Абе друже тебе како ти одговара, не само ибица туку сите коли од таа класа немаат многу место внатре и во багажник. Друго ако си 1,75 метри висок ваљда таман ќе ти биде во било која, особено ако немаш деца, не ти треба простор во колата, итн.
Друга работа е ако си 1.89 со 100+ кила..
Исто ако планираш да возиш подолги релации и надвор од град, барај поголема кола, чисто ради удобност, не е исто да извозиш 200 км во матиз или корса и со некоја поголема кола.
Разликите во потрошувачка на отворено не се и толку големи за да се мачиш со мала кола на долг пат, едноставно заморно е, рипаат повеќе на нерамнини, нема стабилност, нема простор внатре, итн.