Vartolu
makoto 誠 chu 忠義
- Член од
- 29 декември 2007
- Мислења
- 15.380
- Поени од реакции
- 6.069
Јас не оправдувам мешање на една држава во друга држава. Но тоа дали јас оправдувам или не, дали се согласувам или не, факт е дека во историјата секогаш помоќните држави се подкусурувале и си терале свои интереси во помалите. Порано било повеќе инфлагранти, ќе те освојат воено и ќе ти ги црпат ресурсите, денеска е помодерно, не те освојуваат физички. Туку економски. Ќе те заборчат, ќе те купат, и ќе ти инсталираат себе подобна власт за да си прават со тебе што сакаат.. Тоа дали јас се согласувам или не, фактот не се променува. Тоа е историски процес, и веројатно и во иднина ќе си биди така.Аха...
ОК е што го малтретираат цел свеt, само да се менуваат кловновите е доволно да се вика демократија... Тоа ли било рецептот за успешна демократија ?
Јас во принцип, мислам дека Македонија требаше оддамна да се навикни успешно да плива во овие текови, и да се постави во ситуација да им стане интересна на светските сили да застанат зад неа. Така можеби ќе сочувавме и име, и се. Само имаме некоја историска клетва, никогаш не знаеме да им брцнеме во око на големите сили...
П.С. Русија не ја измалтретира Украина што и го анектира Крим? Утре еве ако Путин ги оствари заканите дека воено ќе влези во Белорусија, тоа нема да биди мешање во внатрешните работи на Белорусија? Или тоа ќе е `ослободување`, а другово мешање?