно во државата.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.985
Поени од реакции
12.621
Јас не сум член на О.Т.О. Јас самиот или животот ме донесе до околностите и единствените заклетви што држат вода за мене се тие кои ги даваш во отворениот круг пред свиканите божества. Јас само знам дека живееме во друго време каде секој кој е потпален и искрено поставен и има способност да се само-организира и посвети на нешто може тоа да го направи без да членува никаде дури и во оккултизам. Многумина нема да се согласат со мене но јас сум од поновата генерација на која се и е дадено а исто како ништо да не и е дадено на луѓе што не гледаат. Едноставно некогаш ме шокира како некој може нон-шалантно да ја промаши литературата што му е еден клик оддалечена? Ало бе овие работи едно време се чувале во рачно напишани томови по подруми на манастири по 5 копии понекогаш постоеле во светот, убивале и биле бесени за нив се додека некој не ги земал вложил време да ги преведе во стандардна книга за да некој петко после 100 години ги скенира и стави на интернет да бидат достапни за целиот свет?? Да би знаеле оригиналните писатели за Google сите би ги претепале со стапови претпоставувам, но ете животот е тој а разликата е дали тебе ќе ти кликне во глава што всушност можеш да правиш и да постигнеш дури и со само неколку книги како прмер Kybalion и Clavicula Salomonis е разликата меѓу знаење и незнаење како да ја користиш истата и што всушност имаш во рацете. Некогаш ми се врти од луѓе што не се свесни за моќта што им е дадена и не се свесни како можат да си помогнат и тука и кога стојат пред непознатото. Оккултизмот и то како е алатка која ти вели дека не си осакатен и беспомошен кога стоиш пред нешто што не го познаваш. Но ете не можам на сите поединечно да им кажувам дека можат да сторат нешто а и колку и обидуваш толку луд излегуваш на крај па ако е така кого животот одреди за тука бујрум кого не посакај му среќа.
Еден висок степен во О.Т.О. има кажано нешто во стилот: не мораш да членуваш некаде да бидеш инициран за да ,,постигнеш", ниту пак членството и иницијацијата ти гарантираат ,,постигнување", со што јас во целост се сложувам.
Автоматски споено мислење:

Може и да ти читам поезија од Блејк или Рабиндранат Тагоре, додека ми лежиш в скут, ти ја галам косата и ти пружам права Сократовска, платонска! машка љубов! Батали ја Шакти!
Впрочем, поздрави ја, фали на форумов. :D
Па Сократ (Платон) си го сметам за учител, иако се чувствувам недостојно за негов ученик.

Косата ја истрижив така да ќе треба да се лапаме хаха

Фала, ќе ја поздравам.
 
Последно уредено:
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.932
Едни ќе видат делфини а други љубовници, додека трети делфини и љубовници нацртани на шише, четврти ќе видат слика на која има насликано шише на кое има насликано делфини и љубовници а петти мислат дека ако длабоко се загледаат во сликава а потоа погледнат на горе ќе го видат Господ. Колку људи толку чуди.
Окултизам не е за секого, а намерата секогаш го одредува развојот на настани. Затоа сум внимателен кога судам и пресудувам, и избегнувам да разговарам на овие теми без разлика на духовната припадност на соговорникот.
Член сум на О.Т.О. од 2003та година и сеуште сум преблагодарен за околностите гои довеле до тој момент.
Сум среќавал секакви, сум се чудел до чудење како побогу некои луѓе воопшто се нашле во редот без ни најмала желба за Окултизам и се што е поврзано со него. Според моја лична проценка најчесто причината (меѓу другите причини) била поради елитизам т.е. потребата да припаѓаш некаде, онаа длабока несигурност која пројавува потреба да се биде прифатен и разбран па така да ти се чини како што ти се причинува дека си над останатите.
А проблемите секогаш се човечки фактор поради човечки слабости, алчноста да се види побргу и подалеку ама без согледување на можните последици.
Секој со своите демони и
Бог, тие што се одлучиле да запливаат во окултното, нека ги чува на сите свои патишта.
Peace Out!

Прегледај го приврзокот 278102
Не даде опција дека љубовниците се внатре во шишето, можеби тенденциозно дефокусираше со делфините, но тоа не го менува фактот дека е користен ХБ графит на несоодветна хартија за цртеж, со тоа не е добиена соодветна длабочина која можеби авторот ја посакувал... што можеби била интенција сама по себе, но според наивниот прелаз на листот во десната рамка би рекол дека авторот или брзал или воопшто не отишол во таа длабочина на симболиката и илузијата.

Доколку користел бар 4Б со вешто киароскуро во сенчањето наместо размачкување, би го сватил посериозно.

