ελευθερίααπόαλήθεια
Diplomat
- Член од
- 28 декември 2019
- Мислења
- 214
- Поени од реакции
- 466
А кој не почнува со таков аргумент? Моето верување е точно, твоето не е... Ама за тоа се дискусиите, да не останеме со погрешни верувања и глупи аргументи...Абе аргументов ти е како религиски аргументи... Почнуваш со догмата... Мојот бог е вистински, твојот е лажен...
Зошто мислиш дека Брко немал фер избори, а Макрон имал?
Еве ти почнуваш со истите комунистичко-православни тактики, не гледај ѓубрето во мојот двор, гледај оној на комшијата е исто за нигде...
Брко веќе 30 години тепа на избори со просек 80% од гласови на 90% излезеност. Французите за тој период имаа 5 претседатели, и лево-крилести и десно-крилести, и националисти и интернационалисти. Плус тоа што протестирањето им е веќе традиција... Еве ти како националист, среќен ли ќе си со демократијата во Франција ако тепа Марин Ле Пен на следните избори? И сериозно ли споредуваш Франција со Белорусија? Франција која беше највлијателната држава во Европа во поголем дел од историјата на континентот, која беше кралство, империја, 5 републики, револуционерна сила, и сеуште доста иновативна, со дотепана држава како Белорусија, која од окупации, цареви, комунизам, геноциди и фабрики за трактори не видела ништо поарно?
Пробај извади ја тоа вергината од окото кое гледа кон северо-исток, може така ќе го видиш светот пореалистично, без црвено-жолтиот филтер...