C
CoolIris
Гостин
Мила, воопшто не си ти крива што не си дознала за врската. Ниту пак неговата девојка е крива. Повеќе од очигледно е на каков психопат сте налетале и двете.Ве прочитав сите.
Ќе ве замолам да прекинете со претпоставките дека сум сакала да имам секс и сум давала сигнали за секс.
Му возвратив на бакнежот, мал краток бакнеж, вие се немате бакнато на прв дејт? Еднаш се случи тоа, и тој прв ме бакна.
Плус не знаев дека така ќе постапи, не можам да скокнам од автомобил веднаш кога ја свртил колата во друг правец ниту пак да урлам сред возење па не дај боже да се случи да излетаме во провалија.
Мислев дека ќе ме носи дома.
Интроверт сум, извесен период одбивам дејтови поради интровертноста, и може да се случи додека сум излезена да добијам анксиозен напад, но не можев постојано да бидам дома, еден ден морав да излезам.
Дечково ме допираше по гради, меѓу нозе, и додека го тргав тој се осмели да го извади и да ме моли да го допрам ми ја теглеше раката, за да го сторам тоа.
Тогаш мислев дека ќе експлодирам а од друга страна од нервоза почнав да се смеам зошто типот се однесуваше ко да не видел жена.
Прочитав и коментари за такси. Каде да барам такси кога тој ме однесе речиси надвор од градот? Едвај коли имаше по пат а изгубив компас и не знаев точно каде сме.
Во тој момент се јави другарка ми и и кажав дека за краток рок ќе бидам кај нејзе (тоа ни беше договорот) типот испаничи и престана.
Околу нашиот разговор, типичен муабет, како оди на работа, дали си задоволна, обични ствари.
Не прифатив јас да ме однесе иза богу леџа, тој одлучи, прифатив разговор додека ме возеше само доколку ме врати дома.
Првичниот договор беше во парк, кафе сокче, пиво и грицки, му реков дека е време да заминам дома бидејќи штом го напуштам паркот морам да поминам преку плоштад каде што има многу улични кучиња кои се случувало да нападнат човек.
Човекот многу добро ја криеше врската.
Му била комплицирана, раскинувале, се смирувале.
Не знам колку била сериозна врската, одбивав да слушам детали.
Немам повеќе контакт со него уште од тогаш.
Ми беше мака од една страна затоа што прв пат после долг период успеа со некој да ми лежи разговорот се додека не се случи тоа, имав надеж, ми беше убаво додека разговаравме.
Од друга страна ми беше и за мене и за девојка му, како сме успеале да наседнеме на неговиот шарм, убавина, карактер, доста убаво глумеше, секоја чест.
Се смеев како луда додека сме четувале со часови, ми беше свежина во мојот живот.
Бев доста вознемирена таа вечер, подоцна се правдаше кога го замолив да ми го донесе мобилниот.
Тогаш му кажав што имам и завршивме.
Поминаа речиси 2 недели од тогаш, до пред некој ден ме јадеше вината и мојата наивност како не можев да проценам подобро.
Тој што прави не знам.
Дец ит.
Ви благодарам.
Имаш голема среќа што уште на првиот состанок си се спасила од тој човек. А надеж нема зошто да губиш. Секој човек си е приказна сама за себе. Има добри луѓе во светов. Дај му само на времето време!
И за крај, те молам немој никако да се себеобвинуваш за ништо. Ти не си за ништо крива. Едно лошо искуство, кое може да ти послужи како добра лекција. И знам дека ќе биде така.