Да. Последно кога бев болна од грип беше крајот на месец јануари. Многу тешко поминав, ако верувате ги имав апсолутно сите симптоми на корона вирус. Едвај после три недели закрепнав и после тоа не можев нормално да функционирам. Бев многу уморна и тешко ми беше секојдневните обврски да ги извршувам. Се плашам да се вакцинирам за грип зашто матичниот ми рече дека за бебето не е препорачливо зашто сепак вакцината е вештачка, а и кај нас колку се во ред вакцините не знам. Со коронава дополнителен страв ми е. Дали некоја трудница се има вакцинирано или дали познавате некоја таква?
... дискутабилно од каков „грип“ си била болна во јануари да не се навратиме на тоа, мое мислење дека сега не би требало да ја примиш ова вакцина против сезонски грип, од повеќе причини, барем не зи назначила (немаш ризична бременост, не ти е прва бременост и малку е касно да ја примиш, требаше барем на крај на октомври, а несакана појава како покачена температура, грозница, главоболка што баш сега не би биле потребни, а можат да се појават од вакцината), искуствата на други трудници се индивидуални и не можеш да се базираш на нив дали тоа да ти бидат репер за твое вакцинирање!
Здраво, вака имам од време на време болка во десниот бубрег.Краткотрајна е едно 4-5 секунди, а после тоа имам ме е болка ама непријатно чувство во долниот дел од половината.Сега со оглед на ситуацијата не одам на доктор бидејќи ми е страв да не закачам нешто друго.
Чичко ми, ми донесе Мечкино грозје и ми рече топчето што е внатре во цветот, 3 такви да ги сварам да се изладат и така три дена да пијам и дека ако има камења ќе ги стопи и ќе исфрлам и песок ако имам и камења.
Е сега мене прашањево ми е дали е точно дека ќе ги стопи или само ќе почнам да ги исфрлам без да ги стопи и дали некој имал вакво искувство со чајов?
... какво топче, каков цвет, лековитоста на мечкино грозје се наоѓа во листот или ти не си разбрал добро или чичко ти нешто се збунил,
за да знаеш дали можеш да го намалиш и исфрлиш каменот од бубрег треба да го знаеш неговиот состав, од анализа од некое претходно зрно камче што може си го исфрлил, па да го анализираш, вака само напамет, има камења според составот што се „ронат“ се намалуваат, а другите само со ласерско кршење и ништо друго...
... членот убаво ти кажа да се дијагностицира каменот, но доколку ете не можеш сега, доволно три дена ете да пиеш увин гранули (една лажичка во чаша вода) составот е токму мечкино грозје, коњско опавче, бреза и друго, кои се даваат при разни инфекции на урогениталниот тракт, па и таа „сенка“ што ја имаш од каменот на бубрег, ќе се смират!
инаку, не се пие сок или било што кисело со увин или со брусница најмалку 4 ч разлика во пиење, оти нема увин да делува во кисела средина, напротив претходно може малку растворена сода бикарбона да се испие како алкална средина на урината со што максимално ќе делува овие лековити супстанции на увин гранули!