И да го дадеш тоа на албанците и на нивната држава? Неколкупати повторувам -нефункционално (не само што е предавство според сите нормални норми пишани и непишани и Устав).
Идејата на Љубчовата вмро беше давање третина (Дебар, Гостивар, Тетово, во замена за некое си блатиште кај Преспа). Дали од Тетово би се преселил во таа долина под Преспа? Што би работел? Како би преживувал?
Понатаму како ќе го делиш Чаир, Север, Љуботен, Чучер, Бутел, Сарај, Патишка Река, Гази Баба, Велешко, Кумановско...Дали сите албанци до еден би ги преселил во "нивниот" крај?...
Не ми се верува дека сеуште се збори за поделба и тоа од македонци.
види, јас не сум тема. Темата е соживот, ...без запирки и кирилица. Според кои мерила и што тоа за тебе ќе биде функционално што сега не е?
Ок види, сум размислувал за сето ова што го збориш. Во тој период кога Љубчо го заговараше ова со Џафери, сеуште не беше потпишан рамковниот договор, а со тоа Албанците беа само малцинство исто како и Турците, Србите, Бошњаците и тн. Доколку се поделеше државата на таков начин, албанците ќе паднеа во процент сигурно за едно 10%, а приливот на Македонци од Албанија, ќе го намалеше бројот дополнително. Исто така имај на ум дека самите Албанци во Македонија тој период го сакаа ова повеќе и од нас, дури и војна почнаа во 2001 за да си ги земат тие територии. Место да се инвестираше во тенкови и војска, можеше да се инвестира во изградба на станови и населби во околината на Скопје за тие Македонци кои би дошле од градовите кои ќе станат странска територија. Квадратурата на становите што би ги добиле овие луѓе би била поголема од становите/куќите што ги имале во Тетово, Гостивар, Дебар и тн, во тој случај Македонците од овие градови лесно би се согласиле да дојдат во Скопје.
Епилогот на ова би бил, подобра етничка слика на Македонија со Албанци околу 10%, останати етнички заедници околу 10%, и Македонци барем 80%. Да, во Македонија сеуште би останале Албанци, меѓутоа, нивниот број би бил премногу мал за да бараат било какви рамковни договори, а уште помалку бинационална држава каква што имаме сега. Од друга страна, таа територија која ние би ја отстапиле, дали ќе си прават они голема Албанија, или некоја Република Илирида, тоа е нивна работа, што сакаат нека прават.
Всушност, Љубчо изјави во едно интервју дека со Џафери се договарале за ова, му кажале на тогашниот Американски амбасадор ама добиле негативен фидбек. Американците не дозволувале прекројување на границите. Можеш да замислиш зошто? Зошто Америка сака да постојат балкански држави со нехомогена етничка структура? Се деси тоа што се деси 2001, Албанците сакаа да си лапнат дел од Македонија, ама кога видоа колку им глуп пленот, сега се предомислија, сега не сакаат само дел, сакаат СЕ!