Не реков дека реинкарнацијата е факт. Ти дадов само метафора за подобро да сфатиш што се обидувам да кажам. Затоа го спомнав и карактерот.
Ние сме навикнати да ги гледаме работите само од надворешната форма на битисување и да им даваме дури пол и на особините, чувствата и емоциите, на внатрешноста од нас. Пример еднаш еден ми збори дека стравот бил за жени и за гејови, а тој пустиот (наводно хетеро мужиште) од сопствената сенка се плаши.
Она што се обидувам да кажам е дека битисувањето само по себе нема пол или раса. Без разлика дали станува збор за човек, животно, клетка, маж, жена, хермафродит и слично она што важи за сите нив/нас е дека с(м)е Битие.