Белорусија

Член од
23 мај 2019
Мислења
4.638
Поени од реакции
5.355
Името на имотниот лист е небитно, другарот Тито си ги користел сите автомобили, вили и јахти како свои, додека народот живеел по општествени згради и возел фиќовци.
ДА!
Сега се е сменето, додека господата и другрчињата ги користат сите автомобили-мерцедеси, јахти и друг вид на недвижности, народот талка по контењери, а за општествени згради и фиќовци че го попричека во некој друг живот! :ojeaa:
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.581
Поени од реакции
27.427
А, тоа што и други претседатели ги користеле претседателските бенефиции не го оправдува истото од страна на Тито, дури и го прави полошо, пошто нели социјализам, еднаквост, братство, единство.
Без разлика каков режим е на власт, дали е демократија, дали е царство, социјализам или комунизам... Лидерот на една држава мора да е преставителен, пошто он ја претставува моќта на таа држава.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Името на имотниот лист е небитно, другарот Тито си ги користел сите автомобили, вили и јахти како свои, додека народот живеел по општествени згради и возел фиќовци.
Битно е и тоа пребитно. Сите вили наместо на конто на неговите потомци отидоа на конто на државите. Ден денес државите Ц.Гора и Словенија прават пари на тие вили, со рекламата дека таму престојувал Тито.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.441
Без разлика каков режим е на власт, дали е демократија, дали е царство, социјализам или комунизам... Лидерот на една држава мора да е преставителен, пошто он ја претставува моќта на таа држава.
Плебејски менталитет.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.540
Поени од реакции
43.491
У ова доба и на Тито би му направиле државен удар
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.581
Поени од реакции
27.427
Имаш луѓе што ги гледаат Никола и Зоран на тој начин.
Немам јас проблем да гледам човек богат... Имам проблем да сварам како го стекнал тоа богатство. Јас повеќе проблем, во однос на стекнатото богатство, гледам во Камчев, Мијалков, Штерјо, Панчо, Свето, Трифун и компанија... тоест оние кои ја раскрчмија државата во последните 30 години и стекнаа невидено богатство преку грбот на обичните граѓани ... одколку во моментот во каков државен мерцедес се вози премиерот...
Автоматски споено мислење:

Плебејски менталитет.
Некако премногу арогантен став имаш за термини кои се далеку посубјективни него ли што можеш да кажеш... Баш напротив скоревичите денеска, поготово кај нас, имаат сосема обратен став.

На крају крајева, моеш да го нарекуваш тоа како сакаш, меѓутоа види ги резултатите, Тито бил еден од највлијателните личности на 20 век, а СФРЈ била мост меѓу истокот и западот и надеж за третиот свет. Додека тој премиер што се откажа од платата и живее скромен живот, не ни знам како се вика, ниту пак ми текнува од која држава беше.
 
Последно уредено:
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.899
Поени од реакции
8.883
Имаш луѓе што ги гледаат Никола и Зоран на тој начин.

А, тоа што и други претседатели ги користеле претседателските бенефиции не го оправдува истото од страна на Тито, дури и го прави полошо, пошто нели социјализам, еднаквост, братство, единство.
Мереше температура денеска? Паторот и Мурто во иста реченица со Тито! :facepalm: :facepalm: :facepalm:
Курле, да има можност да седнат на една маса тројцата, овие двајцава идиоти ќе се степаа кој да му го испуши! До толку се далеку од него!
Автоматски споено мислење:

У ова доба и на Тито би му направиле државен удар
Мислиш, би пробале!
Автоматски споено мислење:

Додека тој премиер што се откажа од платата и живее скромен живот, не ни знам како се вика, ниту пак ми текнува од која држава беше.
Мислиш Мухика! Претседател беше!
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.581
Поени од реакции
27.427
Мислиш Мухика! Претседател беше!
Во историјата, повеќе јас имам шанса да бидам запамтен по нешто позитивно одколку он. Кловн на власт, кој глуми скромност ... Наместо да земе да сработи нешто, ги учи луѓето да бидат сиромашни.
 

Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.380
Поени од реакции
6.084
Од една страна `патриоти`, борци за Македонија, против северџанија итн..Од друга страна, дупеувлакачи на Титоизмот кој испрати неброени македонци на голи оток, поради тоа што беа, патриоти Македонци...Убила ме туџа срамота, појео ме туџи блам....љољ
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.441
Некако премногу арогантен став имаш за термини кои се далеку посубјективни него ли што можеш да кажеш... Баш напротив скоревичите денеска, поготово кај нас, имаат сосема обратен став.

На крају крајева, моеш да го нарекуваш тоа како сакаш, меѓутоа види ги резултатите, Тито бил еден од највлијателните личности на 20 век, а СФРЈ била мост меѓу истокот и западот и надеж за третиот свет. Додека тој премиер што се откажа од платата и живее скромен живот, не ни знам како се вика, ниту пак ми текнува од која држава беше.
Во историјата, повеќе јас имам шанса да бидам запамтен по нешто позитивно одколку он. Кловн на власт, кој глуми скромност ... Наместо да земе да сработи нешто, ги учи луѓето да бидат сиромашни.
Како мене ми помага тоа што мојот претседател проектира моќ со својата појава, имот или возен парк? Арогантно е да не идолизирам политичари и водачи и да сакам да бидат нормални луѓе, а не богови?

Ваљда и Холанѓаните се сиромашни чим возат точаци место коли, нели? Глупаци сиромашни.

Мереше температура денеска? Паторот и Мурто во иста реченица со Тито! :facepalm: :facepalm: :facepalm:
Курле, да има можност да седнат на една маса тројцата, овие двајцава идиоти ќе се степаа кој да му го испуши! До толку се далеку од него!
Па може и Путин и Александрија Окасио и многу други да улетаат во муабетот, не се само тие. Доказ е еве и твоето идолизирање на другарот.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.927
Поени од реакции
37.013
Никој не рече дека станал Тито, туку само го коментирав твојот „доказ“ „Чоек, 30 години е на власт во земја со државни фирми...“ со констатацијата дека и Тито беше на истата позиција како Лукашенко, а сепак на крај испадна дека нема ништо... Дури и личните поклони што ги добиваше одеа на сметка на државата.
Автоматски споено мислење:


Има многу индикации дека е обид за преврат, без разлика дали го прави исток или запад... преврат што најверојатно го организираат олигархиите на твоите „напредни“ демократии.. Каде што на власт има кловнови кои можеш да ги смениш... Еве ќе им дадеме име, Монти Пајтон демократии, највеќе им одговара.
Автоматски споено мислење:


Што се менува на избори освен кловновите ?? Каква е разликата помеѓу 2 партии на власт да речеме во Шведска?
што добивал и како добивал тоа не знам. Обично после падот на секој таков лик се наоѓаат златни шољи во тоалетот, слики вредни милиони евра и слично.

Разликата е што во Шведска ти имаш избор. Тука немаш. И ако не ти се свиѓаат двете главни партии ете ги имаш Sweden Democrats и уште неколку други.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.899
Поени од реакции
8.883
Како мене ми помага тоа што мојот претседател проектира моќ со својата појава, имот или возен парк? Арогантно е да не идолизирам политичари и водачи и да сакам да бидат нормални луѓе, а не богови?

Ваљда и Холанѓаните се сиромашни чим возат точаци место коли, нели? Глупаци сиромашни.


Па може и Путин и Александрија Окасио и многу други да улетаат во муабетот, не се само тие. Доказ е еве и твоето идолизирање на другарот.
Како сакаш наречи го, јас ги живеев и фала богу ги живеам тројцата, па и четвртиот што го спомнумаш во сликата! Не го идеализирам јас, сам си ја има заслужено позицијата!
А кој лик бил говори и фактот дека има запалено пура во Белата куќа :D , мене пилиштар од 23 години во странство возрасни луѓе ми имаат станувано и ослободувано место во ресторан, само поради фактот што сум од држава каде Тито е претседател.
Твоиве курто и мурто, за разлика од него, чекаат ред кога ќе ги тресат чаршафите од заедничкиот доручек во Вашингтон, па и под прозор не ги пуштаат! Е до таму е спадната оваа држава, народот во неа и нејзиното водство. И ние најдовме на Белорусија гачки да и кажуваме, место да се покриеме од срам и 100 години да не излегуваме на видело!
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.927
Поени од реакции
37.013
Точно, може да се најдат 10.000 до 20.000 или па нека бидат и 50.000 луѓе за да бидат индоктринирани со некаква кауза, и не е баш лесно да се достигне бројка од над 100.000 луѓе кои ќе излезат на протести, но не е баш иста ситуацијата - кај нас плавите жолтици едвај собраа тестиси за да се појават на протести заедно со шареноликите идиоти, додека во Белорусија нивната слободарска и демократска хероина ги охрабрува корисните идиоти од Литванија, односно надвор од државата.

Абрахам Линколн убаво има кажано:

Некои луѓе можеш да ги правиш будали цело време,
сите луѓе можеш да ги правиш будали некое време,
но не можеш сите луѓе да ги правиш будали цело време.

