Добро да, сеа според новите учебници и новата историја Каракачанова така е.
Според вистината, која ни ја премолчуваа, така е.
Бугарските единици учествувале во ослободувањето на Скопје (и во други судири со Германците), а потоа не влегле во градот, по договор со партизаните.
Учеството на Бугарската народна армија во ослободувањето на Македонија
На
18 септември 1944 година бугарската војска се потчинила на командантот на III-ти Украински фронт на чело со маршал
Фјодор Толбухин. Мобилизирањето на бугарската армија (преименувана во Бугарска народна армија) започнало на 18 септември, а завршило кон крајот на истиот месец. Пред бугарската армија, како дел од силите на советскиот III-ти Украински фронт, се поставила задачата да го обезбедува левото крило на Црвената армија, да ги притисне германските сили во Србија и Вардарска Македонија и да го прекине патот за повлекување на германските армии од Грција по долините на реките Морава, Вардар и Ибар.
[3][4] Бугарската воена група била во јачина од 10 дивизии, 8 бригади и други војничкиот сили, кои се состоеле од околу 340,000 души.
[5]
Од 8 до 14 октомври 1944 година бугарските војски со согласност на Националниот комитет за ослободување на Југославија,
Президиумот на АСНОМ и
Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија учествуваат во
Нишката операција - во која била поразена VII СС дивизија, а градот
Ниш бил ослободен. Од 8 октомври до 19 ноември во бугарските сили учествувале во
Страцинско-кумановската операција - кога биле ослободени Страцин, Куманово и Скопје. Во исто време се водела и Брегалничко-струмичката операција, и како резултат на неа биле ослободени Делчево, Кочани, Штип, Струмица, Велес и други населби.
Од 21 октомври до 30 ноември се одржала Косовската операција, во текот на која биле ослободени градовите Подуево, Приштина, Косовска Митровица, Рашко и Нови пазар. Насекаде македонските и југословенските партизани соработувале со Бугарската народна армија, но со тешкотии и недоволно разбирање.
[6].
Под притисок на македонските политички водачи и нивните југословенски сојузници по ослободувањето на Вардарска Македонија и Поморавјето, Втората и Четвртата армија се принудени да се повлечат назад во Бугарија, а само Првата бугарска армија била оставена на располагање на Третиот украински фронт и продолжила кон Белград.
mk.wikipedia.org