За крај би заклучил нека негирањето на потребата од хиперреалистички третман на нацртаново разочарува, дека авторот сеуште не знае за естетското искувство кое би го предизвикал кај спектаторот, и со тоа би предизвикал секој... бар за момент...наместо делфини или љубовници.... да го осети " бога".
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Поентата е дека тоа нема врска со фактот дали некој е Телемит или не, туку каква личност е. Ти си Телемит (троа доста постар од Ипсисимус) и сосема искрено ми одговори (без да има потреба да издаваш тајни поврзани со Редот). Не било тешко. Јас, на пример, кога некој ќе ме праша нешто или ќе ми посочи контрадикторност, можам без проблем да одговорам и да ја утврдам или побијам неговата критика.
Тоа се вика чесност и интегритет. :)
И јас ти одговорив искрено, наметнувањето од твоја страна како да одговарам нема врска со искреност. Не си професор на предавање па да ми диктираш како да комуницирам со тебе.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.274
Поени од реакции
12.272

Езотеријата и се што содржи таа се чува или со тишина .... или пак со премногу врева, создавајќи „white noise“. :)
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.735
И јас ти одговорив искрено, наметнувањето од твоја страна како да одговарам нема врска со искреност. Не си професор на предавање па да ми диктираш како да комуницирам со тебе.
Тоа што те прашуем така не е за да ти се наметнам како професор што те испрашуе, ти емотивно го перцепираш тоа така и стануеш агресивен, со што ме нервираш и наравно дека ќе те отерам у три лепе пошто нема поента муабетот.
Тоа што го правам е сократов метод на запрашување, со што секој може да стигне до контрадикции на сопствените аргументи пробувајќи да ги одговори прашањата. Прашањата се внимателно дизајнирани за соговорникот да ги согледа своите неконзистентности, пробувајќи искрено да ги одговори. Колку еден формален/неформален аргумент може подобро да се одбрани против напади и незгодни прашања, толку посилен и постабилен е.
Јас константно самиот си се запрашувам за сите мои позиции со помош на сократовиот метод. Наоѓањето контрадикции и/или нови дилеми, ми дава до знаење дека моите позиции не се добри и/или отвара нови прашања што прават да согледам некои работи и да увидам дека сум грешел. Ако само ти пишуем што не е тачно и што е, ти пола ќе скокнеш, пола ќе го извртиш и пак нема да согледаш ништо пошто првото што ќе ти дојде на ум е како да ме побиеш. Прашањата не го дозволуваат тој дискурс. Не може да ги побиеш и не може да ги скокаш, туку кога ќе ги прочиташ, ќе се запрашаш самиот себеси (свесно и несвесно), пробувајќи да дадеш одговор и со тоа ќе согледаш дека си контрадикторен. Впрочем, ти го користиш истиот метод во твоите дебати со МИКИ1 и другите такви фаци. Можам сега да ископам милион постови у кои му поставуваш незгодни прашања. Зошто не ти се допаѓа кога истото е применето на тебе?

За да ти покажам дека тоа нема везе и не треба така да го гледаш, ќе ти кажам да ми поставиш било какво прашање/прашања поврзано/ни со моите ставови и позиции за темава и општо, а јас ќе ти ги одговорам без никаков проблем. Јас сакам некој да смисли прашање што ќе ми биде заебано зашто само со такви прашања можам да ја подобрам мојата позиција и да ја ревидирам каде што не чини. Тапшање по рамо не праи ништо.
 
H

Hyperion VI

Гостин
Јас сакам некој да смисли прашање што ќе ми биде заебано зашто само со такви прашања можам да ја подобрам мојата позиција и да ја ревидирам каде што не чини. Тапшање по рамо не праи ништо.
Драг Ботко,зашто фратер Ипси не ти понудува никакви бенефити од членувањето во неговата,организација.
Да не се тие по..зли и од самите скиентолози,кои барем нудат решавање на сите овоземски,
психосоматски проблеми?
Или Христијаните,кои дури нудат
"Вечен Живот"?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Тоа што те прашуем така не е за да ти се наметнам како професор што те испрашуе, ти емотивно го перцепираш тоа така и стануеш агресивен, со што ме нервираш и наравно дека ќе те отерам у три лепе пошто нема поента муабетот.
Тоа што го правам е сократов метод на запрашување, со што секој може да стигне до контрадикции на сопствените аргументи пробувајќи да ги одговори прашањата. Прашањата се внимателно дизајнирани за соговорникот да ги согледа своите неконзистентности, пробувајќи искрено да ги одговори. Колку еден формален/неформален аргумент може подобро да се одбрани против напади и незгодни прашања, толку посилен и постабилен е.
Јас константно самиот си се запрашувам за сите мои позиции со помош на сократовиот метод. Наоѓањето контрадикции и/или нови дилеми, ми дава до знаење дека моите позиции не се добри и/или отвара нови прашања што прават да согледам некои работи и да увидам дека сум грешел. Ако само ти пишуем што не е тачно и што е, ти пола ќе скокнеш, пола ќе го извртиш и пак нема да согледаш ништо пошто првото што ќе ти дојде на ум е како да ме побиеш. Прашањата не го дозволуваат тој дискурс. Не може да ги побиеш и не може да ги скокаш, туку кога ќе ги прочиташ, ќе се запрашаш самиот себеси (свесно и несвесно), пробувајќи да дадеш одговор и со тоа ќе согледаш дека си контрадикторен.
За да ти покажам дека тоа нема везе и не треба така да го гледаш, ќе ти кажам да ми поставиш било какво прашање/прашања поврзано/ни со моите ставови и позиции за темава и општо, а јас ќе ти ги одговорам без никаков проблем. Јас сакам некој да смисли прашање што ќе ми биде заебано зашто само со такви прашања можам да ја подобрам мојата позиција и да ја ревидирам каде што не чини. Тапшање по рамо не праи ништо.
Никој не бара тапшање по рамо, поентата е дека има работи што не може да се одговорат само со да или не, а ти настапуваш од надмена позиција дека ако не одговорам баш како ти што си замислил, ти си ја добил дискусијата....па добиј ја штом толку ти е битно тоа, ама немој после да попуваш за еготрипови и ароганција.
Се се сведува на тоа дали влегуваш во дискусија заради самата дискусија или за да покажеш колку си паметен.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.985
Поени од реакции
12.621
@Botko види баш сега што ми донесе Шакти од Скопје, а добро знај дека Хегел ми е комплициран. Ќе го земам ова како знак и можда ќе му се пробам пак:
20201223_213004-1.jpg
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.735
@Botko види баш сега што ми донесе Шакти од Скопје, а добро знај дека Хегел ми е комплициран. Ќе го земам ова како знак и можда ќе му се пробам пак:
Прегледај го приврзокот 278146
Знаеш дека му ја имам прочитано Феноменологијата? Со милион објаснувања, со професори што објаснуваат саат ипол еден пасус?
Кога го завршив тоа чудо, се чувствував како да сум тренирал една година у најзаебани услови, сум убил пет мечки со голи раце, 10 зли ворлоци и сум преживеал две војни. Впрочем, Хегел ги кажуе сите овие работи што ги лафиме, само што тоне троа подлабоко со дијалектиката.

Да си ја чуваш Шакти!
Автоматски споено мислење:

Никој не бара тапшање по рамо, поентата е дека има работи што не може да се одговорат само со да или не, а ти настапуваш од надмена позиција дека ако не одговорам баш како ти што си замислил, ти си ја добил дискусијата....па добиј ја штом толку ти е битно тоа, ама немој после да попуваш за еготрипови и ароганција.
Се се сведува на тоа дали влегуваш во дискусија заради самата дискусија или за да покажеш колку си паметен.
Ти си тој што е надмен. У сите дискусии со „глупите" верници го праиш тоа. Немаш проблем да му поставиш неколку прашања на МИКИ1 за да му покажеш колку е глуп што е контрадикторен, ама кога ти си у неговата позиција, наеднаш си повреден. Не бива така. Ја не еготрипам со Магус, ниту со многу соговорници со кои не се сложувам затоа што пристапуваат пристојно. Ниту треба да ти докажуем на тебе дека сум попаметен. Јас стварно мислам дека си контрадикторен и тресеш глупости. А мислам и дека се самозалажуваш. Сум наишол на твои постови кадешто ги начнуваш истите прашања што ти ги начнуем на тебе, па на самиот хептаграм. И сум нашол постови кадешто многу добро ти е јасна таа форма на аргументација. Очигледно, Магнус разбира што кажуем и каде се проблемите што ги посочуем. Разбира Берик. Разбираат другите... Ти некако не разбираш.
Едниот пристап е да те игнорирам. Другиот пристап е да дебатирам сериозно со тебе. Третиот пристап е да се заебавам. Првиот го пробуем после задњиот муабет, ама глеам дека ме цитираш. Со другиот пристап ништо не праиме пошто си индоктриниран и идеолошки задоен, преочигледно. Можам да ти пуштам 3000 студии со објаснувања како интелигенцијата не корелира со погрешни верувања, да зборуем со тебе за онтологии и тристо чуда, ти пак ќе заглавиш и ќе се вратиш на мантрањето за глупите верници што веруваат у змии што зборуваат, а ќе бидеш слеп за верувањата кои според твоите критериуми се у истата категорија пошто си пристрасен. И треба да знаеш повеќе за да зборуеме, не пошто его трипам, туку пошто не знаеш и не разбираш. Како што МИКИ1 не те разбира и ти исфрустриран му кажуеш дека е глуп, така се осеќам кога зборуеме, јебига. Замисли за секунда, како си се осеќал овде овде овде...
Сакаш да ти најдам уште 30000000 вакви преписки у кои поставуеш прости прашања, начнуеш некој аргумент и МИКИ1 не те конта? И сеа некако, too much ти е таквиот дискурс, абе ајде, бркај работа. Епа вака се осеќам со тебе, као ти со МИКИ1. Ако мики еден ти кажеше дека му се праиш паметен, ќе ти идеше да го удриш со тегла по глава? Епа истото. Ме разбираш? Затоа нејќам да зборуем со тебе, да не се расправаме за џабе. Може?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom