Дали Исус Христос ќе дојде по втор пат?

Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.486
Има интересна серија на Нетфликс, Месија.. интересен концепт... новиот месија зборува во името на сите религии... али ја прекинаа после прва сезона. :)

Интересно како тоа го направиле црномањест и покрај тоа што Евреите не се Арапи.
Инаку да, еден е Господ или Алах, еден е универзумот, ние само луѓето, имаме повеќе интерпретации за него.
 
Последно уредено:
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Интересно како тоа го направиле црномањест и покрај тоа што Евреите не се Арапи.
Инаку да, еден е Господ или Алах, еден е универзумот, ние само луѓето, имаме повеќе интерпретации за него.
Во серијата он е од мешан брак, татко муслиман мајка еврејка ( или обратно беше), живеел и во двете култури, интересно во концептот е што на муслиманите им се обраќа на нивниот јазик со куранот и допира до нив, на христијаните со библијата и допира до нив, но самиот не алудира дека има вера.

Серијата цело време алудира и на двете можности, или е екстремно вешт манипулатор, лидер на нова терористичка ќелија, или е навистина месија, пробува да проблематизира второ доаѓање во денешно време кога скепсата е баш голема, и потребата од правење чуда како начин да инстантно некој стане биливер.

Но и чудата што ги прави се дискутабилни, многу илузионисти пример оделе на вода, па дали е само дел од неговата манипулација или автентично чудо.
Интересен концепт, некој веќе начна.. дали е антихрист или месија...
 
Последно уредено:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Има интересна серија на Нетфликс, Месија.. интересен концепт... новиот месија зборува во името на сите религии... али ја прекинаа после прва сезона. :)
Штета, многу добро сериалче.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
По второто Христово доаѓање ќе им се суди на луѓето.

Дали ќе има некоја категорија што ќе остане да живее на Земјата,
а не се достојни ни за во Царството Небесно,ниту за "Втора смрт"?

Исто така овој Антихристот не ми е јасно дали е човек или духовно битие?

@filip007 @liberij
Со Второто доаѓање, Христос ќе биде Судијата, и ќе одреди точно кој се определил за живот со Бог, а кој не.

Земјата и сето создание, ќе биде преобразена за вечност, нераспадливост, „Новиот Еруслалим“, за оние кои не сакаат да живеат заедно со Бог, Он им определил “место“(во наводници бидејќи, практично не постои место надвор од Бог, но секако доволно оддалечено во зависнот од слободната определба на човекот), кое ќе биде нивно пребивалиште, начин на постоење за кое слободно се одлучиле...

За Антихристот веќе пишував дека е конкретна личност, со потекло од Дановото племе, човек кој е опишан во Библиското пророштво во конкретен историски настан, но воедно е синоним за многу досега “Антихристи“, како Хитлер, Наполеон..., разни злосторници, како и секој еден од нас, како потенцијални Антихристоси, т.е. оние кои го негираат Христос.

За нас Христијаните, Антихристот е маргинална личност нешто релативно, небитно, наместо да се занимаваме со тоа кој е, што е..., Антихрист, наша перцепција и живот е Христос, како да го креираме искуството на Вечноста, уште сега и овде, продолжено со Второто доаѓање на Исус, МАРАН АТА! :) :love:
Автоматски споено мислење:

Ако мислите дека ќе дојде, чекајте го. Кој чека ќе дочека. Или ќе се начека.
Што се однесува до библијата, сакате да ја прикажете како поезија. Хммм!
Но не добив одговор како може еднаш да бидат создадени машко и женско, друг пат само машко. Не добив одговор како можат безмалку цела година под вода да опстанат сувоземните растенија. Не добив одговор колку и каква храна имало за месојадните животни во коработ, оти немало замрзнувачи, а мора да се признае дека за една година било која храна начисто ќе се распадне. Не добив одговор колку вода е потребна за потопот и каде можела да се повлече таа вода.
Не добив многу одговори, а нема ни да ги добијам, нема логични одговори.
Вака поставено, а и ти како што си поставен никогаш нема да ги добиеш, по проштвото на Исаија....

Еднставно не можеш да укапираш, она што ти објаснувам цело време дека, се соочуваш со димензија која е надлогична, надрационална..., која се поима со другите потенцијали што ти се дадени, што ги имаш, а не ги користиш. :)
 
Последно уредено:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Со Второто доаѓање, Христос ќе биде Судијата, и ќе одреди точно кој се определил за живот со Бог, а кој не.

Земјата и сето создание, ќе биде преобразена за вечност, нераспадливост, „Новиот Еруслалим“, за оние кои не сакаат да живеат заедно со Бог, Он им определил “место“(во наводници бидејќи, практично не постои место надвор од Бог, но секако доволно оддалечено во зависнот од слободната определба на човекот), кое ќе биде нивно пребивалиште, начин на постоење за кое слободно се одлучиле...

За Антихристот веќе пишував дека е конкретна личност, со потекло од Дановото племе, човек кој е опишан во Библиското пророштво во конкретен историски настан, но воедно е синоним за многу досега “Антихристи“, како Хитлер, Наполеон..., разни злосторници, како и секој еден од нас, како потенцијални Антихристоси, т.е. оние кои го негираат Христос.

За нас Христијаните, Антихристот е маргинална личност нешто релативно, небитно, наместо да се занимаваме со тоа кој е, што е..., Антихрист, наша перцепција и живот е Христос, како да го креираме искуството на Вечноста, уште сега и овде, продолжено со Второто доаѓање на Исус, МАРАН АТА! :) :love:
Автоматски споено мислење:

Вака поставено, а и ти како што си поставен никогаш нема да ги добиеш, по проштвото на Исаија....

Еднставно не можеш да укапираш, она што ти објаснувам цело време дека, се соочуваш со димензија која е надлогична, надрационална..., која се поима со другите потенцијали што ти се дадени, што ги имаш, а не ги користиш. :)
Пази на она: И последниот ќе биде прв и првиот последен....не се срами да прашаш мало дете од 7 год. за влез во царството божје.
Од сите гревови што постојат најголем е тој поврзан околу желбата за влегување во божјо царство, затоа што така може најголема штета сам на себе да си направиш. А најголем грев правиш кога сам на себе штета си правиш.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Пази на она: И последниот ќе биде прв и првиот последен....не се срами да прашаш мало дете од 7 год. за влез во царството божје.
Од сите гревови што постојат најголем е тој поврзан околу желбата за влегување во божјо царство, затоа што така може најголема штета сам на себе да си направиш. А најголем грев правиш кога сам на себе штета си правиш.
Исус, за пророкот Јован вели, дека е најголем од пророците, но во Царството Божјо ќе биде најмал..., бидејќи ќе владее Љубовта, ако размислиме искрено, најголем слуга е Господ, бидејќи не држи во постоење, ни дава живот, постојано ни е во сервис..., но бдејќи сеуште не сме се ослободиле т.е. не знаеме да ја користиме слободата што ни е дадена, не сме свесни за Љубовта Божја. :love:
 
Член од
6 април 2017
Мислења
333
Поени од реакции
447
По второто Христово доаѓање ќе им се суди на луѓето.

Дали ќе има некоја категорија што ќе остане да живее на Земјата,
а не се достојни ни за во Царството Небесно,ниту за "Втора смрт"?

Исто така овој Антихристот не ми е јасно дали е човек или духовно битие?

@filip007 @liberij
Нема да има таква категорија тогаш, меѓутоа сега има се додека трае времето на милоста има време за престројување и покајание, кога ќе заврши тоа време нема да постои веќе таква можност.
Автоматски споено мислење:

Интересно како тоа го направиле црномањест и покрај тоа што Евреите не се Арапи.
Инаку да, еден е Господ или Алах, еден е универзумот, ние само луѓето, имаме повеќе интерпретации за него.
Исус (вистинскиот Христос) умрел за сите луѓе. Поделбата на религии е човечко, а не божје дело.Сепак Исус не предупредил да се чуваме од лажни месии и христоси.
Оти ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат големи знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, избраните. Ете, однапред ви кажав. И така, ако ви речат: ‚Ете, во пустината е Он‘ – не излегувајте; ‚Ете, во тајната соба е‘ – не верувајте! Зашто, како молњата што излегува од исток и се гледа дури до запад, така ќе биде доаѓањето на Синот Човечки.
Матеј 24:24‭-‬27 MK1990
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Исус (вистинскиот Христос) умрел за сите луѓе.
Зошто целата драма не ми било никад јасно. Зошто глумење лудило?
Многу лесно е да ги увидиш глупостите во светов на еден прост принцип, а тој е да видиш дали нешто кога е кажано има човечка перспектива у значењето на зборовите.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Наполеон антихрист? Озбилно го спомна него пред Сталин или Мао?
Само за илустрација, тоа се однесува на нивните дела, како и за оние што ти ги надоврза и многу други примери, немам лично ништо против, напротив, сигурен сум из нив Господ има ,,хепи енд" во Вечноста. Тоа е моја теологумена:)
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440

А, конкретно Наполеон зошто? Океј, да, тогаш имало таков сентимент, ама не вршел геноцид или нешто слично колку што знам, плус и направил правна реформа.
 
Член од
6 април 2017
Мислења
333
Поени од реакции
447
Поимот Антихрист не означува некој кој е против Христа, туку некој кој е негов Антитип, т.е.некој кој го имитира и го зазема неговото место.
Автоматски споено мислење:

Пиша генетски докази, чекам генетски извештај во пдф со сите салтанати.
Y hromozomot e dokaz deka covestvoto vodi poteklo od eden Maz(pratatko).Preslusaj go videoto sto nekade na forumov go prikaciv.Inaku dokazi za potekloto na covekot i na zivotot od eden Tvorec koj go sozdal na natpriroden nacin imam kolku sto i ti imas(so site saltanati)deka nastanal od majmun,a majmunot od crv i.tn.Naukata (koja inaku vo mnogu nesta e vo pravo) ne moze da go objasni potekloto na zivotot od dve pricini: prvata sto ne go prifaka natprirodnoto vo toj proces(sekogas bara prirodna pricinsko posledicna vrska) i vtorata e taa sto ne prifaka promeni na prirodnite zakoni koi vladeele porano i koi vladeat sega.Za zal toa naukata ja pravi ogranicena i poluslepa.
 
Последно уредено:
Член од
7 март 2009
Мислења
1.161
Поени од реакции
820
А, конкретно Наполеон зошто? Океј, да, тогаш имало таков сентимент, ама не вршел геноцид или нешто слично колку што знам, плус и направил правна реформа.
А колку семејства разрушил поради глупавите војни кои ги водел?!? Колку дечиња останале без своите татковци? Наполеон како воен криминалец е крив за ова
 
H

Hyperion VI

Гостин
1.Почитувајте ја државната власт. Секоја власт произлегува од Бога, па и државната власт е воспоставена од Бог.
2 Оној што се противи на институцијата државна власт, се противи на уредба воспоставена од Бог и ќе биде казнет.
(Римјаните 13:1-2)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom