Стравот, како и се друго инсталирано од природата си има своја функција, претераниот мутиран, когнитивно побуден страв носиво дисфункција, фобии и растројства. Се слагам дека може да биде јак мотиватор, но најчесто резултира со опсесивно мислење на негативно сценарио и се создава јак луп на мисла и емоција.
Медитацијата дефинитивно помага да се прекине тој луп, самата цел мислам дека е токму тоа, помага да се намали нагонот за преживување кој е всушност главниот мотиватор на стравот. Лично мислам дека е фластер, апче кое треба да се зема како терапија секојдневно, бидејќи после некое време лупот на опсесивни мисли пак се појавува. Можеби некој медитатор би го објаснил многу подобро и поточно. Во христијанството мислам дека има иста пракса, тихување.
Во тој контекст постојат и други пракси кои овозможуваат прекин на тој луп, креативци влегуваат ин д зоун, спортисти исто така, а најпогодна е можеби анализа на планинар кој се искачува на болдер без заштитна опрема, неговиот мозок мора да се стави во ултра фокус на секое движење, ја перцепира секоја нерамнина на карпата, и да сака не може да мисли на кредитите, што со короната. На еден начин е хак користење на нагонот за преживување во фукција на прекин на лупот. Состојбата која ја пријавуваат некои ја нарекуваат и како духовно искуство. Оттука многу стануваат зависни од тие активности, чувствуваат вистинска слобода, секако е поврзано со лачење на хормони.
Генерално, ОСД, ПТСД, биполар, депресија, теоретски се причинети од неадекватен баланс на нагон, емоција и мисла. Додека медицината смета дека пример биполарноста мора да се третира со лекови бидејќи е хемиски дисбаланс на мозокот, некои духовни пракси помагаат со зреење на емоцијата и со тоа надминување на состојбата, наоѓање на балансот. Мајнд овер метр или метр овер мајнд, мое лично мислење е дека и двете спреги функционираат.
Позитивниот аспект и директна физичка манифестација за сега го лоцирам во пласибото.