Затоа не се секирај, можеби имало некоја искра која придонела за да излезат над 100.000 народ на протести во Белорусија, но тоа е само привремен ефект. Белорусите можеби не се најинтелигентен народ во источна Европа, но сепак се доволно паметни за да знаат што им следува на обичните смртници во државите во кои се одигрува арапското/украинското де-еволуционерно сценарио - ја соборуваат владата и за возврат си добиваат прст во уста. На крајот на краиштата, Украина им е прв сосед, исто како и Русија, знаат што ги чека доколку ја соборат владата во корист на некој кој ги охрабрува да продолжат со протести од надвор, особено од Литванија.

Примерот за Венецуела ти го дадов бидејќи Венецуелците навистина имаат тешки и сериозни проблеми, гладот кој го живеат со години од поодамна го нарекоа Мадуро диета - во чест на нивниот социјалистички идиот на власт Николас Мадуро, кој некако не делува како да ја практикува Мадуро диетата, не гледам да му се намалило чкембето. Од држава со најголеми резерви на нафта во светот станаа држава која чека увоз на нафта од Русија, Иран и Кина, бидејќи и тие рафинерии кои ги имаат не знаат како да ги менаџираат и одржуваат откако ги национализираа. Социјалистички менаџер може да биде или добар социјалист или добар менаџер, исто како што и капиталистички менаџер може да биде или добар капиталист или добар менаџер, ретка комбинација е да се биде и добар социјалист/капиталист и добар менаџер истовремено.

За волја на вистината, Венецуелците важат за еден од најглупавите народи во Јужна Америка, но историјата вели дека револуцијата секогаш ја движат празните стомаци, а во Венецуела ги имаш празни стомаци колку ти душа сака, ама сепак еве ги социјалистите и понатаму на власт. Дали бидејќи не сакаат да го изгубат и она малку што го добија од социјализмот како социјални станови и социјална помош - за кои можеа само да сонуваат пред доаѓањето на покојниот Хуго Чавез на власт во Венецуела - или се само глупави, не знам, но од некоја причина не се организираат на масовни протести и немири за да ги симнат социјалистите од власт.

Белорусите имаат проблеми исто како и било која друга држава во источна Европа и во светот, но не е доволно само да излезат над 100.000 народ на масовни протести и немири, потребни се план и организација за возобновување на економијата и политичкиот систем откако ќе ја сменат владејачката структура, а не само "оди си" или "нема правда = нема мир".



Па не се баш докази, но можат да се наречат индиции, најави за санкции кон држава која ништо не им згрешила и која не претставува никаква закана, делува како обид за вмешување во внатрешната политичка состојба на таа држава, слично како што Југославија ниту му згреши нешто на НАТО, ниту претставуваше било каква закана за НАТО, ама сепак ја бомбардираа.



Зависи од тоа кои му се пријатели и сојузници, исламистичките ѓубриња на власт во Саудиска Арабија не делуваат како да им е тешко. Убиваат новинари во сопствени дипломатски претставништва и ги сечат на парчиња како стока, целиот свет ги разоткрива, ама ниту с од санкции или било какви казни за сторителите. Во меѓувреме Доналд Трамп си тера бизнис со истите тие исламистички ѓубриња од луѓе вреден над 300 (ТРИСТОТИНИ) милијарди американски долари во продажба на оружје и муниција.

Во зависност од тоа кои се пријателите и сојузниците на владејачката структура, медиумите можат да ги прикажуваат како рај или пекол на Земјата.
Еве на страна протестите, не разбирам што е наредно. Лукашенко да владее доживотно па после син му па внук му па така натаму, само за да не ги налутат Русите? Да не го менуваат зашто цело време ги држи под закана дека државата ќе отиде во курац ако он не бил на кормилото?

Ја тука во темава колку што разбирам ако има про-демократски или недај Боже проевропски Белоруси, они се платеници и државни непријатели по дефиниција.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.555
Поени од реакции
85.161
У ова доба и на Тито би му направиле државен удар
не
не е он материјал за државен удар
он е материјал за доживотен владететел, без проблем

Вие не ја сфаќате популарноста на Тито меѓу народот.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.540
Поени од реакции
43.491
не
не е он материјал за државен удар
он е материјал за доживотен владететел, без проблем

Вие не ја сфаќате популарноста на Тито меѓу народот.
друго време е ова, менталниот склоп на народот бргу се менува, масовен брејнвош може да се деси и за период од година две со јака пропаганда.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom