Дали Исус Христос ќе дојде по втор пат?

Член од
3 мај 2019
Мислења
19.265
Поени од реакции
10.169
Во право си, вистинските прашања ги превидов заради овие „со големо срце“:).
Првото прашање: Зошто Исус дојде(по прв пат)на овој свет?
Бог го создал човекот за да живее вечно и да се радува во животот. Му обезбедил рајско опкружување и
се најдобро што било потребно за неговиот живот. Можел да јаде од секое дрво што било во градината,освен од едно(на кое пристап имал Луцифер, ангелот отпадник кој се побунил на небото). Јадењето од тој плод било тест нА ПОСЛУШНОСТ, Т.Е.израз на слободната волја на човекот, кого ќе го избере за свој господар, дали Бога или ѓаволот(змиите не можат да зборуваат нели?) Токму поради тоа последиците од престапот на Божјата заповед биле толку големи. Ѓаволот добил власт врз човештвото и предизвикал страдања, болести и смрт сите векови до сега. Но Бог сепак, во својата милост и љубов што ја имал кон човекот не го оставил да пропадне(иако можел). Адам и Ева уште во рајот добиле ветување дека ќе дојде откупител, Месија, кој ќе го победи и на крај, уништи ѓаволот, а човештвото ќе биде повторно вратено во својата првобитна состојба на заедница со Бога и бесмртен живот. Но за тоа да се случело требало самиот Тој, Творецот на човечкиот род да се симне, да живее како човек и да плати за нашиот грев(бидејќи преку Адам гревот се пренесе на сите луѓе, а преку Христа благодатта(милоста)се пренесе пак на сите луѓе).Но со тоа делото на спасение не завршило. Сега требало повторно да стапи на сцена човечката слободна волјат.е.да се одлучи секој поединец за или против Христа, да ја прифати или отфрли Христовата понудена жртва. Токму затоа е продолжено времето на милоста после Христовата смрт и ѓаволот не е веднаш уништен туку оставен да ги мами луѓето, да предизвикува болка, страдања и смрт кај нив. Но на небото веќе немал пристап бидејќи цело небо и неговите жители(библијата кажува дека има живот и на другите планети како и дека постојат небесни суштества т.е.Ангели кои му останале верни на Бога т.е.не се побуниле заедно со ѓаволот иако тој успеал да прелаже третина од нив) се осведочиле во злата природа на ѓаволот и неговите лажни обвинувања за Бога дека е суров, дека е тиранин, и дека неговиот закон е закон на присила, а не на њубов. Христос со својот карактер докажал дека може и своите непријатели да ги сака, па и додека умирал на крстот, но исто така докажал дека божјиот закон или десетте божји заповеди се непроменливи бидејќи тој не погрешил ни еднаш, па дури и по цена на неговата смрт. Со тоа ни обезбедил две работи:прво:Можност Бог да ни биде милостив и да ни прости за старите гревови и второ:сила да живееме како Него т.е. безгрешно, сила да ги држиме десетте заповеди како израз на Божјето царство во кое ќе живеат спасените. Но сите нема да ја примат спасоносната божја милост излеана преку Христа на луѓето на овој свет. Многумина и покрај се што небото дало за нив доброволно ќе ја одбијат понудената рака и ќе се самоосудат на смрт.Жалосно но вистинито. Но Христос не останал во гробот, Тој воскреснал и се вознел на небсата од каде ќе дојде повторно за да го заврши делото кое го отпочнал, да го спаси она што е за спасување т.е.сите оние кои го прифатиле како свој спасител се покајале и оправдале со неговата жртва и тргнале да живеат нов живот без грев(гревот е кршење на 10 теБожји заповеди). Во друг случај, доколку Бог не интервенира,никој не би останал, т.е. човекот ќе се самоуништи со сите овие наоружувања кои ги има во последната битка т.е.Армагедон, но Бог милостиво ќе го ззаштити и спаси својот народ од целосната апокалипса која ќе му се случи на овој свет. Заедно со живите ќе бидат спасени и воскреснатите мртви праведници како што е цитирано погоре во 1.Солунјаните послание од апостолот Павле.Ете тоа е накратко за првото твое прашање.
Второто прашање, Библијата кажува дека сите луѓе се по природа грешни,освен стекнат носат и наследен грев.Нормално има разлика од поединец до поединец но во суштина нема човек кој никогаш не погрешил, не излажал или не помислил нешто лошо(бидејќи гревот се раѓа во мислите).Единствено Исус Христос живеел и умрел без грев.
Третото си во право, човештвото место да оди нагоре, т.е.да се развива во морален и секаков правец оди надолу, кон самоуништување и тоа му е на Бога јасно.Но сеуште постојат луѓе кои го бараат, се прашуваат зошто сево ова се случува и тие сакаат да бидат спасени од неминовното самоуништување на оваа планета.Затоа Исус е сеуште трпелив и му дава шанса на секого да слушне за него и да го прифати неговото спасение. И да, науката и технологијата одат напред, но и тоа е исполнување на едно пророштво од Библијата кое кажува дека пред крај „Знаењето ќе се умножи“.И навистина она што е постигнато во тие правци(наука, технологија)во последните два, три века, не се постигнало т.е.било статус кво, милениуми наназад.Само еден пример: луѓето војувале со мечеви и копја со векови, од вавилон, па Персија, па Александар Македонски,па Римската империја тоа се можда четири илјади години, за да само за сто или двеста години наоружувањето да достигне до атомски бомби кои можат за час да го уништат светот. Но тоа е, кога ја читаме Библијата,уште еден од знаците за последното време,т.е.за второто Христово доаѓање.
Прекрасно...Ти благодарам многу за одговорот:)
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.265
Поени од реакции
10.169
Џабе се радуваш. Не ќе живееш уште 2000 години...
Паланчанац, каде виде радост душичко?
Јас навистина изразив благодарност за одвоеното време на Филип за да ми одговори толку убаво и едноставно.
:sakasuste:
 
H

Hyperion VI

Гостин
@filip007 Брат темава замре,лупнете малце и вие поагресивно,се создава дисбаланс.
Што ако окултистите ве исмеваат,клеветат и дискредитираат.
Дури и да ве каменуваат задача на секој христијанин е да го проповеда словото Божјо.
Можеби многу луѓе немаат слушнато за "Раптура-та",па мене би ми било мило оваа тема да опстои.
 
Член од
6 април 2017
Мислења
333
Поени од реакции
447
@filip007 Брат темава замре,лупнете малце и вие поагресивно,се создава дисбаланс.
Што ако окултистите ве исмеваат,клеветат и дискредитираат.
Дури и да ве каменуваат задача на секој христијанин е да го проповеда словото Божјо.
Можеби многу луѓе немаат слушнато за "Раптура-та",па мене би ми било мило оваа тема да опстои.
Ostavam na vas da projavite vera vo pogorekazanoto.No i konfrontacii ne se dobri pred Boga!Ke se kaze nesto sto ne treba za koe ke se kaeme posle.Vo sekoj slucaj falati za dobrata, herojska zelba da prodolzi ovaa diskusija.Pa bi bilo dobro ti da ni kazes sto mislis za ovaa tema, pokonkretno za vtoroto Hristovo doaganje?Pozdrav.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Според евангелијата луѓето на кои им се обраќа Исус нема да умрат додека не се случи второто враќање, што значи или денес има луѓе што се 2000 + години стари или ништо од тоа не е точно:
Screenshot_20201217-134642_Chrome.jpg
Screenshot_20201217-133937_Chrome.jpg
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Според евангелијата луѓето на кои им се обраќа Исус нема да умрат додека не се случи второто враќање, што значи или денес има луѓе што се 2000 + години стари или ништо од тоа не е точно:
Прегледај го приврзокот 277360
Прегледај го приврзокот 277361
Во Книгата на Законот пишува:
„From gold forge steel!"
Ете, знаеме дека од злато не може да се направи сребро дека се различни елементи, значи не е точно тоа хехе.
Толкуваме буквално кога ни одговара, а преносно кога не ни одговара? :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.125
Поени од реакции
83.733
@filip007 Брат темава замре,лупнете малце и вие поагресивно,се создава дисбаланс.
Што ако окултистите ве исмеваат,клеветат и дискредитираат.
Дури и да ве каменуваат задача на секој христијанин е да го проповеда словото Божјо.
Можеби многу луѓе немаат слушнато за "Раптура-та",па мене би ми било мило оваа тема да опстои.
Така е, ја увек у било кое друштво сум истакнувал (ако дојде муабет за тоа) дека верувам оти Господ Бог Исус Христос е мој личен спасител. Секој може како сака да мисли за мене и ја немам проблем со тоа.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Според евангелијата луѓето на кои им се обраќа Исус нема да умрат додека не се случи второто враќање, што значи или денес има луѓе што се 2000 + години стари или ништо од тоа не е точно:
Прегледај го приврзокот 277360
Прегледај го приврзокот 277361
Ипси мислев дека апсолвирафме симболизам... ама те сффаќам, Ф.. д рест, Кроули из д бест!
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Нели пророк им беше? Ајван Ајваз да... ко ја оффчаро !
Многу е јако кога веруеш у натприродно битие ајван кое му дава пораки на твојот пророк за да пише света книга, а им бараш докази на христијаните за некои недокажливи тврдења, со цел да ги побиеш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom